Зависи што сакаш. Unique е како полуксузен и поскап, многу добар во секој случај. Исто задоволни гости има во Тино Св.Стефан, Гранит, Тино, Сити Палас
Вртев во Тино ,прва опција ми беше,рецепционерката ме откачи,ќе се прејавила во гужва била. Ниту ме побара ни ништо. Разбирам се ,бидејќи и јас работев како рецепционерка,но таква неуслужна не сум била,па нема таму ни да одам. Ја одбравме Вила Форест. Фала сепак
На Пазар 3 мислам видов оглас од Апартмани Јоце. Го отворив на booking, 10 од 10 рејтинг имаше, предобри reviews и добра цена. Му пишав на вибер да го прашам дали има слободно за тогаш и тогаш за една особа, и ми пишува за колку ноќевања, за вас или за дечкото? Од каде сте Вие? Да му се одмили на чоек да сака негде сам да отиде да одмори на неколку дена. Уште не ми е јасно како имаше толку добри reviews и тоа пола беа од solo travelers.
Здраво,сместување имам во Рача,ве молам предложете ми плажа до која ќе можам да стигнам пешки и да е поблиску, а да не одам цело време на автопат,или пишете ако знаете како има превоз за на други плажи од Рача.
И уште нешто,дали може пешки да се оди од Рача до стадион Билјанини извори? Дали има како пешачка патека или е само автопат? Не сме биле одамна и не памтам.
Колите обично се оставаат на сред село или од патот десно има паркинзи, до долу не е визможно да се слезе со кола зошто се трсни улици и скали. Во викенд е многу голема гужва, подобро сред недела да одите.
За никаде е водата Се оди пешки блиску е само се симнуваш, посебна патека за пешаци нема, ќе внимаваш повеќе
Плажата е океј ама водата таму е лоша… со години тоа се збори… охриѓани не одат таму на плажа… ако ви е блиску само малку пропешачете сега има патеки, па на 15тина мин ви се канео, лабино, потпеш
Најблиски плажи се Кубалибре, ама не ми е баш за пливање, друга Парк и Голден Бич. Исто во близина се Инекс и Славија
Кажете некое сместување Љубаништа, по можност настрана од гужви и да има паркинг. А во близина на плажа, можда многу барам хаха
Кампот љубаништа, има и бунгалови и приколки и шатори, ама и околу има приватни сместувања неколку што изнајмуваат некој вид на бунгалов. Е сега околу 2ри стандард е гужва.
Па не баш… тој цел дел е загаден ради реките што се влеваат, а патот на охридското езеро води кон струга односно дрим, па натаму влече водата. Како што кажав, охриѓани таму не се капат