Касно ти одговарам, сега гледам Комбе е околу 130-150 денари. После можеш од нашата до албанска граница да одиш пеш, блиску е и од тука со такси. Последно кога бевме така, околу 500 денари плативме, за 4ца. Друга опција е комбе од албанска граница, само што тие ретко оделе натака, па ако имате среќа да начекате
Охриѓани, ајде кажете ми предлози каде да се сместиме годинава. Се двоумам меѓу Љубаниште и Центар. Љубаниште ми е супер водата местото и плажичката. За Центар се двоумам заради прошетките навечер. Јас сопругот и три деца, од кои едното бебенце. Хелп
Ако има некоја девојка од Охрид која работи како дефектолог, ја молам да ме насочи каде можам да побарам пракса? Се обидов да најдам број од дневниот центар за интелектуална попреченост "Зраци", ама нема никаде, освен тоа место и здружението "Во мојот свет" не знам друго место каде би можела да се обратам. Студент сум на постдипломски, ама со малку знаења, и ми треба некој да ме воведе практично, макар и без пари за почеток, неколку часа дневно пракса да имам. Фала ви!
Па по мене подобро би било Љубаништа, па ако ви се шетка навечер низ Центар со кола да идете. Ако сте сместени во Центар ќе треба секое сабајле да правите утовар за до плажа )
Се согласувам. Нема подобро место за деца од љубаништа, па уше ако се во камп милина. Од искуство кажувам како ќовек што од 7 месеци е пораснат во љубаништа
Дали некој можеби знае колку е од Скопје до Охрид со такси, и да ми понуди смештаи што не се многу скапи за летоска, за 5-6 дена, важно ми е и интернет да има за да можеме да работиме од таму. Фала ви.
Околу 6 илади ви е такси шо не се исплати ич. Има доста автобуси. За смештај препорачувам на букинг и ербнб да разгледате има доста избор
Ако сте луѓе што сакаат да кампуваат Љубаништа во кампот. Ако не сте тогаш друга локација барајте. Другар има куѓа во Љубаништа и плажата за деца е ОК (иако сенка тешко се наоѓа), ама друго ништо нема освен плажа. Е со три деца Центар е комплицирано за плажа. Во Охрид за плажа и град две во едно во Даљан барајте смештај. Или барајте смештај од Охрид до Пештани за сепак да сте поблиску до град и да сте блиску до плажа.
zdravo dali nekoj moze da mi preporaca apartman za dvajca vo centarot vo ohrid ili vo blizina za 1vi maj i ako moze preporaka za restorant za rucek za 1vi maj mi e
Каде има добра риба во Охрид , искуства за Два Бисера во Радожда , гледам доста рецензии имаат а и доста препораки за Радожда ?
Два бисера - Радожда Рибар - Трпејца И уште еден ресторан имаше во Радожда, ама ич не ми текнува на името
Сакам да закажам со овие бродовите што одат свети Наум , заливот на коските , овде има повеќе бродови , се мислам меѓу christina nova и aleksandrija , кои се подобри , 15 евра од особа, пишува дека тргнуваат наутро , а за назад во 15:30 се тргнува. Кој е подобар ?