Зависи што сакаш? Ако сакаш ќебап нешто такво, отиди до стара чаршија таму имаш и пиле и ќебап (Вкусно се вика кафаната, турци ја држат) Ако сакаш риба, Далга. Ако сакаш пица имаш Леонардо и Коза-Ностра (фан сум на Козата, пошто имаат потенка пица).
Кај има да се купат убави пижами по долги? Во Сара Фешн не ми се свиѓаат, не им се квалитетни, на друго место не знам кај има..
Зависи,во зависност што има на репертоар вечерта може и да најдете слободна маса без резервација. Ресторан Тино,Нова Ривиера,Чун,Лихнидос....ова ти се класични ресторани со музика.
Тоа само во диското Rebel да видиш,на друго место нема шанси за жал...на инста се rebel_ohrid па следи ги за инфо. Ќе се едитирам,повели
Кои плажи се добри за бањање а да се поблиску до Охрид? За Љубаништа, Градиште и Св Стефан знам дека се добри, ама барам нешто поблиску. Одамна се бањавме на Славија ама не знам како е таму сега. Плажата кај Мизо хотел добра е?
Мене ми се свиѓа Мизо плажата. Јас во Охрид не се бањам никаде, ладна ми е водата многу. Ќере пример нема проблем каде и да е.
Добра е за прошетка, за сунчање но не и за пливање. Во тој дел се влеваат отпадни води во езерото, водата не е безбедна, овој проблем е стар над 30 години.
Од горица 2 ра, 3та па св стефан и славија натаму се сите убави плажи. Во стариот дел канео, потпеш, лабино и сараиште се убави плажи но се карпести, помалечки па има гужва често. Исто така ако имаш фобија од змии не препорачувам. Исто и делот на бане2 и таму има поголема концентрација на змии
Горица 1 е супер и е блиску до центар, можеш пешки да одиш до таму, нема камења што е исто побитно за мене. Имаат и барче со пијачки и ок храна.
Koj del od Ohrid bi go preporacale za ziveenje. Sakam da kupam stan ili kuka vo koja ke se zivee nekade od Maj do Oktomvri.
Искрено, ако не ти менува нешто да биде баш во градот најтопла препорака за село Лескоец. Кај куќите на ридовите има многу убава шума и природа, воздухот е пречист. Тешко се наоѓа асална куќа во Охрид, повеќето се лепенки. Добро е да одиш лично и да разгледаш (од слики не се доловува баш). Обрати внимание на некои делови со зеленило (некаде излегуваат змии летно време), а ова е исто проблем.
Стариот дел поточно Варош, некој стан во прв ред покрај кеј, Велестово, Трпејца, некој стан или куќа околу Мизо хотелот овие ти се најубавите делови сеа можи некој дел заборавив а да и Рача е убаво, Долно Коњско, Елшани ама за сите овие места спреми си над 200 000 евра.