Ги нема веќе партиите покер, смешните сцени, глупостите на Сузан и Габи. Ниеден од паровите не прикажува чиста љубов, сите се заникаде. Знам дека така е името на серијата ама ептен очајни ги направија. Само несреќи им се случуваат. Првите 6 сезони се одлични, и по неколку пати ги имам гледано, на а1, на фокс лајф....ама последниве ме разочараа. Ги гледам ама не со толкаво задоволсво.
Новата епизода? Anyone? Прееска ја изгледав, па да си дадам коментар: Спојлер Многу ме изнервира Габи, станала ептен себична. Тера некој филм - јас и никој друг, а не гледа дека Карлос полека паѓа во депресија. До тој степен што изгледа ќе стане алкохоличар. Линет, врти сучи, пак изгледа ќе си се врати со Том, ама најверојатно продуцентите решиле во ова сезона главен проблем кај нив ќе биде разводот, па ќе го влечкаат се до крајот. Се надевам дека пак ќе ги вратат заедно. Некако ми мириса дека Бри ќе се спанџа со овој новиов, иако Рене го мерка. А за Сузан не знам што да искоментирам, откачена до даска
Дефинитивно се согласувам. Во ниеден момент нема хумор и смешни случки, сите се некако down... некако нема живост во последнава сезона. Спојлер Што се однесува на новава епизода, ништо посебно. Габи продолжува со нејзиниот животен стил, ама мислам дека ќе и дојде паметот, сега кога Карлос има нагон да стане алкохоличар. И јас како и АнаКаренина мислам дека Бри ќе има нешто со новиов, макар што некако мн огу одбивен ми станува. Дури во некои коментари имам читано дека тој е син на очувот на Габи...што знам, може има нешто вистина. Сузан ме нервира, ич не ми се интересни тие нејзини часови по цртање, и дури досаден ми е делот со Сузан...а толку ми беше позитивна и забавна. Линет колку е само убава кога ќе се дотера Баш беше секси типчево, не знам шо се предомисли во последен момент
Спојлер Па не е лесно по толку години брак, да бидеш само со еден маж и потоа да имаш секс со друг. Си треба време малку, иако се надевам дека ќе сфатат дека се сакаат и ќе се смират. Мене па последнава сезона ми е баш интересна, со исклучок на Габи што стварно ме нервира.
Спојлер Me нервира и мене Габи, ама и Карлос не покажа за неа трошка разбирање кога се случи тоа со децата.Сцените со Сузан и цртањето не се дадени туку така, туку за она да го исфрли бесот од себе.Бри не верувам дека ќе направи нешто со новиот зашто јасно кажаа дека Рене е со него.Плус на Бри ќе и го чуваат Чак сигурно.За Линет ми е мнгу, многу жал. И девојки, не ги разбирам некои од вас.Немало хумор, досадна била.Ова не е комедија, пред се е драма и не може сите 24 епизоди да бидат уау.Нормално дека некоја ќе е ваква, некоја онаква.Само се буните, а пак ја гледате.Не разбирам. И еве промо од следната епизода.Многу малку откриваат http://www.youtube.com/watch?v=URghhFK1lTk
Па по толку години гледање каква и да ја направат серијава тешко некој да се откаже. Мора да се догледа, тоа е. Спојлер А имаш право за децата кога беше случката. И на Карлос ич не му беше гајле тогаш, него го плукавме
Е не знам зошто велите дека се послаби последните сезони,мене ми се исто интересни и мистериозни.Ја пратам сега 7-мата сезона на Фокс Лајф и ако има серија која е стандардно добра тоа се Очајните домаќинки.Во секоја сезона воведуваат нови ликови,нови соседи,мистерии и секако тука се испадите на домаќинките и хуморот . Единствена серија која ја пратам уште од првите епизоди на Фокс Лајф и А1 што ги даваа и уште не ми е здосадила.
Спојлер Дечки, касно открив дека ги даваат домачициве на Фокс лајф, и страшно ме нервира што не можам да ја сконтам работава со Хуанита? Биолошка ќерка е на Габи и Карлос, или? (ја гледав епизодата додека беше во болница и Габи го искина листот што и го даде сестрата) И каде е жити се, другото нивно девојче, нели 2 имаа едно време? Одамна ги немав гледано, многу се измениле настаниве - мај бед.
Спојлер Уште кога се породила Габи, и го смениле бебето. Хуанита не е нивна билошка ќерка. Во понатамошните епизоди ќе ја најде вистинската ќерка, и верувале или не, иста е ко Габи прчла невидена... Ќе се запознаат со семејството кое ја има нивната ќерка (она Грејс се вика), односно билошките родители на Хуанита. Ама ајде гледај, па ќе видиш колку интересни случки има..
Најновата епизода беше врв... на досада Ќе фатам да си ги симнам од прва сезона, да се потсетам кои беа Очајни домаќинки во целиот нивен сјај
Спојлер Новата епизода не беше баш нешто посебно, само мило ми е што Габи си ја научи лекцијата, но сепак ме фати жал. А на крајот баш не разбрав што ке прави Бри во шумата? Инаку сакам Линет и Том повторно да се заедно што поскоро, не им личи разделени. Како и да е одвај чекам утре да ја гледам новата хелоувин епизода.
Спојлер Па нели со Бен ќе градат таму некој центар за бездомни луѓе, и он ја однесе на местото каде што ќе се гради центарот, т.е. во шумата.
Jaс да прашам нешто, ама не ми се смејте. Дали во некоја од минативе епизоди имаше сцена како Чак јаде на работа и колега му носи папка со исчезнати лица и меѓу нив очувот или јас сум сонувала?
Го гледав, ама нема таква сцена во трејлерот.Плус ова го мислам повеќе од недела дена и мислев дека ми е од трејлер за минатата епизода, а не се случи
^Не си ја сонила сцената беше на крајот на епизодата кога му раскина Бри на Чак, мислам претпрошлата епизода беше
Спојлер Да, имаше таква сцена. Сега ќе ја раскопаат шумата и ќе го најдат телото, а Чак ќе биде задолжен за случајот. Ќе биде интересно
Дефинитивно сезонава станува се поинтересна! :up: Спојлер Ми падна жал за Линет кога ја молеше оваа новава да и го остави Том. Делуваше толку очајна, се гледа дека не сака да продолжи без него, ама Том како да сака развод. Бри ми се чини е најнапатена и најжртвувана со ова убиствово. Се таа смислува што да се прави, сите планови таа ги прави, ми се чини неа најмногу ја измачува. А Габи прчлата не знае ни лопата да држи И дефинитивно не очекував дека телото нема да биде таму каде што го закопале. Еве веќе размислувам и се обидувам да предвидам што ќе се случи во следните епизоди. Како и да е, солидно како за последна сезона
Уживав во епизодава Спојлер И Том се прави фраер, после како попче ќе се врати кај Линет.Таа новата е многу фина и симпатична признавам.Многу ми е мило што Рене си најде вака некој асален Штета што немаме ваква традиција за Халовин, поинтересна е од Валентајн