Ја има во сабота и недела во 8 вечерта а репризите се цела недела во 16:10 мин (репризите ги даваат во два дела мислам ....Се надевам помогнав ...
уште една уништена серија од сихронизација се гледа дека е копија на оригиналот, но сигурно не е толку лоша копија како нашите што ја направија, имињата им се врв на се
Нашиве имиња не им ги знам, но по оригиналните домакинки Бри-Берин Линет-Лејла Сузан-Сузан Габриела-Емел Иди-Јилдиз Ова е според ИМДБ Но според википедија, имињата им се Нермин, Елиф, Јасемин, Емел и Зелис (соодветно)
Незнам како некој што го има гледано оригиналот може да ја гледа оваа турска серија која мене ни малку не ми е смешна. А имињата се за жалење неможеле поубај да смислат и уште нешто оригиналните Очајни Домаќинки НИТО не ги менува
Ма не да се глупи....Интересни се Ја имам гледано и оригиналот но и оваа не е лоша добро е што се потрудиле
Ако можете да ми го кажете вистинското име на Мики? Срцеее е Инаку мене ми се интересни(баш сега реклами даваат)
Мене серијава ми е интересна и смешна. Баш посмешна ја прават имињава македонски и ќе продолжам да ја гледам зошто ме насмејува. Иначе македонските имиња се дадени според глумиците кои ги синхронизираат ликовите. Таци-Трајанка Илиева ; Гоца-Гордана Ендровска ; Биба-Билјана Беличанец. За другите две незнам.
Мене ми е интересна и си ја пратам. Се сложувам со вас дека сепак оригиналот е ориганал, ама мене и копијава ми е сосем задоволителна и интересна за поминување време.
Серијава почнав да ја пратам од неделата, и ми се допадна, знаат да ме насмеат и добри се. Сега, оргинал си е оригинал, ама и од трускава верзија сум задоволна. Имињата, ми беа чудни, ама како што споменаа горе, изгледа има врска со приватните имиња на оние што преведуваат, јаки им се имињата (колку што успеав да запамтам со оглед на тоа што серијава ја имам гледано два пати). Ќе продолжам да си ја пратам.
Мене многу ми се допадна и баш убаво ме насмеа. Иако си го сакам и оригиналот, оваа ми е поблиска по менталитет и по дијалозите.
И јас почнав да ја гледам од неделава. Мене ми е ок, нормално оригиналот е незаменлив, ама пак некако интересно е да гледаш како друг може истата приказна да ја направи. Инаку, не можев само да го познаам Том??? Го имаше воопшто во претходните серии?
^ Гоца, или Ѓулизар во Имотот на Дамата ми е гродотија. Најубави од машките се Леон и Мики. Женските убави се сите, Таци, Биба... И Фикрет (Биба) била убава бе.