Очајни домаќинки (Desperate Housewives)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од wolf4e, 21 јули 2010.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Мноооогу ми беше интересна епизодава :)
    Се надевам дека Линет и Том нема стварно да ги разделат, ми беа синоним за убав и складен пар.Ама Линет направи од мравка слон, многу и беше глупаво однесувањето, а немаше причина.Габи има изгледа некој таен обожавател-манијак.Пол направи баш како што и очекував, ама ми падна жал за Сузан.Ама со Бри и тој Чак се изнасмеав :D За жал уште следниот понеделник ќе има само, ама ај ако ништо друг две епизоди одеднаш :D
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.231
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Две епизоди одеднаш? Па нели 24 епизоди имаат сезониве?
    И да, интересна епизода.
    Линет го претера и се согласувам со Том, дека она е таа која секогаш мора да ја има контролата. Но Том е тој што е исфрутстриран поради истото, па и он го претерува. Уф, и јас се надевам дека нема да се разделат, па поминале низ се и сешто, ваљда и ова ќе помине. Сузан е греота, ама мислам дека ќе и текне за Фелиша. Реакцијата за колачињата и беше претерана, па од еднаш ништо немаше да им се случи на луѓето, ама изгледа не знаеше за каков отров се работи. И хмм, кој ли е човекот што ја демне Габи?
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Да, да две епизоди ќе има 22ра и 23та следниот понеделник и завршува сезоната.
     
  4. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Штета што на крај од сезонава епизодиве станаа ептеен добри.
    Добро што и е проблемов на Линет, прво она го натера Том да се вработи таму, сега и смета.Премногу сака да ги контролира работите, поточно сака се од неа да зависи. Не верувам дека ќе се разведат, ова им е само уште една криза која после одреден период ќе им помине. Жал ми падна за Сузан ама со колачињата претера, точно не знаеше каков отров имаат но сепак... реакција уште пред да му објасни на Пол за што се работи-не и требаше.Ама ајде мора да биде интересно. Бри и Чак ми беа многу интереси и ќе испадне нешто добро од тоа. А се чудев кој е манијакот што ја демне Габриел, мислев се појавил претходно ама глеам по коментариве дека е не кој нов. Сигурно некој од градчето кај што живеела, можеби очувот што еднаш спомна кој ја малтретирал ко мала.... да не погаѓам едвај чекам да се дознае.
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    ^^
    И јас на очувот помислив. Памтам фаци, серијава ја следам уште од почетокот, ама овој типацов со шеширот не го препознав. Само што ептен на крај од сезонава се вмеша и тој во играта.
     
  6. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Па би требало да го има и во наредната сезона мистериозниов (ако има наредна, се надевам) зошто во секоја сезона на крај се појавува некој вака, претходната се појави Пол, пред тоа семејството што не ми текнува како се викаше -таа што правеше бомба ор самтинг... знаеш :)
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    ^
    Е па можно е мистериозниов да ја има главната пажња следната сезона. Инаку ќе има 8ма сезона 100%, а за 9та сеуште се во преговори :)
     
  8. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    199
    Не сум ја гледала последната епизода, не ми ни текна, еве сега ќе ја симнам и ќе коментирам.

    Сакав само да кажам:
    Кога тоа „Очајни домаќинки“ си го смени жанрот и од драма/мистерија се префрли во комедија? Тотално е без дејство оваа сезона, а она што најмногу ме нервира е што ништо не и се случува на Рене, за таков лик ли да не направат приказна бре? :x :x Ништо, ептен слаба сезона, се надевам дека е последна, ме разочараа многу. Златни први сезони, каде сте!?

    Хахахаха таман се пожалив дека нема мистерија во серијава и ете нова мистерија :) Се свестија сценаристиве изгледа :) Па добра беше епизодата, сега пак не знам како ќе заврши сезоната. Да не знае некоја дали ќе има нова?
     
  9. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Нешто прочитав 8ма сезона во септември.. па ке видиме колку е точно
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Сигурно ќе има осма, а веројатно и деветта.Што е до мене и за 10та нека размислуваат :D
     
  11. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Интересна епизода. Ме изнасмеаа Габи и Хуанита. Бри „фати“ нов дечко. Инаку и јас одвај чекам да дознаам кој е тој што ја демне Габи!?
    Инаку жал ми е што ке има само уште 2 епизоди, кој ке чека до септември ;(
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Да ве предупредам во линкот се раскажани последните две епизоди.До некаде прочитав и прекинав, да ми биде поинтересно :D
    http://desperate-housewives.tripod.com/id3.html
     
  13. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    А неее не сакам да знам, ако што ме копка... премногу :D
     
  14. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав предпоследната, последната ке ја оставам.... ке чекам до понеделник...
    Инаку добро си рековте вие, мистериозниот човек е очувот на Габи. Како ли ке реагираа таа!?
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.231
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    А што беше приказната со очувот? Ја силуваше или мене не ми ткнува нешто? И се вадат костури од плакарите, ништо ново.
     
  16. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
  17. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    да да ја силувал, кажано беше во епизодата кога Габриел и Карлос беа во градчето кај што живеела и Габи ја виде во црква калуѓерката на која што и кажала дека била силувана а таа не направила ништо туку ја осудила и и рекла дека она е сама крива.
     
  18. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    199
    Не го прочитав линкот што го објави femina90, не читам спојлери за наредни епизоди, но од вашите коментари видов дека мистериозниот тип е очувот на Габи и морам да коментирам, т.е. да се изначудам, зашто нели во таа епизодата кога Карлос и Габи отидоа во родниот град на Габи таа требаше на гробот на очувот, да каже како се чувствува во врска со се и да си ги ослободи маките....

    Или грешка сум. Ако не сум, ова е голем пропуст на продуцентите.
     
  19. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    oo не сум сигурна.... а тоа за очувот на Габи беше претпоставка.... не се сеќавам ова со гробот на татко и :?: останува да дознаеме во понеделник :)
     
  20. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Да, да таа мислеше дека тој е мртов но сега тој се појавува. Сеуште не се знае од кај „изникна“.