Mногу ми беше интересна вчера епизодата. Спојлер Ендру е се поубав . Мило ми е што се реши проблемот со Сузан, конечно попушти Пол. Многу ми е интересна Рене, цврста жена со свој став. Линет и Том се многу досадни затоа што уште од самиот почеток го манипулира како сака.
Извини, новава сезона ја гледаш? Ми изгледа ко за 7-ма да раскажуваш Спојлер Штом Пол е во серијата, сигурно раскажуваш за тоа како дозволи бубрегот на Бет да биде дониран на Сузан. ВО право сум?
А гледав тв и во последниве епизоди Спојлер очувот на Габи ќе ја гњави и ќе и влегува дома за да злоставува и Карлос ќе го удри ама овај ќе умри и сите четири ќе го закопаат некаде во некоја шума а Линет и Том ќе се разведат...
И јас сум од оние поназадните што ја гледаат 7-ма сезона. За Пол ми падна многу жал,и покрај се што направи.Драго ми е што и дозволи на Сузан да го добие бубрегот на Бет.Габи ми е како и секогаш најоткачена .А оваа Линет не да ме нервира,не знам Том како ја трпи.Се она сака да наредува,се она да биде главна.Одвратна една.
Овде сите FoxLife го имаат по дома. Значи ко што разбрав, во вторник ја даваат 6та сезона, во сабота 7ма. Дур да се уклопам во шемата ми требаше време. Оваа мајка и на Бет коа дозна дека ја пуштаат од затвор пакосно се насмеа, мириса на невољи.
Не, во вторник е нова епизода од 7ма сезона, а репризата е во сабота. 6та не знам кога ја даваат, преку недела мислам Инаку досадни ми се сцените со Линет и Том, секогаш се караат на почеток на епизодата за нешто и на крај се смируваат
Има нова епизода!!! Верувајте, ќе ве остави со подотворена уста. Спојлер Како што кажуваа, се појави Џули, колку е само прекрасна...преубава жена. Ме потресе кога и кажуваше на Сузан за нивното минато. Прв пат во оваа сезона ми стана жал за Сузан. Габи ми е сонце, а и Линет со фризерот, конечно малку аир да види. Се повеќе ми мириса дека нема да се заедно со Том. Фала богу што се појави Орсон, од секогаш ми бил идеален маж за Бри. И уште една работа, значи дефинитвно не е Орсон оној кој ја посматра Бри од автомобилот, нели рече, your friends called me. Ќе видиме што понатаму
Спојлер Браво за Бри. Како им кажа се во лице. И точно така беше, кога им требаше она ги презеде работите, а потоа се на неа префрлија. И колку ниско падна, мислам дека и да не дојдеше Орсон сепак по последново ќе се свестеше веќе. И се надевам дека Џули нема да го даде бебето. Да, потресно беше кога и кажа се на Сузан, ама па и така беше. Супер епизода.
Спојлер Џули! Девојче што ти се случи? Уште кога се појави делуваше чудно и знаев дека има нешто. И ОП Не сакам вака да си го упропасти животот, ама од една страна е во право. Она цело време во минатото готвеше, пазеше на мајка и, и бараше мажи Како таа да беше мајка, не Сузан Ама се уште има надеж, се надевам дека ќе се предомисли дека нема да го даде бебето и дека ќе си најде маж А мало потсетување, која летотица се направи За остатокот од епизодата, Линет се повеќе и повеќе ми иде на живци, и на крај сакам да остане сама.! Габи ми беше интересна сакајќи да и помогне да ќерка и да не биде љубовно разочарана Мило ми е што го вратија Орсон, ајде нека ја смири Бри малку, ова не личи на нејзе А што се случи со Сем, вонбрачното дете на Рекс? Нели и ја зема фирмата на Бри и исчезна Дали е можно тој да ја следи?
Интересна епизода, конечно неколку старо-нови ликови Спојлер Не ми се свиѓа одлуката на Џули да го даде бебето, сепак, и Сузан се понуди за помош, не е до толку без можност да го изгледа сама. А чим рекоа дека Џули си доаѓа, претпоставував дека е трудна. Што се однесува до Орсон, мене не ми е омилен лик, воопшто, уште во претходните сезони ми има оставено негативен впечаток и со Моник тогаш, забите кога и ги имаа извадено, и кога ја малтретираше Бри, кога остана во количка. И се согласувам со едно претходно мислење, дека некој друг ја нагледува Бри, затоа што Орсон кажа дека го викнале пријателките, сега дошол. И незнам од каде идеава, ама би сакала на Габи да и се врати вистинската ќерка, многу тажни ми беа тие епизоди тогаш...
Спојлер Па нема врска ако рекол дека сега го викнале, он можеби набљудувал, па овие му се јавиле. И беше безвезе кога Габи и рече на Хуанитa ти си ми навистина ќерка, кога Хуабита и зборуваше дека прво иде бакнеж, па свадба, па мажот и купува подароци.А нели уствари не и е ќерка. Јас сепак се надевам дека ќе испадне нештошто не очекуваме.
Спојлер Па дбро, Габи ја воспитала претпоставувам на тоа мислела. Инаку мене Џули многу ме изнервира кога така и кажа на Сузан, некако многу неблагодарно ми звучеше, ми дојде да ја исплескам. И секако на крајот нема да го даде бебето на посвојување.
Спојлер леле стварно, јас заборавива Габи дека има друга ќерка )) некако се заборави тоа во серијата, а не е мала работа да имаш свое дете кое расти некаде далеку од тебе...Линет не ме изнервира, баш се радувам за неа.карактер не се менува или барем не потполно, треба тој што ќе се нафати дад биде со неа, да ај знае каква е и ако му одговара арно На Том ен му одговараше и ја дувна ...Орсон органски не го поднесувам, брее не знам зошто.
Mystery solved Спојлер Орсон стои зад писмата, не покажаа дека го прегази Чак ама највероватно е тој, сега останува да видиме што и спрема на Бри, не знам дали ја сака само за себе па ја изолира од девојкиве или сака да и се одмазди, вероватно тоа ќе биде пресвертницата на серијата. Портер татко на бебето hilarious, баш ми е мерак дека нема да ја остави оваа себичнава да го даде бебето на посвојување. Се на се одлична епизода
Wow Спојлер Портер е таткото. Сум се изнасмеала. Сирота Линет цел живот од бебиња глава не крена. Орсон мислам дека и спрема одмазда. Инаку немаше толку да се мачи. Да, сигурно он го прегазил Чак. А и Рене мислам дека ќе заглави со лихварот. Е стварно добра епизода.
Спојлер Значи се пресмеав за Портер и Џули, но од друга страна Линет многу неубаво постапи кога се испокара со Сузан. Сузан го мисли најдоброто за Џули, не е фер Линет толку злобно што одговори на почетокот да се даде детето на посвојување, јес да афект беше тоа. Сепак Портер е срцка, сеедно колку ме имаат смеено децава низ филмов и кога ќе се сетам на старите епизоди како беа дечиња неваспитани сеа ќе стане татко, тоа е реалноста. Деца деца прават. Џули ме нервира, многу лошо се однесува со Сузан, се прави тетка а не знае да се припази и да внимава при односите. Постои апче за ден потоа и абортус, требала да праша совет на фемина ќе и кажевме за едно од овие, не за посвојување Орсон е еден од најодвратните ликови кои се протерува низ серијава. Нормално беше на крајот да го вратат. Одвратен е, мистериозен а и ме потсетува на некој сериски убиец. Штета што Бри е толку слаба па одбра нему да му верува наместо на пријателките. Ме изнервира Габи и нејзината себичност на која и нема крај. А Рене направи грешка голема, се сретнува со лихвар кај нејзе дома, непоправлива аматерска грешка. Како и да е ова е една од подобрите епизоди сезонава