И јас сум од Охрид иако не живеам таму, знам како беше порано, како е сега. Факт е дека може да биде подобар, поинаков туристички центар, ме нервира и мене што од сите страни ечи гласна музика над ниво на дозволеното, јас радо би забранила турбо фолкери да прават концерти, ама побарувачката ја диктира понудата. Колку и да не сакам Охрид да биде тоа во што се претвори, за жал, нас никој не нѐ прашува. Жалосно е што преку година градот е генерално празен, летото е период кога живнува, има концерти, настапи, фестивали кои привлекуваат секаква публика, впрочем и затоа се организира тоа. Секаде е така, не само во Охрид, и ако на светско ниво се зголемуваат цените, нормално дека и во Охрид ќе пораснат, оправдано или не. Проблемот е тоа што градот не се почитува, некултурата на голем дел од туристите си остава последици, за жал.
Треба да направат Охрид цела година да има некоја нормална пополнетост. И цените треба да одат малку подолу. Еве на пример луѓе што летово биле во Црна Гора, во некои делови цените се сосема ок, дури можеби и пониски од Охрид, па и во Босна цените биле доста пониски од Охрид, а просечните плати во Црна Гора и Босна се повисоки од нашите. И треба персоналот по кафулиња, ресторани, да биде пољубезен. Седнуваш, плаќаш 150 денари за едно кафе, не те вели „повелете“ што е некој основен бон тон.
Родена и порасната тука,баш ми е мило шо те насмеав,концерти имало ама дека било олку гласно тешко,а мене ми е повеќе од смешно тоа што се трудиш да ме убедиш дека сето ова е ок јер лето и туристичко место.
Охрид годинава претераа, 100 денари паркинг... 5 евра едно алче што кошташе 10 денари.... топка сладолед 100 денари... лежалки по 300 денари.. мислам дека е најубав град во државава по природна убавина и стојам на тоа... ама мислам дека веќе ептен забегаа со цени.
Вие што таму живеете, веројатно ви е скапо за излегување? Мои колешки од Охрид се жалеа дека на пазарот се им е скапо поради туризмот. Кафето од 150 денари на плоштад го пиев лето 2021, сега сигурно е поскапо. Не дека ги жалам парите, ама пак, дури и ако доаѓаат странци, на крај ќе се пресметаат и тие кое колку чинело. Да не се претерува сепак. На српски форум путовања или така нешто, некоја Србинка пишала дека е ок, ама Охрид не е за да се враќаш секоја година, имало дивоградби и слично. Значи не е град без мана, посебно за тие што се нашетани.
Да, така е, ама ај да ги споредиме нивоата на туризам и популарност меѓу Поградец и Охрид? Тогаш, сѐ ќе ни биде јасно. А, не дека ги оправдувам цените. И во Будва секоја година е се поскапо и поскапо..Пример..
Ајде да споредиме плескавица со гарнир златна мешавина и октопод Тоа ми беше поентата,а Албанија како тргнале богами далеку ќе сме ние.
Охрид е преубав. Полн со странски туристи по стариот дел од градот каде тешко маса слободна да се најде. Скапи се претежно ептен ударните ресторани (оние покрај кејот), остатокот е скоро исто ко во Скопје. На плажа на Славија пиво скопско од 0,5 е 100 ден, кафе макијато 90 ден..поубавите средени плажи како Метропол пиво 130 кафе 120, па во Скопје е дури поскапо.
Ima li sto da se vidi vo Pogradec? Ili nekoj drug grad vo Albanija koj e blizu do Ohrid da se setne? Ne mi se smejte pojma nemam od gradovi i sl.
Поградец е мало градче со како што кажаа ефтини цени, поефтино е и од таму во Тушемиште, село одма после граница пред поградец. Таму има неколку ресторани кои личат на Островото во св.Наум и има многу многу ефтини цени. Разбираат македонски и ако ги прашате дури можете и со денари да плаќате. Поградец како град нема многу нешто да се види ниту за шетање. Плажите скоро сите се во некоја изградба, нешто прават сега (бев пред една недела). Многу убаво е среден идотеран центарот на градот, покрај кјот, со зеленило паркче итн, а останатото е како да си у Чаир. Поубав град во Албанија, релативно блиску до Охрид е Корча. Тирана исто е убава ама е подалеку
Ти пишаа подолу убаво,Елбасан има многу убав комплекс Rozafa Fish city,сега отворија ист и во Малик пред Корча одма,не се преблиску до Охрид ама ни предалеку Да се надоврзам на муабетот погоре,скоро секаде во Албанија добиваш благо или овошје од куќата,Радожда еве исто,Охрид не ми се случило,not yet
Некој во Охрид моментално, какво е времето и водата? За викендов ќе сме таму па се надевам нема да е ладно .
Ептен е променливо, де припек, де облаци, вечерите свежи, водата за возрасни така-така, за мали деца и не баш
Охрид како Охрид го сакам културата на мештаните и туристите ( домашни) е катастрофа... не знам како имаат срце да го загадуваат езерото да фрлаат смет и да испуштаат фекалии. Едно од најубавите и најстари езера со уникатна флора у фауна го уништуваме. Да не збоиме за дивоградбите кој исто така го уништува езерото и плажите. Охрид е рај на балканов ние во пекол го претвараме.