Серијава е back on track Завршницата предобра, како и секогаш. Спојлер Морам да си кажам дека си пуштив некоја солза за Линет и Том, најстабилен пар беа низ сито и решето поминаа заедно, а сега ова... И ете ги пак 4рите домаќинки заедно како на почетокот. Човекот мораше да умре, инаку можеше и на децата нешто да им направи, Карлос добро го среди Стварно, стварно интересни епизоди, и хумор и драма и трагедија
Конечно ми се спуштија епизодиве... едвај после идол да ги гледам, очекувам нешто драматично па и нешто што е неочекувано
Ептен сум назад со времето, гледам на Фокс лајф ги даваат,а тоа да ти била 6 та сезона и јас фино лепо си симнувам 7 ма, ама гледам нешто не ми штима Па ја симнав цела 6та, ја изгледав уште 5 епизоди имам и се радувам дека ја имам цела 7 ма за гледање
Ја сакам серијава иако не ја пратам редовно, и кога ја гледам не знам која сезона ја гледам Инаку омилена ми е Сузан зошто сме многу слични
Заедно се, не се одвоени. Спојлер Ех, како заврши, не ми се чека до септември сега Том и Линет некако многу вештачки ги разделија, одеднаш многу се караат, си сметаат и префрлаат и готово, не можат веќе заедноАма серија е, а не реалност, па кога веќе ги разделија баш сакам да и најдат некој на Линет да ја видиме малку со друг маж каква ќе биде Тоа со Карлос нема шанса да остане тајна, сигурно ќе одговара и сигурно тоа ќе биде причина за караница межу Бри и Чак.Фала богу нема да ја гледаме веќе и онаа Фелиша ненормалната.И сепак ми е мило некако што Пол не умре.
Ааа каков крај дефинитивно една од поубвите сезони, без првите епизоди Спојлер Том и Линет за многу глупости ми се разделија, мислев се ќе си средат ама ако да убијат монотонија. Ми падна многу жал за Габи кога ја нападна тој ама знаев дека Карлос ќе ја спаси, а тајната на 4те домаќинки сигурно ќе ги прогонува цела сезона. Стварно добра сезона имаше многу смеење, мистерија, трагедија баш се, комплетна сезона и пред се убава сезонава зошто гланивните работи беа концентрирани на главните ликови а не на некој нови. Едвај чекам нова сезона. Дефинитивно после 7 сезони уште не ми е ни малку здосадена серијава. бтв: убаво си погодив дека очувот е тој манијакот што ја демне Габи
Леле имам цели три епизоди за гледање Од премногу обврски немав време ни очајни домаќинки редовно да си ги следам Одам да гледам сега (смајли што трие рачиња задоволно)
Спојлер Не, не и не!!!! Не им требаше ова со Линет и Том! Па барем за нив верував дека секогаш ќе бидат заедно, дека нема да се изневерат и дека нема да се разделат. Многу ми е мака за нив, најмногу ме погоди тоа Инаку, многу возбудлива завршница, одамна се немав вака почувствувано додека го гледам очајни домаќинки. Кој ќе чека сега цело лето за новата сезона
Епа ја морам да промрчам... Спојлер како го уби Карлос типот, со свеќарник хахахах, многу јако оружје И сега што, Габи има тајна, т.е. сите домаќинки имаат тајна и таа ќе биде главната мистерија во 8-ма сезона? Што знам, ич не ми се допадна завршетокот на сезонава. А па како ги разделија Линет и Том, без врска, дури и не знам зошто се скараа... па и на Рене аман нека и направат нешто интересно, доста само онака се провлекува низ серијата. Се гледа дека сценаристите однемуваат идеи. Серијава од мистерија/драма испомеша се живо и диво, комедија, трагедија... Седмава сезона ми беше мноооооогу бледа. Ех, Ех кога ќе се сетам колку одлични сезони беа од 1-4. Па и 5-та и 6-та кои ги сметав за послаби, се предобри во споредба со оваа. Ах, ми недостига Кетрин, ми беше една од омилените домаќинки За Иди да не правиме муабет Инаку морам да кажам дека се соживувам многу со Сузан, и јас исто како неа само да помогнам и на крај јас испаѓам лошата Спојлер уште малку исто како и таа за малку во затвор да завршам исто сум и трапава како неа, ееее да му се сневиди
Спојлер Јас мислам дека на Линет и на Том им се собираше некако, не беше така одненадеж. А за свеќарникот, па нормално дека може да го убие, ако го погоди на незгодно место. Се надевам дека ќе направат нешто за Рене да не биде само украс во следната сезона.
Спојлер Па добро, не е дека Линет и Том немале кризи, ама не се разделија тогаш кога им беше најтешко (кога Линет дозна дека има ќерка со друга, дека спиел со Рене и кога Том дозна за флертовите на Линет со оној готвачот у пицеријата...), па сега најдоа да се разделат поради тоа што Том е сега главен. Ама кога ќе размислам капка по капка се собира, и најмалото нешто може да биде причина за разделување. Инаку, „тајнава“ за во 8-мата сезона и не е тајна, сите знаеме што се случи И пак нема некоја мистерија за наредна сезона. До сега, обично во последна епизода давале некоја мистерија што ќе биде главна тема за наредната сезона. Сега во 8-мава којзнае што ќе се дешава. А ако се паметни домаќинкиве, едноставно нека го закопаат негде телото, и онака сите го мислат дека очувот на Габи е мртов, па никој ништо нема да се посомнева А Бри полека, полека ми станува омилена, на почетокот не можев да ја смислам оти беше така стегната и домаќинка за пример, ама од кога се опушти со маживе, некако фенси ми е хахаха
Спојлер Том и Линет се разделија сега зошто двајцата се со сосема спротивни ставови и гледишта на животот од нивната сегашна точка. А мене ми се допаѓаше крајов зошто не заврши со појавување на некој нов, и незнаеме баш што ќе се случува со домаќинкиве. Можат да ја свртат серијава како сакаат. А Рене со оглед на нејзината никаква улога подобро ич веќе да не ја даваат и да освежат со нешто поатрактивно
Па очајни домаќинки уште од почеток имаа испомешани жанрови, комедија, мистерија, драма... Уште од прва сезона е така, убаво се сеќавам дека се имам и газено од смеа и плачено на некои од епизодите. А мистерија одсекогаш си имало и точно е дека во последнава сезона некако послаби им беа мистериите, ама мене сепак пак ми беше задоволство да ги гледам. Спојлер Мене само многу ме нервира што ги разделија Линет и Том, нели тие беа симбол на непобедливото во серијата, единствен брачен пар што помина низ се и пак остана заедно.
Леле, значи ве читам и си се чудам. Колку немам гледано Спојлер Ке може ли некоја да ми каже каква тајна чуваат домаќинкиве и кого убиле? И кој манијак ја напаѓал Габи? И каде се Кетрин и Иди? И што се случи со Бри и Орсон? (Хаха да, не се чудете од таму немам гледано ) Ке ви бидам благодарна ако одговорите на било кое од моите прашања.
Спојлер Карлос го уби очувот на Габи кој ја силувал како помала и сега пофторно се појави и другите домаќинки го видоја телото на убиениот и се договорија да го скријат и убиството да остане нивна тајна.Кетрин замина во Париз со девојка и (да најде девојка) зошто сите ја гледаа чудно зошто станала лезбејка. Иди умре имаше несреќа со колата во моментот кога бегаше од нејзиниот сопруг - психопат. Бри и Орсон се разведоа откако Орсон дозна дека Бри го извеверувала, ама едно време беа заедно зошто Орсон имаше несреќа па остана инвалид, па после он неа ја извевери и толку. Одприлика ти одговорив на прашањава ама ти препорачувам да ги гледаш сите сезони нема да згрешиш, скоро сите беа ептен добри
Како да заборавам да коментирам, а ја изгледав епизодата. Заборавена! Спојлер И мене ептен ми е жал за Линет и за Том, но тоа не е одеднаш, кога Том ја прифати работата тие почнаа со проблемите во бракот, а за сето тоа е виновна Линет, таа го натера Том да ја прифати работата. Инаку ми беа идеален пар, сега нема на кој да се восхитувам. За тајната на Карлос & Габи се знае дека ке се дознае во 8мата сезона, инаку добро постапи што си ја заштити жената, но тој мострум не требаше така да умре, му требаше малку мачење. Еве конечно афера и на Рене, макар кратка Нешто осеќам дека ке се врати на бившиот и ке ни „избега“ од серијата. И фала богу, нема веке да ги гледаме Пол и Фелиша.
Јас дури сега најдов време ја ги изгледам последниве две и многу сум задоволна од тоа како заврши, очекував да заврши глупо, зашто цела сезона некако би беше слаба, ама на овие прследниве две, саат ипол не трепнав Спојлер Мене баш ми е реално за тоа како Том и Линет ги разделија, во секоја друга ситуација имаше некој крив и се обидуваа да ја решат ситуацијата. Кога се појави на Том другото дете, тој беше крив и се извинуваше, Линет му прости. Кога Линет флертуваше, тој и прости. Кога имаа финансиски кризи и рак и двајцата се трудеа, не беше до нив. Ама ова сега баш ми е реално, и двајцата така се чувствуваат и двајцата на некој начин се во право и никој несака да смени. Никој нема сила да се труди веќе. Баш моментот каде чашата се прелева. Вакви моменти во животот имаме колку сакаш. Ќе поминеш низ се и сешто, за на крај работата да не ја бива за ситница. Реалност Жално ми е, зашто ми беа идеален пар. Ама се надевам спремат нешто интересно Ми се свиѓаше и она како домаќинќите ги споија со една огромна тајна. Габи и Бри немора веќе да се избегнуваат. Задно се сите во ова. А тоа како го убил, мислам дека може човек да почине од удар во глава, не е нешто сајнс фикшн. Карлос срцка, колку си ја сака Габи, а оваа лом се правеше со градинарот ах, тој лик ми недостасува Се надевам оваа црната ќе си фати некој богаташ и наредната сезона на нејзино место ќе доведат некоја мистериозна личност. Со нови тајни и сплетки И после 7 сезони уште ја обожавам, и едвај чекам нова. Ги сакам, посебно Сузан, каква е трапава, баш во последната сезона колку се изнасмеав Спојлер коа газеше по тревата и како срипа наеднаш кога го виде знакот И Габи ја сакам со нејзините сплекти, како знае да си намести се во своја корист
Ми се допаднаа последниве 2 епизоди,се врати дел од стариот сјај на серијава,малку досадна беше оваа сезона. Спојлер јас пак мислам во нареднава сезона ќе ги спојаат Том и Рене,нели тој и непреболена љубов,а тој сега е слободен