Спојлер Ана Солис му е внука на Карлос. Тие решија да се гришат за неа оти баба и беше пред умирање. Јас во главата си направив филмчиња,и на крајот ми испадна како шпанска серија. Замислете Мери Алис и Анџела да бидат две различни личности?! Aма сепак,нема шанси Шери да го направи така крајот,ептен би било глупо. Осма сезона ми е океј за сега. Не сфаќам зошто критикувате. Неможе уште од прва сезона да почнат со заплет и раслпет! Исто така солзи ми потекоа од смеа кога Линет и дадe совет на Габи за сексуалниот живот: -You can always watch porn. -Watched one,filmed one,next? http://www.youtube.com/watch?v=zoS9SYslHRg Спојлер EW! Сузан и Карлос?! Де бре!!!!
Спојлер Солидна епизода. Сузан ми иде на нерви, некои глупости прави за да ја „фатат“. Габи ми беше јака со стриптизетата Инаку и јас не мислам дека Чак има нешто врска со тоа писмо. А новиот сосед е донесен само за Рене, да не остане без маж кутрата.
Серијава прво почнав да ја гледам на А1, продолжив на Fox Life, па сега откако ги изгледав сезоните што ги даваат, ја гледам онлајн. Интересна ми е, немам пропуштено епизода, дури и репризите што ги даваа на А1 за време на летниот ги гледав. Спојлер Се надевам дека продуцентите како за финална сезона, ќе ја направат интересна и возбудлива. Почнаа солидно, особено ми се допаѓаше поентата во првата епизода за пријателството. Ни мене не ми се допаѓа што оставија многу работи недовршени, што туку така исчезнаа многу ликови кои претходно беа клучни. Испаѓа како само да земаат ликови колку да направат заплет, а при крај на сезона ги откачуваат...
Е многу беше добра новава епизода. Спојлер Чак како се преобрази кога и се испоразвика и Мајк конечно дозна, што мислите дали ќе има некакви последици за нивнатиот брак? Јас сепак мислам дека ќе помине некако преку тоа. И кој ги бараше Ли и Боб, па добро Ли барем Интересни беа.
Спојлер Мислам дека Мајк нема премине туку-така, нели се збореше дека Сузан ќе се сплетка со некој нов.Тоа и не е баш фер, зашто он има убиено човек и лежеше во затвор. Многу, ама многу ми криво за Бри.Ми станаа многу убав пар и сега пак ќе остане сама.Како го потегна за краватата во ресторанот Работава е заради Габи сите страдаат, она гајле нема. Супер епизода
Само што ја изгледав третава, одлична епизода. Спојлер Знаев дека Сузан и Карлос ќе ја заплеткаат работата и дека така ќе испадне - искрено ми падна жал за Мајк Од друга страна ме изненади намерата на детективот (му го заборавив името), но постапката на крајот беше страшна. Ипак ниту еден крај не заслужува такво драматизирање.
Спојлер А и не беа нешто долго заедно па толку да се изнавика. А Сузан нов ќе има? Јас па мислев дека Мајк ќе и прости баш поради неговата историја. Ипак, не го лажеше по нејзина воља ја натераа другите, а она ете сепак му кажа.
Спојлер Не верувам дека Мајк ќе каже... Ова прават демек неизвесно да биде ама нема да ги издаде. За да биде поинтересно сигурно ќе се скара со Сузан ор самтинг
Спојлер Така се пишуваше, дека ќе има нов.Ама на крај сигурно ќе бидат пак заедно зашто е пследна сезона.И мислам дека Чак ќе биде тој што ќе ги извади сите на крај, нема како инаку да избегнат казна.Требаше Бри да му каже, сигурно немаше да ги издаде
Многу интересна епизода! Спојлер Сега уште повеќе се замислив кој би можел да и го прати писмото на Бри ако не е Чак. Не знам што ќе се случи со бракот на Мајк и Сузан, ама мислам дека Мајк нема да ги издаде. Линет ми е некако изгубена, којзнае што ќе се случи со неа. Може ќе го најде својот душевен мир со јогата И мило ми е што ги вратија Боб и Ли во игра, со нив е поинтересно. Преубаво девојченце имаат. А Рене ми е врв, ептен е откачена
Искрено во првата епизода на осмава сезона ме изнервира Линет многу глупаво се испонаша што спиеше со том а после сирот го шитна
Јас седмата сезона ја гледам, оваа Рене многу ја сакам, одлична глумица е, најинтересна ми стана за гледање, ама Спојлер ако продлжи да му се припуштава на Том и се деси нешто жими се` ќе кршам екран.
Хахахаха се пресмеав на новата епизода со Рене и Линет, браво, колку се откачени и двете ги обожавам Неочекувано (за мене) интересна епизода Спојлер Знаев дека Чак така ќе и изреагира на Бри, а за Мајк ако стварно ги издаде или почне да глуми лудило, ќе ги испокршам, он баш треба да ги сфати и да ги поддржува оти и самиот убил човек. А и Габи претерува веќе со нејзиното баш-ми-е-гајле за се, глупача, ако продолжи вака ќе ми стане антипатична и одбивна
Спојлер Мене па Линет ептен ми иде на живци со нејзиното солење на памет. Ши ис д бос, нејзиниот збор е прв и последен. Па и јас да бев муж ќе ја оставев жими све, оток невиден. Но затоа супер беше приказната за Боб и Ли како родители. И браво за Рене
Девојки едвај чекам да ја изгледам втората епизода од 8 та сезона. До сега сите серии онлајн ги гледав на http://www.cucirca.com/category/desperate-housewives/ ама нешто странава не ми фумнкционира Каде ги глеавте 2 и 3 серија од 8 Сезона??? Спојлер Уф леле едвај чекам да видам што ќе биде со тоа писмото. И да видам што ќе стане со Линет и Том. И така ми беше бич низ сите сезони, белки тука ќе и дојде паметот
Јас пак уште чекам епизоди од 7ма сезона, заборавив дека се по 22 а оно 8ма да ти почнела веќе, неонка сум нема што и изгледа добра е новата сезона а?