Пред некој ден се сетив дека јас не ја догледав 7мата сезона И еве ме го догледав крајот. Само мене ли ми течеа солзи и чуствував бес и гнев додека Габи се бореше со своето минато? Леле и јас ќе го убиев да ми беше пред мене. Сепак добар крај, да не речам одличен. Одвај ја чекам 8мава последна сезона, а дека ќе ми фалат домаќинкиве од мај па натаму тоа секако. Но сепак овие 8 години толку работи се испреплетаа да Вистерија Лејн е се само не мирно место за живеење
Ми се здосадија ама ај дека последна сезона ќе им биде па ќе ги гледам. Очекувањата ми се мали за жал
^ Сега самошто ја догледав. Официјално, Очајни Домаќинки се borring as hell. Спојлер But I do like the momment of deja vu Уствари, имаат комични сцени коишто се стварно смешни, ама истрошено ми делуваат сите, ко да им е смачено да глумат веќе.
Спојлер I know what you did Колку само е излитена фразава. Не беше нешто очајна епизодава, ама досадни се веќе. Само ми се свиѓаше аналогија на расчистување на хаосот по забавата и останувањето на пријателките да помогнат, со убиството Добро е што е последна сезона, иако по толку време ќе ми биде и малкуцка жал што ќе заврши.
Спојлер My thoughts exactly Кој ќе се клади со мене дека новиот комшија е тој што знае, и е син/внук/другар/whatever на очувот на Габи?
Спојлер Бри ми е многу освежена, разубавена, до тој дечкото да не е Ме интересира каква разрешница ќе има се ова, дали ќе ги откријат.Ако биде така, тогаш Габи пак ќе биде сиромашна. Линет многу, ама многу ме изнервира како му кажа на Том, на крај сигурно она ќе сака да се смират, а он не.Глупача, ама стварно. Ова беше една од ретките епизоди Сузан да ја видиме со исфенирана коса Епизодата беше ок, не којзнае што, сплетките тек следат
Спојлер И мене ме изнервира Линет. Том сирот, одма ќе се смирува. Ќе мора да ги откријат за да се реши работата, се надевам нема цела сезона да гледаме како се борат со грижата на совест
Спојлер Не знам зошто сите ја искритикувавте првата епизода, мене баш ми беше интересна. И домаќинките воопшто не ми делуваат истрошено и здодевно. Често велам дека Вистерија Лејн, треба да се преименува во Мистерија Лејн! Очекувам интересна и возбудлива сезона како и претходните. И знаев дека мора да има и некој нов сосед, без тоа не би било интересно. Којзнае каква тајна има новиов убавец со британски акцент...
Ја изгледав првата епизода и мене ми беше интересна Сакав да прашам на колку време се дава следната епизода?
На една недела, секоја сабота нова епизода. А по наше време му доаѓа недела. Утре сабајле ќе ја има новата епизода на торенти
Спојлер Мене ми беше интересна епизодата, одвај чекам да излезе следната, ми се допадна тоа како се решија од нередот, само Сузан ме изнерзира кога почна да се дели од живиот свет... а да и Линет, каква шанса имаше, таа ја пропушти... Инаку имаше и смешни моменти, посебно со новиот сосед, кога Габи раскажуваше за него а тој зад неа , и кога Рене отиде да му се „нуди“ а тој ја одби..
Аууу... ја заборавив дека почна новата сезона... Денес ОБАВЕЗНО кога ќе си дојдам дома се зафаќам со работа (симнување торенти) и уживање
Јас Очајни домаќинки си гледам на фокс лајф секоја сабота и недела од 20:05. Можно е и јас да си ја симнам цела серија од почеток до каде што е стасана оти тука на фокс понекогаш неможам да гледам.
Спојлер Можно ли е Чак да ја напишал пораката? Зошто би го правел тоа? Инаку епизодава не ми беше нешто спектакуларна, ама онака, интересна