Ние сме охриѓани и се капиме таму, а знам и многу други луѓе што одат таму на плажа. Никогаш не се десило да имаме проблем со водата, за разлика од други плажи каде се појавуваат осипи и слично.
Инаку ако на таму влече водата значи во Струга ќе е најзагадена по таа логика и никој не треба таму да се капи. Баш Охрид е настрана од струењето на водата, права линија е од Св.Наум до Струга. Река има на крај од плажата накај Канео, затоа пишав дека е подобро пред Мизо и Магнус.
Препорака за сите што се на одмор во Охрид. Најдобар, најевтин маркет со најуслужливи вработени, најдобар квалитет итн., МАРКЕТ МИСА. Тој ланец маркети има 2 маркета во Охрид и неколку во Струга.
Фала ти за ова. Може само да ми кажеш каде се наоѓаат и кој е поблиску до центарот? Видов дека имаат и готова храна, убава е? И ај коа више прашувам, уште нешто. Дали Лабино и Партизан се убави плажи, кај се поточно и дали може пеш да се оди до нив. Сакам плажа кај што нема многу туристи, да можеш да си ставиш пешкир и да е ок водата. И општо ако сакаш можеш да препорачаш што има да се види, посети во Охрид, настани нешто дали ќе има од кај 13ти до 20ти август. Секогаш кога идам окапувам во Аквариус, Ликвид тие шо се таму и Леонардо и здосадено ми е више, сакам нешто ново, може и понастрана од Центар, кај да се шетне, кај да се апне. Фала уште еднаш и се извинувам на 300 прашања.
@blueeparadise За локации имаш на Гугл Мапс (само напиши Misa на латиница, и ќе ти излезат). Едниот (малку помалечкиот) се наоѓа во населба Видобишта и ако си во Центарот сместен, далеку ќе ти биде. А, другиот, екстра големиот се наоѓа на 10 минути пешки од центарот. Прашај кој било охриѓанец или стружанец, секоја пофалба ќе ја дадат за Миса, нема за што да се пожалат, Миса се долго време успешни и најпазарувани маркети во Охрид, премногу охриѓани пазарат таму. Храната е супер, имам пробано, само, што порано одиш (кон сабајле), тоа потазе ќе бидат јадењата. Ама може и да ти ја затоплат ако е ладничка. Лабино е ,,скриена" плажа..Дива некако...Не ја препорачувам. А, за Партизан, првпат слушам, иако сум охриѓанец. И, да, далеку се од центарот, не се оди пешки. Од 13-ти до кај 20-ти немаш концерти, немаш многу настани. Убави места за јадење со убава храна и не прескапи цени: 1. Irish Pub Five (има и Irish Pub Dublin, да не го помешаш, овој е Five, не Dublin) — се наоѓа во најстрог центар (веднаш до IT Cafe, спроти охридскиот суд). 2. Ако сакаш ресторан подалецку од центар, со прекрасен амбиент (види слики на Фејсбук), тогаш, Ресторан Деспина, само нема многу луѓе, ако сакаш мирно место. Се наоѓа близу до тој помалечкиот Миса во Видобишта. 3. За пици дефинитивно Леонардо, да. 4. За бургери итн. можеш да ги пробаш и Simple Burgers, а и Bro's Burger Station (до кафичот Порта, ќе прашаш, ќе се снајдиш). 5. Супер пекарница ти е Булевар, одма до ИТ Кафе, по таа улицата. Друго ич не ми текнува. Ако ти треба нешто друго, кажи. И, да, заборавив, мирни плажи немаш многу баш во тој период, ама добра ти е Горица 2.
Абе ако, дива плажа и ми треба, сакам раат и не многу луѓе околу мене. На оние попопуларните плажи кај што се оди со комбиња, врие од луѓе и немаш пешкир кај да си ставиш а лежалките се изгор. Партизан ја најдов рандом на гугл мапс, негде после Лабино беше. А колку е пеш Лабино, ако е 20 минути идење, не е проблем, али ако не веројатно има некој превоз? За местава за храна, не е проблем ќе ги најдам на мапс, језда не знам што се случува со мапс во Охрид, ама еднаш го баравме Стокомак и почна да не врти во круг и забегавме по некои улички богу иза леџа, не фати олуја и на крај фативме такси и не однесе. Али еве сега во Миса ќе идам.
Не се потресувај толку Гужвите во Охрид ќе се уште овај викенд Башка концертите на балканскиве ѕвезди поминаа, журките беа крајот на јули и почеток на август
Оваа година има помалку гужви од ланска година. За охриѓаните кои не живеат од угостителство, тоа е супер. Ние си сме научени на помирно, без олку гужви итн.. А, за Лабино, 20-тина минути од центар е пешки. Ако сакаш КАМ да пазариш и во Охрид, океј, ама ако сакаш некои други освен КАМ, Стокомак, Кипер, Тинекс и Рамстор, тогаш оди во МИСА и тоа е тоа.
Може си погодил продолжен викенд дека нели 28 таму или 29ти е празник, иначе нее, посебно пак тој период кога сите се спремаат за школо/факултет, завршуваат одмори
Ам како не, гужвите се околу 2ри август и ништо не се споредува со тој период, смештај нема шанси да се најде преполн капацитет е тогаш, не зборувам на памет зошто сум работела во туризам
Горица 2 годинава е цела со лежалки што ме разочара, на големата плажа нема место пешкир да се стави, затоа малата е без лежалки ама преполна обично