Здраво, да ми предложите некоја вила со поголем капацитет, за моминска вечер, по можност со базен. Не е битно кој дел од градот е.
Здраво, да ми предложите некоја вила со поголем капацитет, за моминска вечер, по можност со базен. Не е битно кој дел од градот е.
Најдобри апартмани во Охрид, во стариот град, на 3 минути од чаршија и со приватна плажа и на езеро, се дефинитивно Апартмани Бојаџи. Фамилија се на Атина Бојаџи. Видете на Букинг.
Имаш и поевтини мислам, не мора најскапиот апартман. Ама, во секој случај, прочитај коментари и ќе видиш дека сѐ е перфектно. Бев, од искуство ти кажувам. Газдарицата е многу љубезна дама.
Селектирав рандом 3 дена на крајот од август и таа цена ми ја даде и за двете опции кои беа достапни. Дека е убаво и високо оценето е, али се уште сметам дека е "претеран" луксуз.
Терминот „скапо“ е релативна работа. Зависи од џебот. Е, сега, на езеро е, во стар дел, до чаршија. Не можеш да бараш 40 евра.. Тоа може негде подалеку од сѐ...
Прескапо е, а не е ништо посебно. Охрид малку претераа со цениве. Сум била на 100 пати боље а поефтино.
Цените во Охрид скокнаа до плафон во последните две-три години. Лани зимски период во Вила Маки беше 5000 од нокевање во бош месец шо да очекуваме за сега..
Го разбирам тоа, но сепак сметам дека и за таа локација и се шо нуди, 70-80€ од вечер е многу. Тоа е мое лично мислење, секако дека не треба да биди општоприфатено.
Прескапо е искрено. Јас минатото лето плаќав 1500 или 1800 денари за цел стан (гарсоњера) во зградата на Комерцијална банка, значи исто строг центар, станчето беше баш фино, ми даде мал попуст дека бев сама ама и без попуст ми се чини дека беше 2000 денари од вечер. Истите луѓе издаваа апартамани на Бекир Али Риза (исто во близина на центар), исто 1800-2000 денари од вечер. Овие цени според мене се претеризам, ко во хотел да си. Што ако си во стар град, кога нема да можеш и око да склопиш вечер да спиеш прво, второ плажите и вака и така не се во центар и ќе мораш да запалиш кола/да фатиш комбе да стигнеш до нив. Инаку јас бев во Guest House Bitrak, така се мислам на Букинг.
Хелоу дечки. Сеа вон сезона како е превоз за накај плажите? Редовно има накај Славија, лагадин? Кај да најдам возен ред?
Возниот ред е ист преку цела година. За возен ред, јави се во Галеб (локалниот охридски превозник) на 046260339. Ако не вози Галеб натаму, ќе прашаш во Пупе (број немам).
Јас иначе ти ја препорачувам и Горица 2, релативно е блиску до Центар плажава, можеш и пешки да стигнеш до нејзе, со такси од центар ти е 150-180 денари (на повик). Мене ептен ми се свиѓа, водата е супер и нема камења.
Тој период Охрид е стражна гужва, многу од опциите се резервирани и пола година унапред. Барајте на Букинг, АирБнб или крајна опција хотелско сместување, ама цените се….
Се согласувам со рејвен, се знае тој период е хаос. Само онлајн ве спасува и тоа колку што знам капацитетите за 2ри август се потполнети скоро па сите уште од сеа