Девојки, а кога ќе почне новата сезона на А1? Дали треба да чекам до Септември? Сега ги гледам на Фокс Лајф иако речиси сите епизоди ги имам гледано, и полека но сигурно ги стигнаа епизодите од А1. Многу ја сакам серијата, и сите домаќинки ми се симпатични на посебен начин. Од мажите омилем ми е Карлос. Некако ме смирува кога го гледам, незнам каков е актерот во приватниот живот, ама ликот на Карлос ми е супер.
И мене ми е супер серијава и пошто не ја даваат на А1 сега, ја гледам на FOX LIFE ако ми се гледани епизодите. Инаку немам омилен лик, сите ми се интересни а најсекси глумец ми беше овој внукот на Иди, Остин мислам се викаше кој ја забремени ќерката на Бри и го натераа човекот да се сели мн сексииииии ми беше!!!
Редовно ги следам на Фокс Лајф и мислам дека по 100ти пат да ги гледам сите епизоди, нема да ми се здосадат. Од мажите карактерно ми се допаѓа Карлос, а од жените Бри. Ева Лонгориа ми е една од омилените глумици...
Едвај чекам да почне 6тата сезона на А1, ако продолжат да ја даваат. Моментално ја гледам на FoxLife. Инаку омилен лик ми е Сузан
најинтересни ми се Габи и Сузан,Најубави сите 4,а најглубава Иди ....отсекогаш сум го гледала тој филм но кога наполнив 16 престанав да го гледам незз зошто....браво за темава и за таа што ја направила темава