Нова сезона? Тоа би било одлично... Ги има изгледано сите епизоди и дома имам цела колекција од нив и ми се меѓу најомилените серии кои што досега ги имам гледано.
8 сезони и малку помалку од 200 епизоди е сосема доволно. Не дека нема да ми фалат, но толку многу дешавки се случија во овие 8 години и отпочеток ако беше очајни домаќинки серија за женски проблеми, фамилијарна серија, последниве сезони се повеќе е со криминалистички елементи и со лудникави соседи. Но ми се допаѓа што се има во серијава, од стории за деца, до млади девојки и нивни проблеми, најмногу секако женски проблеми, но тука се и машките проблеми во соседството, проблеми на бабите и дедовците, геј парови, лезбо елементи, швалерај, сиромаштија, луксуз и богатство, од конзервативни до модерни мислења и воспитувања, пад на авион, ураган, здравствени проблеми, самоубиства, е сега малку претераа со убиствата на Вистерија Лејн од мирно место прерасна во мини Бруклин. А и претерана ми беше приказната со акушерката и со менувањето на децата па баш тоа на некоја од цуркиве да и се деси, на 5 семејства се им се случи што може да им се деси наjмалку на 500 семејства реално Така да јас не би земала куќа на Вистерија Лејн за вас не знам
http://www.youtube.com/watch?v=VGAIp7eaM28 Изјавата е од офицојалниот фб на Ева. Инаку еве има поткренато петиција за 9 сезона. http://www.petitions24.com/season_9_for ... housewives
Ја имам гледано планирам пак да ја почнам само да не претеруваат бе со толку криминал не е ова CSI Majami фамилијарна е луѓееее!
Луѓе- јас порано ја гледав на РТЛ на хрватската, ама не ми текнува до која сезона- 5тата мислам дека ја гледав, а сакам да ве прашам со која сезона е ураганот, кога Кетрин ќе дознае се за маж и, Карлос ќе ги изгуби парите и некој мислам ќе умреше Која сезона е ова? За да знам од каде да продолжам бидејќи на јутјуб 6тата не ми ја покажува и не можам да се ориентирам
Претпоставувам мислиш на торнадото, не се сеќавам за ураган во серијава, тоа е 4та сезона.Значи од 5та треба да гледаш, ах, блазе си ти
Па торнадо, ураган- што и да е Па гледав нешто од петта на јутјуб и гледани ми беа епизодите, ама значи торнадото е во 4та сигурно ? Епа ајде ќе си симнам од 5та тогаш А кога се разјасни тоа со маж и на Иди- тој плавиот, кога сакаше да ја убие Сузан и нејзиното синче- и тоа е во 4та ?
Ја даваа неколку пати и на А1 и на Фокс, може таму си фаќала некогаш.Инаку, сигурно е во 4та сезона, во 5та веќе Карлос е сиромашен и се вртат работите околу Иди и маж и
Фемина ти благодарам, ама пак не ми е јасно- не ме тепај Значи ја гледав на РТЛ и еве поминало торнадото, после во петта Иди доаѓа со маж и, тој е фин со сите се додека на крај сака да ја убие Сузан со син и исто како што загинала жена му. Се лажам или тоа навистина е во 5тата ?
Жал ми е што ќе заврши, и гледајќи по другиве коментари за криминалистичките моменти во серијава ја би, и ми се занимливи, тоа некако сакам да го гледам и читам. Ради би гледала и 20 сезони да има, не знам онака ликовите ми се мх мх милина и за гледање и за слушање! Омилени: наравно лепа Габи и Сузито
многу си беше убава серијата ама како што викаат за се си има крај па така и за серијава иначе габи ми е омилена
А на Фокс Лајф која сезона игра и кога ја даваат ? Никако не можам да ја начекам Спојлер .А јас застанав на таа епизодата кога Дејв сакаше да го убие синот на Сузан па дојде Мајкл и го спасија,па после покажаа како Мајк се жени со некоја но не покажаа со која препоставувам дека тоа беше крајот на сезоната. А после тоа ја исклучија А1 и не можев да видам дали има уште епизоди од таа сезона.
Таа епизода што си ја гледала е последната епизода од 5-та сезона. Ехеееее, имаш уште цели 2 сезони од Очајните да гледаш. И последната, 8-ма сезона, која ќе почне да се прикажува во Америка од септември.
Ќе ми дадете ли признание ако ви кажам дека секоја епизода ми е гледана над 4 пати? Значи,ако имам опсесија,тоа е оваа серија. Ја обожавам. Нема лик што не го сакам. Ама Габи неможе да не ја сакаш! Ама сметам дека Рене никогаш нема да ја замени Иди. Иди ми беше легенда. Омилена сезона ми беше 6 со Енџи Болен. А во врска со седмата Спојлер Многу ми беше жал за Линет и Том. Ама Линет ги претера сите граници.Неможе секогаш нејзината одлука да е последна. Се чудам како порано не си замина Том. Габи уште еднаш покажа колку е проклето силна. Баш ми е драго што Сузан нема да ја напушти серијата...Нема да биде исто без неа. А за новата сезона прочитав дека Спојлер Том и Рене ќе бидат во врска. Едвај чекам да видам кој ќе биде новата мистерија оваа сезона. Само ако не гледате и не ја снимат деветата. Има сите до еден да ве испотепам. Незнам како престанав да се смеам после ова. Најсмешен момент во серијата. Хендс даун. http://www.youtube.com/watch?v=1iOoiHvaeYc "Did you hear me? I said I love him!" "I heard you,I was swallowing vomit!"