Ја гледав серијава кога се емитуваше на А1, сеа нема А1 на кабловска се а јас имам сателитска (катастрофа) , а баш би сакала да ги гледам многу интересна серија
Па можеш да ја гледаш или симнеш од интернет, јас не памтам кога последен пат сум гледала серија на ТВ
И јас би сакала да немав спор нет, а ако симнам па уште толку спор Ај да се надевам дека ќе ја емитуваат на некоја од нашиве
Интересна епизода Spoiler Само ми се чини дека некако пребрзо почнува да се открива убиството, а тек се во првата половина од сезоната. Можеби после планираат темата на епизодите да биде разрешување на случајот. Многу ми падна жал за Линет, не сакам да ги разделат со Том, а по тој пат тргнале. Се надевам дека Карлос ќе почне со рехабилитација, ама сега Бри изгледа ќе се врати на пиењето. Сузан како и секогаш - глупирање во јавност, ама самата си е крива.
Сезонава е мислам најдобра до сега. Spoiler Па добро јас мислам таман разрешуваат зашто инаку досадно би било цела сезона со тоа да се мафтаат.Ама Чак како ја демни Бри, не ја остава Ама на крај он ќе ги извлече сигурно. За Линет и мене многу ми беше жал, ама јас мислам дека секако ќе ги спојат на крај, нема смисла цела серија заедно биле, сега да не се.
Може некој да ми пише кога ќе ја даваат серијава на foxlife гледав пред некој ден реклама за сабота(минатата)ама не успеав да ја гледам.Ај нека ми пише во кој термин ја даваат на foxlife и во кој ден?
И шо сеа? На Фокс ја даваа 6тата сезона, пуштам сеа, ја глеам Иди и оној муж и шизофреничарот, си викам: „Did I miss something?“. Па добро побогу, зашто вака прават? Ќе може страна за симнување на 6тата сезона, зошто вака нема никад да ја доглеам.
Нека ги смират Линет и Том, не можам да глеам вака, единствената дебилна точка во серијава ми е тоа. Spoiler И мислам дека баш џандарот ќе им помогне со убиството пошто е заљубен у Бри, такво чувство имам. Мене па ми е убава сликата на Сузан, освен што е она ко и увек лигла глупа.
Што се случува со последнава епизодa од последната 8ма мислам сезона? пак прават пауза... ич не се фер на најинтересното хаха како и секоја серија, муабетот ми беше знае некој до кога ке биде паузата? позз
Spoiler Многу ми беше жал за Линет, па таа уште го сака Том, а и тој ја сака неа, само оваа не им дава да живеат. Што се однесува до сликата и до случајот мислам дека Чак многу брзо ке свати што се случило навистина (можеби уште во наредната епизода, па затоа ни ја даваат после толку време). Многу сум срекна што Карлос ја прифасти помошта, но што и стана на Бри, па таа беше најсилна!? Нема што друго да кажам, многу интересна епизода, одвај чекам да излезе новата.