Спојлер Ама нели Орсон инвалид беше? Јас мислам дека ќе се изненадиме некако. Мора да не изненадат инаку ништо од финалето на серијава.
Оваа сезона некако ми затупи, со убиството, и се само за тоа се врти, порано имаше многу повеќе заплети/расплети...
Спојлер Во секоја сезона има некоја мистерија, и често многу лесно се претпоставуваше што ке се случи следно. Се надевам дека затоа што е последна сезона, ке направат нешто БУМ Сега баш се сетив на Кетрин... баш ке ми биде мило неа да ја вратат... или пак Иди (многу сакам јас) А Кетрин нели ја направија лезбејка и и удрија клоца. Баш ке биде бум ако Кетрин е таа што и ги праќа писмата на Бри... и на крајот тие две да останат заедно... анадар геј капл он ТиВи Од толку многу дешавки, веќе и не знам кој каде го испратија. И што се се изнаслучи во серијата. Важно си поминав прекрасни 8 години со нив
Спојлер E Иди сигурно нема да ја вратат, мртва е в серијата, а и за Кетрин не верувам, не знам што би променила.
Хаха се изнасмеав мора да признам Спојлер Која е логиката Ендру да го прегази? Ни го знае ни ништо, ни Орсон исто. Ако Ендру некој прегази не значи дека пак ќе направи. И тоа беше несреќен случај плус со мајката на Карлос. Австралијанчево крие тајна ќе видиме. Иако и Мајк е сомнителен. И Том може. Абре има многу што може да го убиле. Ама Ендру не Не ми е логично писмата да ги испраќа Кетрин, писмата постојат од првата епизода прва сезона на домаќинките. Јас мислам дека ќе заврши со тие писма и мислам дека ќе сме изненадени од тоа кој ги праќа. Мислам дека е некоја од домаќинкиве ил некој од најглавните ликови. Зад тие писма се крие некоја приказна. Или бар така посакувам да е, да заврши серијата со откривање на некоја тајна. Или ќе се смират домаќинкиве или писмата ќе ги разделат.
Спојлер Може да е и Мекласки, зошто да не, па и таа има малку извртен ум, ви текнува, си го чуваше мажот мртов во фрижидер???
Спојлер Пола саат пишував.... и ми се изгуби текстот Веќе не им барам логика, крај е и се може да се случи Сепак мислам дека е некој ептен близок на Бри (а јас ке си навивам за Кетрин Мејфер, значи каков пар би биле со Бри
Спојлер Од очајни домаќинки има лекција Она што мислиш дека е најлогично, најреално НЕ Е тоа Кој би претпоставил во 6-та сезона мислам кога ја задавија Џули дека Еди ќе испадне виновникот? Јас мислам дека ќе испадне некој нов кој е поврзан со Мери Алис и со сите домаќинки зашто писмото е присутно од 1 епизода и некако мора да се е поврзано со тоа, инаку зошто би го вратиле истото писмо со истата содржина? За џабе не е последна сезона, нека не здрма малце
Спојлер Па Мекласки во се е умешана, се знае, нема да биде чудно и да е она.Ама овие стариве ликови се надевам не се, нема да биде интересно да се враќаат пак назад.
И јас сакам Кетрин да се врати, ама мислам дека тоа нема да се случи. Се во епизодата беше предвидливо, и многу се разочарав поради тоа. Очекував во оваа епизода да воведат некој нов заплет/мистерија/возбуда. Ама тоа е тоа. Од цела епизода, најмногу ми остави впечаток Спојлер сцената на погребот со Рене и Бри, кога Рене раскажуваше за нејзината мајка, значи до толку ме погодија и расплакаа секоја чест на глумата. И да, чудно ми е што го немаше Бен во епизодава!?
омилена ми е и ја гледам од 1 серона и 1 епизода а омилени ми се габриел ева лонгорија и сузана тери хечер
Се сложувам со коментаров, а и ако е последна сезона (не знаев ете), убаво е да Спојлер испадне некоја домаќинка, иако вака кога ќе ги замислам, на ниедна не се надевам многу очекувам дека на крајот на сезоната ќе останам со подотворена уста wtf moment и ми е страв да не се разочарам
Спојлер http://zazabava.com/nema-film-za-ochajnite-domakjinki Спојлер Ви реков дека ќе вратат некој назад Те молам Марк, нека биде Кетрин
Спојлер Интересна епизода, неверувам дека Карлос го прегазил Чак, а Габи направи голема фама околу тоа, мислам дека ке почнат да се сомневаат во полицијата и пак ке поткренат случај против нив. А што се однесува до писмата мислам дека тое е Мекласки таа е цело време во серијата и сега може да се покаже како активна. Инаку баш ме интересира што ке открие Сузан во градот откадее Алехандро (му го заборавив името). Ајде одвај чекам утре нова епизода.
Спојлер Примети некој друг колку жената на Алехандро личи на Габи?! Не верувам дека е само случајност. Бен ептен ме изнервира, сега само од корист ќе биде со Рене. Сега веќе е сигурно дека некој поврзан со Бри ги праќа писмата, баш ме интересира кој.
Спојлер Да, се согласувам дека тој што ги праќа писмата, ептен се нафрлил на Бри, зашто ја следеше во секоја сцена, а чим најавија враќање на некој од старите ликови, најверојатно е некој од нејзиното минато
Прекрасна епизода, се изнасмеав со Бри, ја обожавам Спојлер малку ми пречи, што ја направија к**ва. Интересна е ваква, иако мислам дека тоа ќе и го уништи животот, како и пиењето. Мислам дека продуцентиве решиле да им го зафркнат животот на домаќинките за крај И Бен нешто мати. И мене ме изнервира што сега ќе биде од корист со Рене. Сега да видиме какви збрки ќе направи жената на Алехандро. Ах таа Сузан, само проблеми направи до сега. ПС Репликава ќе ми остане засекогаш во сеќавање, не верувам дека некогаш ќе ја употребам во мојот живот Но, многу ми звучеше моќно и секси Типот: Can I buy you another drink? Бри: You can buy me breakfast.