Луѓе, работи ли сеуште пицеријата Леонардо во стариот дел во Охрид? На времето пред 20 години имаа најубави пици што сум ги пробал некогаш.
Само во хотелот Два бисери и нигде на др место. Дефинитивно најубав појадок Се уште работи, на истото место и се уште им се убави пиците
Ресторан Св. Софија можеш, веднаш до Црква Св. Софија, во стариот дел на градот. Може е малку поскап ресторан, но е супер.
https://www.novasol.com/ Се надевам дека охридските луксузни имоти за изнајмување во Охрид наскоро ќе ги објават своите огласи преку оваа веб-страница...
Фала. Сакаме апартман на страна, ама ако има нешто комбе/автобус. Оти кажуваат ќе биде паркингот 100 ден/саат и стварно е многу.
Има. Малите автобуси што одат накај плажите и секој бус со Пештани мора да помине преку Елшани. НА секој од авобусите пишува до кај оди.
@Aschenputtel Еве ти број од Галеб, локалниот автобуски превоз во Охрид. Јави се и прашај што те интересира, најдобро, да не нагаѓаме. ☺️
Најмалку ги има автобусите од Галеб, претежно се малите компании како Пупе или Дебрца експрес и не ми текнува како се викаа. Автобусите од Центар до Градиште ги има редовно и релативно често. По турисичка има убаво обележани автобуски станици. Не нагаѓаме, факти се
Галеб се најфреквентни и ги сметаме за локален автобуски превоз. До најголем број села и места одат тие, а кои другите компании не возат таму..Кај плажите таму можеби не вози Галеб, не сум сигурен, ама прашајте си.
Точно, но членката праша за накај Елшани, што би се сметало накај плажите. Затоа и ја посоветував да не се потпира само на Галеб.
Експрес Димакс возат за Елшани, главно таа релација: Охрид - Св. Светан - Метропол - Лагадин - Елшани. Карта од Елшани до Охрид е 60 ден во еден правец и повратна 80 ден.