Очајни домаќинки (Desperate Housewives)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од wolf4e, 21 јули 2010.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Одлична епизода! :)
    Значи колку ми е одвратен Чак...ми се гади од него! Фала богу ќе умре другата епизода.
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Ја ќе бидам многу разочарана ако Чак умре, многу си одговараат со Бри. Којзнае кој го прегази, сигурно не некој што ќе ни текне :D
    Туку ме интересира како Бри ќе биде спречена да се самоубие, зашто да умре сигурно нема.
    И не ми е јасно што толку сите и се неа лути кога за се ова е крива Сузан.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.247
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Ја пуштив најновата епизода и гледам дека всушност не сум ја изгледала претходната. :^)
    А сум ја пуштила негде до 10та минута и толку. Пих. Сеа старата да си ја догледам , па утре новата, ама баш ме копка што има во спојлерите.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.247
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Е па не можев да се додржам и двете ги изгледав. :o
    Многу ми е жал за Бри. Не требаше вака да се разделат, требаше да се држат заедно. А мислам дека Бен го прегази, некако најлогично ми е. И нема шанси Бри да се убие, којзнае кој ќе ја спречи.
    Уф, кој ќе чека до осми за нова епизода.
     
  5. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    199
    Стварно епизодата беше супер

    Лелеееееее која напнатост ме фати за Бри, и стварно ми е криво за неа. Каде она цело време трчаше да се скрие убиството, па одозгора сите неа ја окривуваат. Кокошки.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.247
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    А Карлос кај отишол? Да не го прегазил он? И тоа е можно, голема е конкуренцијата. :rofl:
    А ова може ќе ги зближи некако Том и Линет, па мора да се смират.
    И стварно бе не испаднаа фер, Сузан што се вика јавно ги откри, а на неа не и се налутија.
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Само јас сум си заостаната па сеуште ја гледам 7-та сезона на Фокс Лајф :) .Некако на интернет не можам да ја гледам,немам навика.

    Инаку во 7-та нели можеа некој друг негативец да воведат па мора Пол |( повеќе ми има смешна фаца него фаца на некој си опасен негативец што сака да им се одмазди.Но уште си е супер серијата,повеќето серии до 5 сезона партал ги направат а оваа си е стандардно добра.Инаку има ли на некој друг да им е симпатичен Кит (Брајан Остин Грин) или само на мене? :wasntme: :) .
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Кога ќе видиш така ја наместија работата да секој е сомнителен-може да се Мајк, Бен, Бри, Карлос, па и Гави излезе да го бара. Ама пак ќе речам може да е некој десетти што не ни паѓа на памет, како во 6та сезона кога Еди беше тој што ја нападна ќерка и на Сузан. Уште и со писмото не се откри од кого е :?:
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  9. krkalec

    krkalec Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdr i mene najluda i najubava mi e gabriela inace zakon serija ja obozavam
     
  10. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    хммм мене ни на крај памет дека Карлос го прегази Чак. А можно да да.. сеа ми текнува нели и кажаа на Габи дека се одјавил од болницата. Ја цело време си мислев дека е Бри.. леле колку жал ми падна за најзе денеска, сите ја отфрлаа...
    Се надевам дека нема да се самоубие. Како тргнала серијава со епизодиве .. :/
    прво ај со Линет и Том :(( сакам да се смират и да си останат заедно. Сеа изгледа и Сузан ке се пресели во N.Y. некако се се распаѓа... dislike :(
     
  11. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    478
    Напната епизода.
    Кога го прегазија Чак, одма ми дојде на памет дека е Карлос. Ама па дека Бен не беше дома, и он некако сомнителен ми е. И Бри исто. Леле жалче ми е. Стварно секогаш таа ги држеше заедно, секојпат таа им ги решаваше проблемите, не се фер навистина. Сузан уште од почеток на сезоната ми иде на живци, нека оди ич не ни треба во овие епизоди.
    Том ми беше сонце :inlove: баш ми е драго што се врати да и помогне на Линет.
    А Габи, како глуми, секоја чест!
    Едвај чекам да излезе наредната епизода
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Кога видов дека следна епизода е дури во јануари, не можев да издржам и читав спојлери.Ако некој го интересира што отприлика ќе се случува во следни неколку епизоди
    Чак ќе умре :@ Бри нема да се самоубие, ама пак ќе почне многу да пие и излегува по барови, Карлос веројатно ќе признае на полицијата зашто пишуваше дека Габи ќе се справува со клиенти од фирмата, а Хуанита ќе стане многу агресивна. Том и Линет нема да се смират во следниве епизоди, Џули ќе биде трудна. Последната епизода најверојатно ќе ја прикаже Вистерија Лејн неколку години покасно, што е убава идеја.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.247
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Уф. :tmi: Јас само прочитав дека
    Чак ќе умре
    и не сакав да читам понатаму, па нема да ми биде интересно.
    Ама пропаднаа теориите дека Чак ќе ги извади.
    Баш ме интересира како ќе се одвиваат работите.
     
  14. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Според автомобилот што го удри Чак... ќе да е Бри... досега што имам приметено, само Бри вози Лексус ЛС 500 (или некоја слична на оваа) А КОЛАТА ШТО ГО УДРИ БЕШЕ ЛЕКСУС. Бри се испофали со колава, мислам 2 сезони претходно, кога Линет беше банкрот, па несакајки ја удри колата.
    [​IMG] Е сега ако после не прават луди дека некој друг бил... ок 8)
    Не, најискрено, сега анализирав, Габи има Мерцедес... Сузан има некаково Волво (не знам што бројка е, ) Линет има некоја слична кола,( со истата беа и во 5 сезона, кога ја носеа урната со пепелта на Иди кај син и)Мајк имаше трак (со огромен багашник позади) овој новиов комшија има некоја сина, спортска, Рене баш загледав, и таа има некоја спортска, со две врати... ), така да... Бри девојко... ако си ти.. алал да ти е... Добро си кажа во епизодава... имав петмина љубовници, тројца се мртви, а два ме напуштија... значи Чак ке биде четвртиот (ако се смета де)

    Се поинтересно и замрсено станува, а тоа ми се допаѓа
    А јас би сакала Кертин да се врати... и Иди? Беа далеку подобри од Рене
    Што мислите, би било добра идеја? :?:
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Само мене изгледа ми беше ептен досадна епизодава, барем до 39 мин, последните неколку минути се извади, барем малку од малку.
    Инаку ово со газењето стана толку досадно, го направија Wisteria Lane како да е автопат, па ово го употребуваат по 4 пат |(. И добро е што нема да преживее Чак, цело време си мислев кој му е к*рац на типов, мислиш Бри џигерот му го извади па толку сака да и се освети.Инаку има доста кандидати за газењето на Чак, јас се мислам меѓу Карлос и Бен, а се мислам и за Рене, можно е таа да сака да ја намести Бри бидејќи мисли дека Бен ја изневерува со нејзе :?:
     
  16. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Мене баш напротив, баш ми беше интересна, се отепав од смеење, посебно со Габи :) Значи како шот прочитав погоре, дури во јануари продолжува?!? :(
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.247
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Да, во јануари ќе продолжи.
    Па и да е колата на Бри, може некој ја позајмил, нели да ја намести. Ама сепак, она можеби дека реши да се самоубие, па сакала да им го симне од вратот Чак на другиве. Не знам, некако се е можно. Ама јас сепак мислам дека Бен е тој, поради градилиштето, многу ќе загубеше.
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Мислам дека врска нема тоа со колата, ако е така и колата на Карлос и Габи ја украдоа, па пак ја возат сега. Не пазат баш на тие работи.
    Исто како лани, Сузан плачеше кога требаше да се селат од куќата зашто ќе ја немала даската каде означувала како Џули расте, а зборавија продуцентите дека куќата скроз и изгоре :D
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    И мене ми се чини дека се се распаѓа. Тешко да има серијава среќен крај, некако не гледам излез. Може некои коцки да се наместат, како на пример Линет и Том, ама сепак мислам дека некој ќе страда. Не верувам сите за завршат среќно.
    А има шанси Рене да за спаси Бри? дека нели она ја виде кога се качи во колата и замина. А може пак после ради тоа ќе ја обвинат Бри дека го згазила оној мутавиот. Демек Рене како сведок видела тека баш тој момент Бри излегла со колата кога овој е прегазен.
    Стварно и јас несфатив што толку сите на Бри. Прво Габи нема право да и се лути ма што и да направи затоа што се ова е ради нејзе, нејзиниот очув, нејизниот маж, се за да го спасат нејзиниот живот. И како второ Сузан ја нацрта сликата, Бри само се обидува да помогне на секој начин, па дури и од врата на врата ги моли. Глупачи. Ептен ме фати жал за неа. Низ што се помина....арно до сеа шо не се упука :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    очајни домаќинки ми е премногу интересна и најдобрата сезона е последната т.е седмата и интересни ликови ми се Габриел и Сузан :D <33