1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Очајни Домаќинки (Турска верзија)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од levely, 3 мај 2012.

  1. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Не знма дали ја пратите серијава на Канал 5 но дефинитивно многу ме насмеале првите 2 епизоди....Да ви ја објаснам на кратко.
    Серијава е турска но е направена според оригиналната серија Очајни домаќинки.Значи главни улоги се 4 жени кои сигурно би ги препознале од другиве серии....Првата (ја заборавив како се викаше) има една ќерка и е заљубена во својот сосед Стефан кој е многу згоден но со Стефан флертува една друга така е по малку напчена и не се сакаат со оваа другата.
    Втората очајна домаќинка е Бену од 1001 ноќ и таа е онаа со многуте немирни деца кој живее сама (дефинитивно најинтересни случки се во нејзината фамилија)
    Третата е Ѓулизар од иммотот на дамата и таа е интересна и постојано е со ќесите во раце и само шопингот и е во главата
    Четвртата е Фикрет од кога лисјата паѓаат и е многу педантна додека на маж и Бранко тоа ич не му се допаѓа и поради тоа се разведуваат.
    Ете тоа е краток вовед....Дефинитивно нај интересно од се ми е тоа како ги распоредиле имињата:Бранко стојанка петрнака...и ред други
    Ако има дупла тема слободно под клуч....:)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Гледав една епизода и секој што ја следи оригиналната серија, нема веќе да ја погледне турската.
    Не знам како воопшто се осмелиле да направат копија, навистина се очајни. А за имињата што нашиве им ги ставиле како за Габи-Гоца, Карлос-Кузман, да не коментирам. И аман веќе од преводите како жити господ и сличните |(
    Ама така е тоа кај нас, наместо да гледаш квалитетно, ќе гледаш турски копии.
     
    На Sanjichka007, Monna.Monna и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Оно немаше да биде толку лоша во случај да ја немав гледано вистинската серија, вака само ми е бледа копија, а имињата тоа е ужас барем да ги оставиле вистинските имиња, а не вака македонски.
     
  4. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Гледав само една епизода и воопшто не е убава и само е копија на вистинската серија очајни домаќинки.
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Серијата немаше да биде можеби лоша да не бидеше чиста копија на оригиналот.
    Нека биде очајни домакинки ама се се до точка да е исто, е стварно очајно од турциве.
    Барем приказните да беа различни нешто својствено за Турците.
    А за имањата не ми се коментира јас се смеам најмногу од се за Стевче :rofl:
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Сум ја гледала оргиналот серија очајни домаќинки.Онаа турската верзија е навистина бледа копија на оргиналот.Некако многу просто ми делува.. :^)
     
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Прскам од смеа со имињата. :D :D :D :rofl: Па уште како ги завлекуваат во синхронизацијата. :D
     
  8. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ај што е копија,ама имињава се хаос бре...не знам што не ги оставиле оригиналот.Катастрофа!Пресмешно делува,и глупаво.
     
  9. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Навистина имињата се за жалење но сепак упеаа да ме насмеат и тоа мнооогу....Инаку секако дека оригиналот е најдобар но и овие не се лоши....:D
     
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно иако е само копија планирам да продолжам да ја гледам серијава зошто е единствената која ме смее.Но секако оригиналните очајни домаќинки се оние најдобрите. :)
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ај тоа, ама барем да нашле добри преведувачи „Едниот брак и` беше љубовен, а другиот логичен“...
    Ама не, озбилно, сте рекле некад така...викаме ние така? Јас не сум чула.

    Значи поентата е да е верзија од истата серија инаку не ќе се викаше исто (Очајни домаќинки)...тука нити некој нешто краде, нити нешто крие.

    Oваа верзија ми е попријатна пошо во оригиналот глумиците не можев да ги сварам...таквине фацки пуни со ботокс пред прскање...турскиве глум(и)ци ми се ептен пријатни...повеќе ми се свиѓа глумата, повеќе доловуваат емоции...шознам...

    Бену омилена... :inlove: ... или како се викаше тука...Маке :rofl: ?
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Мене оваа серија како за почеток ми е интересна, смешна е добра е за релакс и опуштање, оригиналот си е оригинал, нема потреба да се спомнува, но бидејќи овие глумици ни се сите познати некако интересна ја прават серијата, и посебно ме изненади БЕНУ оти во 1001 ноќ само плачеше, ме исполнува кога ја гледам сега среќна со многу деца :D :D Ѓумуш разубавена ми стои :lol: и Фикрет ми фалеше сакав да ја видам, е оваа од имотот на дамата некако не ми се сложува со таа улога, дали оти потсвесвно ја осекам како слугинка (нели тоа глумеше во Ѓулу), али ако погледам уште некоа епизода може ке се навикнам. Битно во глобала земено серијата е добра :)
     
  13. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Ја видов случајно првата епизода, многу ми се забавни, ЕПТЕН, иако тоа не значи дека ќе ги гледам следните епизоди.. :P

    Многу ми е убава таа што ја има улогата на Сузан (во турскава не знам како се вика). Абе ептен ми е убава девојката! :) :)

    А некако повеќе на комедија ми тера, смешни ми се. И интересно ми е зашто знам што ќе се случи, па и’ раскажувам на мајка ми (ако не сменат секако) :lol: :lol:
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Лелеле серијава е одлична до сега ги имам гледано сите епизоди.Сакам да продолжам да ја гледам и ке ја гледам.
     
    На levely му/ѝ се допаѓа ова.
  15. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    Ја гледав првата епизода но не забележав кој кој е од оригиналната верзија .Може да ми кажете. (Едино знам дека Кузман е Карлос а Гоца е Габи)
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не им ги знам имињата од серијата, ама

    Сузан
    [​IMG]
    Линет Скаво
    [​IMG]

    Бри

    [​IMG]

    Иди Брит

    [​IMG]
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    Фала ти fessie. Само ако може уште еднаш сликичката за која е Бри бидејки не ми ја покажува
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ако ја имаш гледано Кога Лисјата Паѓаат, тогаш ја знаеш Фикрет ... е таа е. Ако ја немаш гледано, се надевам дека ќе ти отвори.
    [​IMG]
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
  20. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    123
    Sekoj den ja ima?
    I vo kolku saat?