Немало серум од каснување од змија во Охрид, па Холанѓанец го таксирале дури во Дебар. Еее, Македонијо. Ќе памти кога дошол во Македонија. Да немало во Дебар, не знам до Скопје дали може да издржи човек. Денеска слушнав на ТВ во српскиот град Краљево имале серум во секоја амбуланта.
Малку off-topic но, во битолската КЛИНИЧКА болница немало кој да му постави катетар на пациент, па го пратиле во прилепската ОПШТА болница, таму уролог да му постави.
Знам за тоа. Струга сигурно нема серум, инаку логично ќе го однеле таму, а не да возат 66 км до Дебар.
Zdravo na site, dali ima parking na plaza Slavija, koja e cenata? Ke odam so dve mali deca pa za polesno da se odnesam, so godini ne sum bila vo Ohrid. Vi blagodaram.
Здраво на сите , дали некој знае некои убави,средени плажи со лежалки во Охрид? Само да нема огромни камења како на Потпеш
Сите плажи што не се во стариот дел немаат такви камења. Од горица трета па натаму сите се со ситни камчиња или песок
Оф топик и јас - зборувате за другите градови, ама и во главниот град е исто. Во амбулантата на урологија на државна КЛИНИКА немаа апарат за ехо на уринарен тракт (?!) кога бевме со син ми пред некоја година и не препратија во 8ми Септември. И таму не не примија зошто не сме имале упат (од матичен) за некој од уролозите од 8ми септември кој би не препратил на нивното ехо (кое беше преоптеретено од пациенти). Тие од клиника на упатот што го имав до нив, на задната страна со пенкало напишаа зошто не препраќаат и нормално тоа не го прифатија во 8ми септ. зошто „се знае како изгледа упат“.
Zdravo ne sum bila odamna vo Ohrid pa me interesira Dali e guava Kako porano? I generalno kakvi se cenite? Kolku e smestuvanjeto, jadenje, pienje nix kaficite?
Ние сега бевме баш ама ние бевме сместени во Трпејца, веќе 4та година по ред си одиме таму. Смештајот таму беше 60 евра ноќевање ама затоа што куќата е одма на сама плажа, опремена со кујна и сѐ што ти треба. Седнавме во коза ностра пицеријата, цената на пица исто како во Скопје, јадевме една пица по пола капричиоза и ѓавола 380 беше, и плус кока кола зеро сѐ на се околу 600 плативме. Мали мини крофнички беа 100 денари памтам баш. Во маркет купувавме нешто што заборавивме од Скопје, околу 500 денари нѐ фати две пакетчиња замрзнато месо. Отприлика толку, е сега не можам да ти кажам за кафе и такви работи зошто кафе си носевме ние сами во куќава, ама горе долу би рекла тие се цените.
Ние сега бевме пред некој ден, сместување различно се движат цените има и од 1800, 2000 , 2500 па нагоре. Ние бевме сместени пред Елешец во апартмани на самата плажа буквално само улица да преминеш, плаќавме по 2000 од вечер во таа цена има и лежалки. Цените на храна се најскапи во оние нивни маркети ко Тамаро и сл. Цените во ресторан нешто поскапи од вообичаено по други градови. Инаку да доста е гужва и сега август сигурно уште повеќе ќе е.