Заборавив да ти допишам, водата е најубава и најчиста во цел Охрид тука. Каменчиња има како и секаде. За добра плажа ова ви е најдобар избор. Рај е. Ако сте со кола можете и да си шетате до други места за ноќен живот.
Да го посетиш е убаво, на плажата ако ножемтоа плажа да се нарече со ширина 2м еден до друг испозалепени, сместувањето ресторани и маркет поскапо од охрид ако планираш неколку дрна да си таму смести се подоле
@m346 Доста далеку од центар и чаршија, но е вистинско место за одмор на мозокот. Преубави плажи, бистра вода, а и доста туристи доаѓаат тука.. Препорака за сместување во Трпејца, од искуство: Апартмани Стефан — Трпејца. Линк: https://www.booking.com/hotel/mk/ap...eep_landing=1&sb_price_type=total&type=total& Апартманите се нови, од минатата сезона. Поздрав, ти посакувам убав одмор во преубавиот Охрид.
На Охрид колинг има и малолетници. Друго по плаживе на журки, градиште, џангл може. По дискотекиве може ќе те примат ама има многу рации и ризикуваш да плаќаш казна и твојте да ги викаат до охрид да те земат
Kaмен до камен нозе да искршиш, а за змии да не праиме муабет, водата кристално чиста мислиш за пиење е
Видов некоја понуда за летови Белград-Охрид во јули...најдов повратна карта од 100 евра...што е доста прифатлива..ова можеби е интересно за нашите од дијаспората..
Дечки, плажа љубаништа имала некоја, ама не таа во кампот, туку ајде да кажам дива некоја. Можам ли да дојдам до неа? Има ли гужви, убава ли е? Сакам детево да се избања.
Одма до кампот е. По истиот пат се атига само малку пред кампот( нз колку метри) се скршнува лево и излегувате на дивата плажа. Љубаништа е најубава плажа во цел охрид без разлика дали е дивата или камперската. Жолт песок, плитко. Најубаво за со дете