Се согласувам дека не е лоша, дури интересна ми е. Што се однесува до имињата, тоа се вистинските имиња на глумиците кои ги надсинхронизираат ликовите: Трајанка Илиева - Таци, Билјана Беличанец - Биба, Гордана Ендровска - Гоца, Катерина Шехтанска - Кате и Марија Кондовска - Маке. Звучат секојдневно, што знам, ОК ми е.
Ја гледам серијава кога имам време, интересна е, а и смешна. Најсимпатична ми е Таци и таа со децата, не ми текнува како се вика во серијава, иначе Бену што глумеше во 1001 ноќ. Еве и некои слики Спојлер
Иако се копија и според мене и далеку од оригиналот подобро би ги гледала нив одколку „Езел“ и други турски серии, кои ме нервираат. А во врска со имињата кога ги слушам ми крадат насмевка
Ја гледав првата епизода и многу не ми се допадна. Копија е на оргиналната американска серија. Инаку много ме нервира што имињата се сменети и се ставени македонски имиња.
вчера случајно почнав да ја гледам епизодата, ама не ја догледав морав да излезам, ке ми каже ли некој што се случи со птиците ги препозна ли бабичката?
Сеуште не ја покажаа бабичката, тоа денес ќе го гледаме. Опасна ми беше Таци кога чуваше стража Се изнасмеав кога и се јави на ќерка и за да иде кај Маке да идат по Таци да ја земат. Како и кажа јас сум не знам каде, ќе им кажеш мајка ми е на улица не знае каде, ќе ја најдете одма. Пуста Таци така е кога шета по темната страна на градот.
Зашто овој на сосатнокот се шушкаше со кате...Инаку лееле овој Стефан не ми се верува дека го испратиле да ја заведе таци само заради нешто што треба да најде во нејзината куќа ...Да не знае некој што ќе се случи понатака ?
Мена пак оваа врезија ми е многу подобра изгледа зашто глумициве сите ги познавам и сме слични т.е. менталитет и дијалозите ни се скоро исти ... Иначе Таци ми е закон
Таци ми е најсмешна од сите. Секоја епизода мора по некој кикс да тресне. Биба ми е срцка, само стварно понекогаш претерува со педантеријата. Маке ме изнасмеа вчера. Се здиве кога таа наставничката или што и да и рече нешто за униформите. Гоца е многу итра и знае да се снаоѓа. Ја опраи свекрвата, хахаха. Иначе може некој што гледал да ми каже за кого работи Стефан и што е тоа што треба да го земе од куќата на Таци? И да, која е таа Дариа, што Мики ја има повредено?
Лелее тоа е мојата омилена серија многу ја сакам. Секогаш кога ја даваат јас си седам сама во соба и си ја гледам на мира и си се смеам... Многу ама многу ја сакам и многу ми се допаѓа. Би сакала да ја даваат секојден. Оригиналот го немам гледано само така некоја епизода случајно. Ама оваа турската верзија ми е фаворит А инаку таа Дарја е изгледа таа што ги пронајдоа коските во ковчегот за чеиз. Изгледа Мики несакајќи ја повредил па умрела и Кристина го скрила тоа ама некој очигледно дознал, тоа е моето мислење.
Дарија мислам дека е Спојлер вистинската мајка на Мики и Кристина мислам се викаше неа ја имаше убиено затоа што Дарија сакаше да си го врати синот.Кога Мики се разбуди ја виде Дарија целата во крв и затоа мисли дека ја има убиено. Но, не сум сигурна дали е тоа Дарија