Порано не пазев многу како пешак, знам си поминував каде ќе ми текне али гледав лево десно да не ми налета некоја кола. Сега чекам семафорот да светне зелено за да поминам и гледам се на пешачки да поминувам улица. Како совозач сум совесна само што ќе влезам во кола одма појасот на мене го врзувам, не критикувам и не се мешам во возењето Шофер не сум сеуште и незнам дали некогаш ќе бидам се во свое време. Со точак најмногу внимавам како возам поминувам улица на пешачки, возам по тротоар (а бидејќи во Скопјево нема услови за да се вози точак како што треба), некогаш морам да возам и по улица. Севкупна оценка е 9 ка
Не возам автомобил или мотор, мала сум уште.. а инаку поминување и пешачење на улица 10ка.. секогаш пешачки премин, запазување на знаци.. да не си има работа со мене сообраќајната полиција
Си давам оценка 9. Како пешак знам некогаш да поминам на црвено, ако во близина нема коли. Ама само кога брзам некаде. Не возам кола и немам намера да возам.
Кола не возам, кога возам точак шибам по булеварине мислиш Ферари возам.Вози Мишкоо Сум поминувала на црвено многу пати искрено.Сум претрчувала и кај што нема пешачки ако е итно Пцујам најчесто на сељаци кои рокнале музика до даска и ми свират од кола .Пцујам и кога а стапнам на пешачки некој залетан лудак ќе ми го скрати животот. Пцујам кога шоферот на автобусот ќе ја отвори вратата ќе прими еден патник и ќе ја затвори ние другите со прстот во уста. Искрено накај 6-7 си давам Еднашка пред цајканска кола си претрчав бидејќи ќе ми киднеше автобусот, а морав да го фатам.Ми се изнасмеа полицаецот inlove и си продолжи.
За возење кола можам да кажам дека возам доста солидно за почетник пропуштам пешаци на пешачки добро и кај и да запнале да поминат пропуштам.... бидејќи немаме семафор.. туку и мн се нррвирам кога некој пешки ќе оди по сред улица и упорно му свирам да се тргне и не се тргнуваа... е тогаш отварам прозор и почнувам да пцујам гласно... за да сфати дек нему му се збори....