Сите општини прибираат пари од даноци, од комуналии, од градежни инвестиции во градот, добиваат и пари од државниот буџет. Град како Охрид треба да има висок удел од туризам во вкупниот буџет.
Викендот планираме да одиме за Охрид, ќе бидеме сместени во центарот. Препорачајте ми некој ресторан со вкусна храна, а нормални цени, каде би можеле да седнеме на вечера? Исто така, кое време навечер возат бродовите/катамараните? Би сакале да го повозиме малиот, а и ние со него нормално За плажа, мислиме да одиме на Св. Стефан или Лагадин, поблиску до градот оти само 3 дена ќе сме таму па да не трошиме многу време во возење натаму -наваму.
Плажа само св. Наум ја сакам оти песок раат се бањаш. Иначе на Лагадин од камењата нозе ќе искршиш. Малку подалеку ама вреди. За јадење исто знам за св Наум, во центар само еден ден седнавме во сендвичара Пинк Пантер за набрзака оти после накај дома фативме. Се надевам ќе ви се стопли водата оти викендов беше ладничка. Еднаш само се пробањав, само деца имаше во вода на постариве им фуфка од ладното
За јадење, ако сакаш ќебапи, дефинитивно ќебапчилница ,,Вкусно", најпозната во регионот, нема да зажалиш, ама ако најдеш слободна маса, бидејќи секогаш е преполно. За бургери, поховано, и општо брза храна имаш добра во Irish Pub Five. За пици дефинитивно пицерија Leonardo, добро ја знаат охриѓани ☺️. За бургери исто добри прават во Мега Вургер, тоа ти е близу центарот, ама немаш за седење, само за подигање е, и да си јадиш на друго место.
На вечер не знам дали има редовна линија за бродовите или само по нарачка возат. Бродот Армада има некои понуди во одредени денови, пример пловење на зајдисонце и и сл. Најдобро на пристаниште да се распрашате. Инаку редовна линија е денски од 10;00 за Св Наум.
Аркада имаат тура во недела ама целодневна е до Св. Наум. Дали знаете некој др брод што тргнува приквечер ? И кажете ми некој маркет што има зготвена храна?
Качете се во Ана Марија ресторанот во Рача. Вкусна храна за нормални цени и прекрасен поглед кон градот, каков што нема ни на едно друго место. Со резервации работат, можеш да побараш и место со поглед. Инаку овие плажи што ги пиша се сосем ок ако не сакаш да одиш многу далеку.
Фала уште еднаш за препораката, преубав ресторанот. Храната беше превкусна, а за погледот немам зборови, уживавме.
https://alfa.mk/цените-во-охрид-нау...mpaign=цените-во-охрид-научна-фантастика-за-д 100 и 120 денари топка сладолед? Многу е.
@Tanjamm Танја, јас сум охриѓанец, и ќе ти кажам дека и нам ни сметаат височките цени, НО, НИКОГАШ НЕМА ДА НАЈДЕШ ТОПЧЕ СЛАДОЛЕД ОД 100 И 120 ДЕНАРИ. Прашај кој било охриѓанец, ќе ти каже дека најскапиот, но и воедно најубавиот сладолед во Охрид е во Летница, каде топка сладолед е 60 денари, но има безброј вкусови кои стварно нигде ги нема и се феноменални. Имаш пример и Палма, за 40 топче..Има едно единствено место кај ИТ Кафе, таму е 100 топче, но не е обичен сладолед, туку џелато, италијански некои, коишто мене не ми се убави, не сум навикнат на такви вкусови. Поентата ми е, да, скапичко е, но има опција за секого, врз основа на нивниот буџет. Ама ова медиумиве го претераа со преовеличување.
Italian gelato е толку, обичен сладолед е 40 до 60 денари топче, и тоа бајаги големи топки. Мене лично ми се свиѓаше џелато, таков јадевме најчесто, вреди за парите. Ако Грција мало топче сладолед е 2.50 евра, што не би можело во Охрид да е 100 денари (а топката е дупло поголема отколку во Грција)? Високи се цените за наш стандард, факт, ама не забележав дека на странците (па и на нашите туристи) им пречеше, напротив, рестораните, кафичите, лаунџ баровите, пицериите беа секогаш полни, место да не можеш да најдеш ни за лек, дури и да чекаш некое време за да седнеш на одредено место. Научна фантастика се цениве, оти стандардот и платите ни останаа ниски, ама секаде се зголемени, не само во Охрид, едино Албанија може да е поевтина, ама и таму почнале да качуваат цени.
Метропол ресорт каков е за престој со деца? Хигиена, храна? И почеток на септември има шанси за бањање во базен или е веќе свежо?
Препорачајте ми хотел на кејот кој е со добар во однос на хигиена, храна, уалуга и дали повеќњто се на база на полн пансион или пола пансион?
Су, Сити Парк, има и други ама малку постари во однос на овие, како Тино, Ројал вју. Unique е одличен ама не е на кеј, на крајот од кејот према спортски центар. Цените им се обично ноќевање со доручек, некои имаат опција за доплаќање.