Прекрасна епизода.. Спојлер Ми беше многу жал за Бри, ама таа врска секако немаше иднина, само се залажуваа. И така единствениот згоден маж во серијата си замина Убаво и кажа Габи на сестрата Цврста е она, нема гајле
Леле како сум можела да заборавам дека вчера излегува новата епизода на Очајни Домакинки. Сега ке ја гледам па ке коментирам... Спојлер Инаку прочитав дека си заминал Ким
Спојлер Сигурно сега Бри и Орсон ќе се смират Фала Богу, Габи и Карлос се вратија на старо, пак е акцентот на нив како пар, а на почетокот скоро ич не ги даваа.Оној Пол, аман веке, исфрустиран цел, сега пак нешто ќе мути.И треба Рене пак да ја активираат, многу ми е интересна.Како и да е, очајни јас многу ги сакам,не можам да им најдам замерка
Спојлер Мене пак ми падна жал за Пол. Стварно не е толку крив за се, како што сакаат да прикажат. А за Бри и Орсон Јас не сакам да се смират, досаден ми е Орсон веќе И да, во право си за Рене. Така интересен карактер, а многу малку е присутна, треба повеќе глупости од неа да има
Спојлер Си ја сакам Габи таква . А што се однесува до Бри не ми е жал, таа самата го натера на тоа, јас да бев на нејзино место ке се преселев во Флорида. Ми е жал само што веќе нема да го гледаме Кит. Сузан ми беше смешна кога ја користеше својата болест за да добие други поволности во секојдневните задачи. Но се чудам зошто се онесвести. За Пол воопшто не ми е жал, многу ми е одвратен, ми е жал за жена му. Но, епизодата ја направија интересна Линет и близнаците, и јас како Линет мислам дека е крајно време да почнат да се грижат самите за себе.
Спојлер Ама многу беше смешно, се спрема Линет да ги испрати, ги слика, а они пред куќата на Мекласки И вистина, она така ги одгледа, премногу заштитнички, ама секогаш го наоѓала излезот. Најјака домаќинка ми е
Спојлер Е да близнаците прво ја зезнаа Линет, но таа им е мајка ги родила и знае што можат да направат, затоа пак направи да се вратат дома и потоа пак испадна по нејзино....
На zamunda.net ги има, јас сега си ги симнувам и ке си ги гледам , само мораш да имаш акаунт а тој се плаќа
Аууу па јас многу сум пропуштила Сега ќе почнам па некако да се приклучам Инаку закон серија ме опушта максимално посебно глупостите на Габи и Сузан
Се нервирам шо на Рене ништо не и се дешава!! И се нервирам што домаќинките од така јака серија полна со случувања и мистерии се сведе на разводенето сценарио и никакви случувања. Не дека нема смешни моменти, ги има, ама од толку ненапнатост во серијата може лесно и да си заспиеш
Јас од сите домаќинки најмногу ја сакам Линет, одсекогаш ми била таква, цврста, паметна, снаодлива...Жена со карактер
Лелеееее, возбудливо! Не требаше да го изгледам промото! Сега сум нестрплива Што ќе се случи? Кој ќе се испука? ???????
Аман од тие паузи одвај чекам понеделник да дојде.... Многу сум љубопитна... Бај д веј не сакам ни една домаќинка да си го одземе животот....