Спојлер Знаев!Знаев дека Бри ќе му каже, премногу е тоа, па дури и за неа. А Зек И овој па на Сузан колку покварен испадна еј Бубрег, бубрег и ништо на крај Е ме изнервира ептен, перверзњак низаеден
Лудо, јас ја гледам на cucirca.com. Има и други серии таму, всушност повеќето популарни серии ги има на цуцирца Еве ти уште еден линк, директно до Очајни домаќинки http://www.cucirca.com/2007/05/22/watch-desperate-housewives-online/ А инаку Спојлер Знаев дека Бри ќе го направи ова. Само не знам сега дали Кит ќе остане со неа, не знам зошто не дадоа како ќе изреагира. Ми се допадна епизодата. И, многу ме насмеа Линет кога го плашеше Том Ја урнав собата од смеење
Спојлер За Бри се знаеше веќе, а и Кит си припаѓа со синот и онака со Бри немаше далеку да стигнат ( иако баш беа кул заедно) , вака барем јака причина извадоа продуцентиве за неговото заминување од серијата. Карлос ме израдува оваа епизода за поддршката што и ја даде на Габи. Порано Сузан заради тие откачености ја обожавав, сега некако Линет ми е интересна хаха, баш е супер
Спојлер Сепак мислам дека нема туку-така Кит да си отиде и мислам нема да и се налути зашто сепак му кажа колку толку на време, плус им помогна.Ќе има може сега сплетки нешто со мајката, па Бри да се нервира и слично, ама нема сигурно одма да ги разделат.Најбитното од се-му ја вратија брадата на Карлос, таков го сакам
Спојлер Умирам од љубопитност да дознаам што ке случи помеѓу Бри и Кит, иако мислев дека никогаш нема да му каже. Линет и мене ме насмеа, Том ептен страшиливец, а греота е така зошто мртов беше човекот. Јас од тој на Сузан ништо не би земала, тој ептен голем психопат. Пак ме фати жал за Габи, ја малтретирал и очувот а на никој не кажала, белки ке се пооправи малку од терапијата и пак ке стане како што си беше. Се заљубив во штиклите на Габи И Карлос пак пуштил брада, во преходната епизода немаше, ама ако вака ми е посекси, иако веќе остаре.
Спојлер Како не кажала, се знаеше уште од претходно дека очувот ја малтретирал. Карлос знаеше за тоа. Не е само тоа жално. Уште пожално е што мајка и на Габи не и верува дека таа била злоставувана, мисли дека таа го завела. Ова во втора сезона мислам дека беше, погледни ја таа епизода кога ќе дојде мајка и на Габи и ќе се понуди да им биде сурогат-мајка(тоа кога ќе пробуваат да имаат деца, кога мислеа дека Габи не може да има.). Да видиш само колку тажна епизода е таа
Не сум ја гледала таа епизода (Првата и втората сезона не ги следев редовно) А обавезно ке ја најдам и ке ја погледам. Ја обожавам Габи!
Вчера беше... може да има уште еднаш во текот на неделава, ама не знам кога точно. Во секој случај, репризата обавезно оди следниот работен ден (за било која серија важи ова).
Ееее како ги пропуштив. Ај ќе ги гледам денеска на нет. Интересна ми е серијата. Само не очекував дека Спојлер на Сузан ќерката ќе си го уништи така животот
Јас се извинувам на грешката ке има реприва во сабота од 21:10 еве и линк каде можете да ја гледате програмата. http://foxlife.foxchannels.rs/
Само што ја изгледав 15- та епизода... Спојлер Имаше доста убави и тажни моменти. На прво место го ставам случајот со Пол. Ми падна жал за човекот посебно на крај тоа што ќе и го рече на Бет Габи ме насмеа како и секогаш Си најде таа свој сопствен третман Сепак, делот каде што зборува со таа калуѓерката ме трогна. А моментот кога Линет им зборува на момците за тоа зошто толку многу ги разгалила, ме трогна многу и ме наежи, зошто ме потсети на мојата најмила мама. Таа секогаш ми го зборуваше ова, дека кога била дете таа многу се мачела и дека заради тоа сега толку ми угодува и ми дозволува. Не е ни чудо што сеуште не знам да готвам