Интересна епизода Спојлер Карлос не беше фер, не смееше така да ја тера да одбира... Жените не реагираат добро на ултиматуми А Линет си е приказна за себе Ама му го должи ова на Том, требаше да го поддржи, а не така да го обрука, себична испадна малку. А мене уште не ми е јасно, дали Пол стварно ја уби сестрата на ФелипаЁ Какви докази имаше за тоа?
Дефинитивно интересна епизода... Спојлер Почнувам да го мразам Карлос, ме потсека на мојот бивши Инаку многу ми беа интересни Габи и Бри, кога ја правеа питата, како и да е заедно успејаа. Линет си е секогаш приказна за себе, јас искрено понекогаш се чудам како Том успеал толку години да ја истрпи. А Сузан со нејзите секс сонови со Пол ме изненади, што се случува со неа, зошто чуствува наклонетост кон Пол? Инаку што се однесува до прашањето... Спојлер И јас баш не се секавам како беше, но мислам дека тој е убиецот. Бај д вел не е Фелипа туку Фелиша
Хухуху знам дека е Фелиша, печатна грешка Спојлер А мислам дека Сузан се осеќа виновна за Пол, како да е несреќен поради неа, па сака да ја оправи работата. Иако не заслужил
Реинбоу, во врска со прашањето... Спојлер Да, сигурно е Пол убиецот. Тоа воопшто не беше мистерија, уште во истата епизода дадоа како тој ја уби. Тој дозна дека Марта е таа што ја уценуваше Мери Алис, па поради тоа таа се самоуби. И сиот во бес, ја завлечка Марта од пред кола во куќата и ја уби, така нешто беше, знам дека таа беше со ќеси во рака пред багажникот од колата кога и пријде тој. Инаку, последната епизода стварно беше интересна. Бри и Габи ми беа многу смешни, колку само се внесија во нивната „афера“ А Линет сепак ја сфаќам до некаде, не е љубоморна таа што Том е успешен, туку заради тоа што таа се чувствува запоставена, а и башка знае дека е способна и дека не е фер некој однапред да и го определува местото што и како треба да прави за време на конференциите.. Сепак малку претера, но не го направи тоа со цел да го посрамоти Том, не и беше целта да биде фатена
Зошто Хуанита мисли дека Бри се обидува да ја убие? Спојлер http://www.facebook.com/video/video.php?v=10150157383038204
Спојлер Дали конечно Пол ќе скине конци? Ајде редно е веќе А За Карлос веќе не знам што да мислам. Дали е во право што и забрани на Габи да се дружи со Бри?
RainBow ја изгледа епизодата? И ако ја изгледа дај ми линк каде и јас да ја гледам, затоа што неможев да ја најдам.
Фала за линкот. Интересна епизода... Спојлер Ја обожавам Габи, јас се нервирам заедно со неа, но мораше да се покори на Карлос. А тие нејзините девојки се навистина „луди“. Умрев од смеење од нив. А Линет си е сама крива за ситуацијата, и сеуште не ми е јасно зошто сеуште се обидува да го контролира Том!?
Спојлер Габи барем се обиде да се спротистави, ама Карлос јака волја има, не се дава бре Ќе попушти валјда со тек на време. А како ви се допадна полицаецот на Бри, м? Симпатичен ми е некако :geek:
Спојлер Мене не ми е баш симпатичен, а па кога го споредам со бившиот на Бри е чиста 0. Но како и да е на Бри и треба маж, долго време е сингл. Инаку изгледа само јас и ти (RainBow) ја следиме серијата редовно, нешто осеќам дека ги снема фановите на домакинките.
Спојлер Па чекај ти, уште не сме го виделе, ќе покаже некој шарм сигурно, не е сепак таков мажјак како Кит, ама има нешто во него, осеќам Стварно, другиве ги снема нешто
Не има, не има, ама јас секогаш пред легнување ги гледам епизодите Спојлер Е Линет го претерува сега.Прво го палеше каква кола ќе возел, приватни летови не знам што, а сега се и смета и љубомори.А Том си е таков, цел живот не постигнал ништо, сега лета во облаци.Го гледев и спојлерот за следната епизода бетер ќе биде. Тој на Бри ич не ми е убав, па и со тоа ушите клемпави.Можеле некој посимпатичен Пол не би требало сега да умре, мислам дека ќе дознае дека некој го труел и логично дека ќе се посомнева во Сузан и сигурно ќе и се одмаздува. Габи сигурно пак вака или онака ќе контактира со Бри, ама може не одма.Ама ќерќите на Габи мора малку да ги ослабат, влегуваат во возраст кога веќе не им е симпатична дебелината И аман веќе нека прават нешто со Рене, џабе ја донесоа во серијава
Ја следев редовно серијава кога ја даваа на А1, штета што не ги даваат новите сезони. Имам гледано неколку нови епизоди на интернет и ми изгледаат многу добро. Омилен лик ми е Сузан зошто ме потсетува на мене, така по малку несмасна и секогаш се наоѓа во најневозможни и чудни ситуации
Јас ја следам најредовно. Седмава сезона дефинитивно ми е послаба од претходните. За последнава епизода, најсмешни ми беа Хуанита и Селија кога бегаа од Бри.
Jа гледам редовно серијава, едвај чекам понеделник да дојде... немам епизода пропуштено... супер е последнава сезона... Туку ме нервира таа без прстите ау страшна, ненормална Нема да ме чуди ако и направи нешто и на Сузан... а нареден понеделик сигурно ќе видат дека ТОЈ (заборавив како се вика) е отруен па виновна ќе биде Сузан... кутрата во споредба со претходните мажи на Бри, овој е супер