Спојлер Добро е што Карлос го уби Алехандро, на колку ли само девојчиња како Габи и како она другото им го унакажал детството. Инаку лајкови за Бри, добро е што си најде забава. She is a really bad, bad girl. И ајде веке еднаш да се приберат Линет и Том доста тоа лелекање и таа драма наречена Линет Скаво.
Спојлер Во последнава епизода Габи ми беше звезда на вечерта. кои само глупости ги тресеше во ресторанот fiduciary... Единствено не ми се допадна односот со Бри и Линет, ај ние две ќе си простиме, а ќе и се лутиме на Бри тоа беше злобно. Гуската Сузан, пак се глупира, сега сигурно сопругата на Алехандро ќе тргне да ја бара...и мислам дека пак ќе се заплеткаат работите. Изненадува Бри...you can buy me a breakfast И за оној кој и ги праќа писмата, барем видовме дека не е жена, судејќи по рацете на воланот. Ако воопшто е истата личност која ги праќа писмата и која ја следи Бри Како да не ги обожава човек кога се толку, толку непредвидливи до крајот....
Спојлер а можно е и типот што се заканува да не е од вистириа , зошто инаку со кола би ги следел, ако е веќе некој „маалски“
^ Спојлер Јас мислам дека типот што ја следи Бри не е истиот/истата што ги праќа писмата, во право си, писмата би ги праќал некој маалски, а тој што ја следи е некој од минатите епизоди што ќе се врати, како што најавија (моја претпоставка)
Потврдено е дека ќе се вратат Кетрин (јеее ), Орсон и Џули во серијата http://www.tvline.com/2011/11/despe...n-8-dana-delany-kyle-maclachlan-andrea-bowen/
Си реков јас, Кетрин се враќа. Спојлер А сега судејки по рацете, би требало Орсон да е типот што ја следи Бри Сепак ми беа супер двојка со него. И двајцата перфекционисти А во последно време заборавија на тоа... И повторно ја направија секс и алкозависничка Ама Бри и Кетрин баш ќе биде супер да ги остават заедно на крајот Нема смисла само машка геј двојка да има во серијата
^ Хахахаха Tomcia имаш бујна фантазија Спојлер Не верувам дека ќе ги спојат Кетрин и Бри, а башка никако и не ми иде да ги спојат, Бри само за маж е створена
Спојлер Аман па оваа Сузан, сама си го бара со боринче! Ќе изиграва сега Мајка Тереза, ќе се одолжува за стореното... Заради неа ќе настрадаа со тоа сликата, сега па прикаски ќе раскажува и ќе се ака онаму до Оклахома. Уште сум на тоа да ги вратат Линет и Том, некако не сум навикната да ги гледам еден без друг. Ама според едно интервју на Линет што го читав, најверојатно ќе завршат разведени. Ако го вратат Орсон, тогаш ќе биде поинтересен животов на Бри, некако не сакам пак да ја гледам како алкохоличарка. Габриела и Рене си се прича за себе, и двете ми се многу одлепени. Они ја прават серијата интерсна, главни маскоти им се. И дефинитивно овој Австралијанецов е нешто умешан, ама на крајот ќе видиме. Како за последна сезона, ќе си ја оправдаат гледаноста. Баш мистериозно се одвиваат работите. А јас и покрај тоа што веќе осма година ги следам и им го знам принципот на настаните, ни на крај памет не може да ми текне кој би можел да стои зад убиството на Чак и писмата.
Спојлер Без навреда, ама некои од вас како сега да почнале да ја гледаат серијата. Во ситуацијава буквално сите до една се претставени како што биле секогаш низ 8 сезони-Сузан е емотивна и смотана, Габи е себична, Бри е таа што пред луѓето е секогаш насмеана, а одвнатре уништена, Линет каква што си е. Јас искрено би се осеќала изиграно кога во последнава сезона би било поинаку.
Спојлер Еј, Бри скроз одлепи. Чим ни отецон не ја враќа којзнае кај ќе заврши. Мило ми е што се реши работата со жена му на глупавиот, добро е, пак се извлекоа.
Спојлер Мило ми е што Бен не ја изигра Рене, што Линет конечно свати дека таа е крива скоро за се’ и што Габи помогна на една мајка да ја сослуша и поверува својата ќерка. Само сега се надевам дека тепихот со „виното“ нема да заврши на место кое може да биде откриено.
Спојлер Добра епизода. ДА не се повторувам со другите феминки, фала богу што заврши драмата со жена му на Алехандро. мене Бри баш ми е интересна, можеби тоа си било во нејзе, скриено. To be a slut Ајде да видиме, станува неизвесно
Спојлер Жена му на Алехандро добро сфати што е работата ама си преќуте Бен и Рене веројатно на крај ќе бидат заедно, затоа сега го направија вака добар да и признае. Бри е врв, нека ја остават вака некое време А Линет стварно не знам како успеа прва вечера со маж да ја претвори во консултации за бизнис
Спојлер леле многу ми падна жал за Рене,ако не му кажеше онај не знам...срцка колку срекна беше,ко му рече врати ми го прстенот ,мене Линет ми е најјака оти многу е амбициозна,ама некогаш е многу себична....хахах мораше Бри еднаш да ја напрат ваква веке 8 сезони се пази ама таа најголема кучка е од сите,А жена му на Алехандро чактиса ама си прекуте хахахах
Бри се повеќе ја обожавам, конечно да покаже малку сила и заби, до сега стално скршена беше. Спојлер И пак ќе кажам дека ми пречи што ја направија ваква. Не дека не е интересна, ама не знам... не ми личи до толку да се раскурва Баш ми е мило што така постапи Бен, ми се поправи мислењето за него. Сега ќе заглави во долгови, Рене ќе биде тука да го спаси, и пак ќе си бидат среќни Линет каков секси фризер пропушти, цццц, ако и е... Со таков човек само сексулави мубает треба да правиш, а не да го гњавиш со работа и животни проблеми. Тууу, смотана. Сузан, немам коментар. Ама многу ми беше смешна сцената со неа и жената на Алехандро, кога ја нарече курва и кога на цела Вистерија Лејн залепи постери со неа. Со Габи и тепихот нешто наговестуваат дека ќе ги откријат наскоро. Ќе видиме. Едно е сигурно, неизвесно е како ќе завршат сите домаќинки, а и ова со убиството како ќе го решат. Стануваат прилично интересни, по бледиот почеток на сезоната. Наредна епизода на 12-ти Февруари, ох зоштоооо!?
Спојлер Не верувам дека туку-така ќе заврши приказната со Алехандро, имаат уште епизоди. Ако не е Чак и жена му, ќе им се најде некој друг на патот. Мора малку да има заплет. Бри баш ми е интересна, нека ја тераат вака малку. За Рене ми падна жал, ама цврста е она, башка згодна. Ќе си најде друг маж, не типувам за Австралијанецов, само проблеми прави Сузан ми е ептен смотана и почнува да ме нервира, затоа што се заради неа паѓаат во проблеми. Линет ја жалев, ама сега почнувам да го разбирам Том и си викам: па така и и' треба. Едвај чекам да се врати Карлос, многу ми се интересни со Габи Читав дека некој од ликовите нема да го доживее крајот на сезонава затоа што ќе биде убиен. Се надевам не е некоја од домаќинкиве
^ На cucirca нема епизоди оти Megaupload го затворија. Спојлер Не верувам Орсон да ја следи Бри. Колку што се сеќавам,тој остана инвалид кога се урна авионот. Пак најсомнителен ми е Пол Јанг. И многу ме иритира Сузан! Габи ми е уште срце. На погребот... Carlos: God,so many cops in here... Gabrielle: Well it's a cop's funeral. What did you expect,clowns?!