Предлог за хотелче, пристоен да е, во центар? Планираме за празнициве да одиме, Охрид не се пропушта ниедна година кај нас! Многу го сакам Охрид, особено ноќе. Не ми смета што е цело Скопје таму, ниту гужвата, мува не ме лази јас си одам за мене. Градиште ми е омилена, иако има најмногу гужва. А местенце за седење и јас Канео ќе го пишев, а има и други после Куба и Кадмо натаму мирно е, по плажите.
Девојки најдов еден апартман која е 2 км одалечена од центарот, се наоѓа на улица Славеј, кај Партизнаска. Далеку е тоа?
Баш сакам да одам и да само да се помо*ам во езерото.Сакаат бадијала се па гратис ќе им ја оставам урината Водата блага , цените солени Е НЕ ЌЕ МОЈТ ТАКА!!!! Не сме на море, ниту пак Охрид може да се пофали со елитни плажи и угостители со основен бон тон.
Еј значи можам таксист да работам во Охрид Партизнаска е таа улицата кај Комерцијална банка, а таму некаде е и славеј ( ми текнува дека ја имам видено само незнам точно каде ) Не би требало да е далеку сепак има разлика од почеток на улица до крај на улица.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22347 Вакви гуски не можам да поднесам. Колку треба да си мазохист за да одиш упорно и упорно на место каде што не ти се допаѓа услугата? Уште фали да напише прирачник за лечење на жуљеви од предолгото стоење во ред пред дискотеката. Секој си оди во Охрид од свои причини, далеку од тоа дека човек таму не може да одмори! „Репортажава“ ми е иста како да пишува за Скопје и за дискриминацијата според големина на цицки пред Парадизо. Ограничена, необјективна, никаква, за срамота!
Денес се вратив од Охрид. И прекрасно си поминав! Бадијала се распрашував по форумов на сместувањето, на крајот испадна да седиме на 5 мин до старата автобуска, а 10 до центарот за 300 ден. од вечер. Жената што ја издаваше куќата ни пријде, ни се допадна и веднаш прифативме. Во цената имавме спална соба, мини кујна и вц, и повеќе од доволно Многу гостопримливи луѓе се погодија домаќините, следен пат ако одам пак таму на одмор, ќе ги побарам обавезно. Задоволна сум и од сместувањето и од одморот во целина. Е сега, забележав дека гостите во Охрид оваа година не се во толкав број ко порано. Чаршијата ни еден ден не беше преполна како што знае да биде. А и Охриѓани се жалат дека немале туристи многи годинава.
Па како сакаат да имаат кога претеруваат во се што сакаат почнувајки од смештајот па се до цените во продавниците а пак за ресторани и дискотеки не ни сакам да зборувам !! за истите пари (доколку живеам подалеку од Охрид) ке си одам на море ..е не е исто море и езеро ти си имала срека што си нашла така ефтин смештај а во центар на градот и плус тоа што газдите биле љубезни ..дури чудно
Значи Охрид е преубав како град. Корзото, Канео...од плажите Градиште ми се допаѓа најмногу. И си поминав многу убаво оваа година. За смештај е прескапо, а за таксистите не ни зборувам. Катастрофа Вози со уклучен таксиметар кој покажува 300 ден, а тој ми зема 350 ден. И уште и се расправаше кога му реков дека таксиметарот покажува 300 ми рече „остави го таксиметарот дај ми 350 да не се расправаме“ си излегов од кола, а тој трча по мене и се дери Лудак. И бидејќи не сакав да се расправам сама девојка му дадов уште 50 ден. Проблемот воопшто не беше во тие 50 денари туку во тоа што се крајно алчни во ненормални граници. Смештај не плаќав оваа година. Но скапо е. Будва и Грција оваа година цените за сместувањето пониски од Охрид, а море користиш ако ништо повеќе.
девојки има ли некој бројој од сместување во Охрид најак пештани лагадин тие места гледав на пазар 3 ама слабо понуди за таму или прескапо може и бројчиња ако знае некој во лп плс
најблиску што можи да се стигни со кола до плаошник е кое место? (да се скрати де пешаченње оти имам мрза голема од дечко ) или до центар само со кола
Па може до Горна Порта мислам со кола, оттука ви е блиску пешки. Всушност, може со кола и до Плаошник да одите ако е пуштен патот. Само не знам дали е пуштен. И тогаш си скратувате задоволство на пешачење по уличките на стариот град. Мислам дека патот го затвораат само кога има некој настан во Антички за да не настанува гужва, ама ич не сум сигурна.
голем попуст (SALE) во Oхрид. влегувам и оооп намаление за 200-300ден. пониско од претходната цена. Е, тоа ми е многу глупаво и треба да се забрани такво манипулирање на потрошувачите (кое го има и во другите градови бај д веј). И тоа некоја кинеска роба, партали живи (едно облекување-едно перење-како ветво е) Си одам во Скопје, во бутициве со марки (иако не купувам марки, освен за чевли ), си купив нешто намалено од 4000 на 1700 дури., ама квалитет, не жалаш за парите, да го изнаносиш и изнапериш, како ново пак е! градот како град - бисер на Балканот! Зрачи со прекрасна убавина, топлина иначе јок за услугата треба да им плаќаме и за да се насмеат. а, кога сум на кафе, сакаат промет, а те гледа намчоресто што си седнал. (и ќе добиеш еден сок (без:повели) без мраз, топол, без чаша, за 130ден, каков што пиев јас последно ) Мислам, најдобро е да не одиме во Охрид, на лето да им ги пратиме само парите
Незнам што се буните за попусти кога на крај сезона секогаш има и тоа огрооомен попуст! Крајот на август исто и март месец има огромни попусти!
Охриѓанки ај кажете ми кај се наоѓа населбата Охридати(ако воопшто постои, бидејќи јас прв пат слушам за неа)?