Спојлер Значи овој Орсон не го можам и крај. Злоба невидена!!! Се прави светец, а е ѓубре!! Никогаш не сум го сакала, спомнав и погоре уште тогаш со Моник кога мајка му ја уби, па после забите и ги вадеа.. Ма одвратен човек. И Бри заборави како ја малтретираше кога дојде дома првпат со количка. Грррр...
Спојлер Леле Линет душичка, едно по друго само бебиња и доаѓаат Кај и се стемни кога ги виде овие двајца дека доаѓаат, па уште и за бебето дозна Мене многу ми е жал за Мекласки сигурно ќе почине сезонава. Орсон, идиот, ама сепак Бри ќе се вразуми на крај
Спојлер Па како серијата почна со погреб можно е и така да заврши И јас мислам дека Мекласки ќе умре, зашто еднаш нели се излечи, а за вторпат ?? Станува јако...
Спојлер Габриела себична како и секогаш. До коска. Сега Мекласки нема ни да му каже дека е болна. Греотка ми е ептен. А Бри зошто толку се израдува кога го виде Орсон? По се што се случи... Ама некако многу е слаба сега психички, па се предаде.
Женски а каде ја гледате серијава? Јас на Fox Life почнав да ја гледам, ама според ова што го пишувате како многу поназад да е таму.
Ги симнуваме новите епизоди преку интернет, торент. Ако чекам на телевизија да ја гледам, ќе си умрам чекајќи.
Спојлер Си гледам, слушам и се чудам кога зборуваат за детето. Ќе го дале на посвојување зашто на Линет и било ПРЕКУ ГЛАВА од деца, а онаа трудната не била спремна за деца, има 20 и кусур години, завршен факултет, мајка што умира да и помогне и она пак запнала. Знам дека е серија ама неможам да ги сфатам никако. Така се дава дете... И не се согласувам со тоа дека Линет не требало да и се меша. Мајка и е, и ако мисли дека ја прави најголемата грешка во животот има право да и се меша. Орсон антипатичен, каков лик, погоден ептен. И испадна дека уствари не го викнале овие, а јас стварно мислев дека го викнале, не ни претпоставив дека вака ќе излезе
Спојлер Мене Габи ми е најлуда, стално праи глупости ама се знае дека нема шанса да не попупти. Мислам дека следнава епизода таа ќе ги смири стариве. И јас мислев за Орсон дека стварно го викнале, ама ете, кој знае што ќе се случи.
Спојлер Ау овој Орсон лепра да го здрви колку ми е одвратен! Незнам,одсекогаш ми бил флегма одвратна,старомодна,ружна а сега го мразам уште повеќе. Габи ми е сонце ама побогу ептен себична е. На оваа Џули лепотицата би и свирнал една васпитна по муцка од шо ме иритира. Колку е само себична. После е*ење нема каење! И баш ми беше мило Бри што му го тури на сите три немиен. Ја третираа како ѓубре,жити другарките. Линет ми е исто така досадна и чудна. Move on woman!!! Се на се,станува се поинтересно и поинтересно. Само за ова му се радувам на понеделници.
Спојлер И добро сеа зошто по ѓаволите го вратија Орсон?! За уште повеќе проблеми да направи? Па јас мислев дека тој ќе ги реши, дека ќе биде the good guy! А не некој си creepy stalker што не може да си ја прежали бившата жена, па и праќа анонимни писменца. Габи како и секогаш себична, ама па овојпат претера! Нејзе битно децата да и се мирни. Децата што самата не си ги воспитала како што треба! Ми падна жал на Мекласки Џули трудна од близнаков? Е тоа сигурно не го очекував... Кога се појави со стомак, помислив дека е од оној женетион, постар маж со кој имаше афера во минатата сезона. Сепак мислам дека нема да го дадат бебето на посвојување... Сузан е тука, таа ако треба ќе го киднапира
Спојлер Леле многу ми е жал за Бри срце,се наеднаш му се случи се нервирам леле онај Орсон шо не му напрај и сега пак а стварно Габи е многу себична леле ако не се смират и око умри она
Спојлер Ах по насловот на последната епизода од сезонава,Women and Death, ми се чини дека некоја домаќинка ќе умре. По случувањава, можно е тоа да е Бри. А можеби и се лажам. Па ако е последна сезонава, можно е и така да заврши, како што и почна, Мери Алис умре, па да заврши со смртта на Бри или ... Што мислите вие?
Спојлер Продуцентите одамна најавија дека еден од ликовите нема да го дочека крајот на сезоната, ама не кажаа дали се работи за смрт на некоја од домаќинките или некој од другите ликови. Се надевам дека не планираат да умрат некоја од петорката (ја вклучувам и Рене), зошто ќе бидам крајно разочарана. Знам дека почнаа со смрт, ама барем нека завршат среќно...
За нестрпливите, еве што ќе се случи....јас искрено не сакав да читам, нема да ми биде интерсно, ама еве, ако некој е љубопитен Спојлер http://desperate-housewives.tripod.com/id3.html
Спојлер оо Мекласки да Следново не го читајте , опасен спојлер е, може да ви го расипе уживањето (а го прочитав во линкот со спојлери погоре ). Спојлер претпоставувам Том ќе умре, бидејќи во спојлерот вели или Том, Мајк, Портер , МЈ ил Карлос, а понатаму Мајк и Карлос пак се спомнуваат, значи можно е Том. Некое од децата да умре не ми се верува, ама па се е можно!
Спојлер Орсон е стварно болен Па уште и се јавува демек дека ќе се самоубие, за да ја гризе совест. Последниве епизоди ми се многу, многу интересни, баш ме интересира што ќе се случува.