@sino.o.oka 046 260 339. Еве број од ГАЛЕБ, охридски автобуски превозник. Јави се и прашај кога имаш автобуси Охрид-Лескоец. Имаш од центар постојки кај Гимназија (на булевар ,,Туристичка") и кај пекарницата Мартина (исто на бул. ,,Туристичка", прашај некого каде е постојката кај Мартина, ќе ти кажат, сите ја знаат).
Како и секоја година се јавуваат хејтерите. Поскап е Охрид него што беше, исто како што е поскап Скопје. А тоа ни се двата главни туристички центри. Не дека се согласувам со цените, да ве потсетам само дека и ние охриѓани ги плаќаме истите цени. Но ако сакаме Охрид да расте како туристички центар цените се најмалиот проблем, затоа што сепак е ефтин за странските туристи што се повеќе доаѓаат. Поголем проблем е хаосот што настана со сто концерти во неколку дена, а се знае за кого се прават и кој ги прави тие концерти. Сигурно не за странските туристи. Од една страна сакаме Охрид да стане светски туристички центар, а од друга страна сакаме се да остане како што било пред кој знае колку години
Мислат дека на нас охриѓаните премногу евтини ни се цените. Но, навикнати сме на поскап живот преку целата година, во замена за туристички надомест во летната сезона (ова важи за тие што имаат директни приходи од летната сезона). Не знам што да кажам. Не дека е преевтино, ама ни другите градови не се исти како и прошлите години. Инфлацијата од 15-20 % во сите градови делува.
За хотелот со спа: лаки дефинитивно, исто и јуник (кај стафионот големиот хотел) тој е малку поскап, ама и спато е поголемо. за цениве во охрид: стварно не ми е јасно што се трескаат од земја, буквално истите цени се скопје и за кафе и за се, шо би рекле охриѓани само лајна да се јадело. Лабино е една од најубавите диви плажи во Охрид, целото детство ми е таму. Со природна сенка и без гужва, одлична за луѓе што не сакаат галама. Сега има патеки и од св. Пантелејмон и од Канео се стига за пет минути. Е сега кој неќе да пешачи… само препорака за лабино да си носите сандали за во вода зошто е со камења. партизан плажата е во склоп на кампот партизан и е плажа со ситни каменчиња, црни, иста е како свети стефан. Постепено плитко е и е убава за со мали деца, затоа си е во склоп на кампот
Ај бидете малку самокритични,прескап е Охрид,не се нормални со цениве,и НЕ,не се како во Скопје,а за однос и услуга да не правиме муабет. Концертите прегласни,полека но сигурно се движиме во лош правец на туризмот.
Па реално, не може да е поевтин само оти е во Мк. Туристичко место е, нормално дека цените ќе бидат повисоки. Грција не е поскапено, Албанија, Турција, Хрватска, Црна Гора...? Ама за нив е оправдано дека се на море? Стандардот ни е низок, не се цените високи.
Ако споредуваш цени во кафич во Охрид, каде пиеш кафе со нозе во вода, и некој кафич забутан негде во Скопје што ни на гугл мапс го нема, тогаш во право си
Ова ако ти е за утеха дека во лош правец се движи туризмот океј само не ти е точна констатацијата, да, точно е не се нормални со цените кога се во прашање сместување, храна, пијалоци па и цена на метар квадратен ама очигледно тоа не е пречка за посетеноста. А ова со спредбава со Скопје само ќе се насмеам… грев е да ги споредуваш двава града од аспект на природна убавина, клима, воздух..
Никогаш не ми стана јасно постојаново плуќање и серење… се си има свој пазар. Секој си знае кај му е џебот. Јас немам пари пример да јадам и пијам во мериот/ дистрикт, немам пари за порше и немам пари за одмор во дубровник. Ги сакам сите овие работи, ама пошо буџетот ми е толку не кењам постојано колку се скапи. Во Охрид како и секаде има се за сечив џеб… и во Грција има хотел и хотел, ресторан и ресторан, си гледаш кај ти одговара и си праиш она што можеш. Во превод, нозете колку чергата ќе ги пуштиш. И аманте со муабетиве. Ако не те бендисува не мора да одиш, пиштол на глава никој не ви стави. И мене Дојран не ми се свиѓа па не идам таму само за да јадам гомна колку не ми се свиѓа…
Каква посетеност? Од малолетници? "Нормалните и културни" туристи веќе имаат огромни забелешки за галамата,паркинг и сообраќај хаос,услуга 0. Супер е да се радуваме на квантитет а не на квалитет,ова штосе случуваше во Охрид минативе 2 недели е мизерно. @L.i.n.a.a за на плоштад и едните и другите,fair enough?
Грција е поскапен смештајот,храната и пијалоците минимално,Охрид годинава се претера,најтрагично е што и во зима е иста песна со цените,кога веќе споредуваме со соседните туристички центри да спомниме дека услугата и тоа што се нуди е небо и земја разлика. Не е ова хејт,јас живеам во Охрид,ова е суровата реалност за жал.
живееш во Охрид и ова го пишуваш??? Мнозина од македонциве плачат да живеат во Охрид или во најмала рака да имаат сопствен стан… тоа што се случуваше овие две недели се случува доооолги години уназад, ако не ти се допаѓа шабанерија балканска имаш културни настани како Охридско лето тамо ќе најдеш малце повиока класа на народ, има од сите држави од Европа народни ора и танци од Полска, Чешка, Русија, Турција… полни автобуси од кај не и не се тоа тинејџери туку луѓе во поодминати години по изразот на лицето им се познава колку уживаат, имаш све и свашта и секој ќе си го најде тоа што му одговара, а само да плукаме по Охрид стварно е греота. Во однос на цените баш денес пиев кафе в центар за 60ден, маркети имаш поефтини Кам, Стокомак..
Да од Охрид сум и го пишувам ова зошто сум реална,знаеш до колку саатот "буфташе" секоја вечер од на стадион? Кај има во друго туристичко место ваква атмосфера со галама од сите страни до сабајле? Тие истите од Европа насмеаните оставаат bad reviews за градов баш заради галамата,и НЕ не било олку гласно години наназад,ова е последниве 3 максимум. Не знам што има врска тоа колку луѓе би сакале да живеат во Охрид? Која е поентата,не разбирам,тоа што не чини,не чини,енде,Охрид е преубав ние луѓето го грдиме, Ерусалим,градот на културата со Јала Брат до 2 сабајле на најјако,епа тешко така...
Мене галамата не ми пречи, туку градот е тесен некако за да биде туристички центар каков што претендира. И цените се баснословно смешни
Абе не биди смешна те молам какви три години уназад, пак и уште максимум хахаха бар ме насмеа, освен ако предходно си живеела на друго место ондак те разбирам, да не почнам да ти ги набројувам од Бело дугме, Цеца, Аца, шабанаријава редовно трештат секоја година, Ohrid Calling години уназад се случува со сите тие диџеи тоа галама ми се чини до Кичево се слушаше