Спојлер Мислам дека и прашањето „Кој го прегази Чак?“, ке се „влече“ долго време. Прво мислев дека е Бри, но сега не сум сигурна, а читав дека е можно да е и Рене, додека ја следела Бри. Инаку многу ми е жал за Линет, одвај чекам пак да се заедно со Том. Бри нема да се убие, но сигурно пак ке стане алкохоличарка, многу е разочарана, сега е навистина сама. Габи без врска го малтретира Карлос, тој и самиот има доволно проблеми па и таа му дотура. Кој ке чека до 8 Јануари, кажете ми каде да можам да прочитам нешто повеќе за наредните епизоди.
Спојлер Јас сум до 10 епизода од 7 сезона и сега е на Аљаска.А се ми се чини дека порано прочитав дека ќе си оди од серијата но не сум сигурна.
Гледав, па прекинав, па пак почнав..и сега не знам до кај сум. Рандом епизоди гледам. Што се случи со синот на таа што е наратор? Нели нешто богат беше..кај исчезна после тоа?
Зек мислам дека си отиде од градот или така нешто.После трета сезона не сум го видела во некоја епизода. А инаку од сите сезони што ги имам изгледано 3-та,5-та и 6-та ми се најдобри а гледам и дека тие имаат највисоки оценки,што значи го делам мислењето со повеќето .Многу ги сакам бе очајните,сега на Фокс Лајф повторно си ја гледам шестата сезона,никако не ми здосадуваат .
Ајде, синоќа беше новата епизода, ја гледавте? Јас прва? Спојлер Повеќе од очигледно беше дека Бри нема да се самоубие. И дека Карлос ќе се испијани, па нема да се сеќава што правел минатата ноќ. Секако дека Карлос не го уби Чак. Во коментарите на офцијалната страна на серијата најчесто се споменува Зак како можен убиец на Чак и оној кој што ги праќа писмата на Бри да, и јас сум изненадена од каде тој во целава ситуација. Инаку во целина, супер епизода, може дека одамна ја немаше но сепак интересна. Мило ми е за Том и Линет, макар што мислам дека Џејн нема толку лесно да се откаже од Том. И Rене ми e сонце последниве епизоди Само глупата гуска Сузан...многу ја сакав и ми беше интересна, ама сезонава е dump :roll:
Серијава изгледа почна да црпи инспирација од малите лажливки Почнаа со писмата. Спојлер Сузан не ми е јасна, тапа е како карактер сезонава. А Рене баш ми е фина. И ајде веќе нека се оправат Линет и Том, редно е.
Спојлер Ова со писмава ќе испадне дека е некој од девојчициве или тоа е некој кој е уште од прва сезона. Мекласки мож Сепак премалку се оние кои од прва сезона до сега ги има уште во серијава. А се мислам дека Бен го уби Чак. Бен е сомнително австралијанче. Многу сомнително. Нели Чак ќе му ја стопираше изградбата, но сепак тоа не ќе да е единствена причина. Ниеден нов сосед не е дојден без причина. Рене е срцка. А искрено јас не сум за смирување на Линет и Том, мене ме нервира Линет, јес да и Том не е цвеќе за мирисање, тој брак се помина, ама јас да сум маж на Линет ќе ја оставев уште пред 20 години. Сузан е наивна, ако она не направи глупост нема кој. Бри стандард, не сакам личности како неа, цвета однадвор, венее одвнатре. А Габи ако пред некоја епизода со децата и со училиштата ме нервира и ме нервира нејзината материјалност, сепак ја сакам нејната улога и нејзината посветеност на Карлос. Ќе видиме што ќе се деси на крај со Мистерија Лејн
Ај постирајте некој сајт каде можам онлајн да ги гледам од прва сезона. Спојлер По можност превод на српски, хрватски, македонски..
Мене па Линет и Том ми се најдосадни и најодвратни.И Линет ме многу нервира,сака се она да биде главна а Том како папучарче .Од домаќинките ми се омилени Габи и Сузан а Сузан и Мајк ми се надобри како пар.
Многу емотивна епизода Спојлер Том и Линт и покрај тоа што она знае да е кучка, ми се многу добар пар и едвај чекам да ги смират. Линет сигурно нема да биде повторно таква. А Том, срце, сакаше да остане и да гледаат филм наместо да оди во Париз. И јас мислам дека е можно Бен да го згази Чак зашто ништо не дадоа за него кај бил, што бил, а и Зак има логика, особено за писмата.
И мене ми омилени Сузан и Габи а како пар Мајк и Сузан, само ме нервира тоа што Сузан треба да ја прикажат повеќе со Мајк (како што беше во минатите сезони, имаше романса и љубов, смешни интересни сцени) а сега некој друг да е ко Мајк ќе ја остави.
Мене одамна Мајк не ми е омилен, слаб глумец ми е за жал Спојлер Инаку во Бен се сомневам од поодамна, логично е да биде тој бидејќи е некој што се грижи за нив, значи можно е да е тој да и поамга на Бри
Спојлер Се укажува на Бен, но би било премногу ако е тој оној што го уби Чак Јас сепак мислам дека е или Ендрју (синот на Бри, кој сепак има историја со газење луѓе со автомобил) или пак Орсон (не знам зошто, но мислам дека ќе го вратат назад во серијата) А нема да се изненадам и да е Кит