Мене лично Корча ми е поубава, ама и Елбасан е убав да се посети на неколку часа. Пред Елбасан има и многу добар ресторан, како комплекс е со морска храна, Fish City. Во Корча најстарата пивара со многу евтин ресторан. А како градови и двата имаат стар дел, во Корча тоа е чаршијата, а во Елбасан во тврдината е стариот град
Фала богу поминаа тие два недели и се вративме на нормала. Да не се секираш бројот на странски туристи секоја година е се поголем и квалитетот на гости се подобрува секоја година со исклучок на пандемијата. А и услугата се подобрува и се останато, а со тоа нормално и цените растат. Ако споредуваш цени направи соодветна споредба на хотели или ресторани од исто ниво. И во Охрид има за сечиј џеп, не мора покрај езеро да е хотелот, може и апартман на периферија да е. И најбитното сезоната не е 2 недели како некогаш, туку 5-6 месеци
Црна Гора и било која друга дестинација на море на Балканов е во глобала поскапа од Охрид. Ако се прави соодветна споредба на сместување и ресторани. Лани бевме Котор и цените се дупло поскапи него кај нас
Порано кај и да се одеше надвор од Ск или Охрид беше поевтино. Сега поубавите ресторани се исто скапи и во повеќето места. Баш се шокирав кога барав хотел во Велес. Од 70-80 еур нагоре
Многу често на хејт статии за Охрид ги читам долу коментарите и се срамам,коментарите од Охриѓани,гледам не изостануваат и на форумов,тој дрзок и надмен однос од кој со право е критикуван од сите си патиме,далеку од добри hosts сме,чест на исклучоци. И да,се секирам,се секирам и се прашувам зошто сме толку лоши и невоспитани.
Мислев Сутоморе. Имало сендвичи за 2.5 евра, па и кај нас се толку и тоа во нетуристички градови. Сместување 25 евра од ноќ за маж и жена со две мали деца. Тоа не е многу. Знам за Будва, Тиват, Херцег Нови, Котор, Пераст дека се скапи, пред некоја година кафето им беше 3.5 евра. Во Подгорица за сендвич во ресторан платив 4.5 евра, добро беше помодерен, богат, со тортиља, пилешко, шунка, додатоци и беше голем така што не можев да го изедам (попат утре наутро си мислев, ахх, да ми е тука делот од сендвичот како би го каснала, огладнев). Во Сараево пиво, јадење поевтино од Скопје, во Босна влез на туристички локалитети имало за 1 евро (џабе). Сметај дека Црна Гора има просечна плата од 800 евра, нашата е 600, плус кај нив доаѓаат многу побогати туристи од нашиве. Сретнував секакви групи, од Франција, Италија, Јордан, Русија, ние се крстиме во Србите и Турците, и чат пат гости од други земји. Охриѓани треба да остават убав впечаток на странските туристи со полн џеб. Инаку, неколку години одам во Охрид, соба бирам, плаќав по 350, а после и по 450 денари. Не е скапо, ама е 7-8 минути од улицата Крали Марко додека да се спуштиш до Туристичка. Епа сега, колку пари толку музика. Охрид треба цела година да е полн. Во буџетот на општината приходите од туризам се смешни, да не спомнувам бројки, проценти. Смешно. Гледам ве има охриѓанки, иако некои ве мислев дека сте од Битола на пример, еве прашајте ако имате пријател во општината, ќе ви каже колку е тоа низок едноцифрен процент, приходот од туризам.
Сериозно? Што лошо реков не е вистина тоа дека секаков смет се фрла во езерото по сите портали па и на вести имаше. Каде реков дека Охрид не е убав?
Извини а што беше толку дрско во "да не се секираш"??? Баш во твојот коментар осетив негативност затоа го напишав. Не велам дека не си во право за хаосот околу 2ри август т.е. тие две недели. Скоро сите тие концерти се организирани за домашни гости, а пречат на останатите. Лично и јас сум против. Не само што им пречи на останатите гости им пречи и на локалците. Ама факт е дека се зголемува квалитетот во однос на квалитетот на туристи. Од прва рака го знам ова и во таа насока треба да се продолжи. Извини ако си ме сфатила дека дрско ти враќам, можеби не се изразив добро.
Инаку јас затоа ретко отварам фејсбук, да не се напнувам од такви коментари. Ама мене уште не ми е јасно како мојов коментар го споредуваш со нив и зошто вака реагираш кога ништо лошо не кажав.
Се согласувам дека се подобрува квалитетот на гости зато шо и лично го гледам тоа каде што работам. Ама со концертите околу втори август не се издржуваше и не можам да ви опишам колку жалби имавме како хотел. Таков туризам дефинитивно не ни треба во градов.