Спојлер можеби Бри ќе си го изеде најдебелиот крај, некако така ми изгледа. Па и овој детективот како и се нагледал... МИ се допадна делот со шопингот, едноставно Габи има ѕвезда за being shmizla Знаев дека Линет ќе упропасти нешто, толку идеално некако кај неа не иде. Баш ми беа слатки гледајќи го фамилијарниот албум. За Сузан, ништо не ме изненадува...очекував дека ќе изненади со некое понашање.. Просечна епизода...немаше нешто за wow!!
Спојлер Сеуште трае неизвесноста за тоа како ќе се извлечат од убиството. Се надевам на крај нема да завршат сите во затвор, па стварно да бидат очајни. Рене ептен ми е смешна, требало уште од почетокот на серијава да ја стават во комбинација Габи во овие 8 години, конечно да ја видиме како вработена. И личи работното место. Навивам за Линет и Том, само не знам што сакаше тој да направи кога ја дадоа сцената со него и онаа кокошкана негова. Што планира којзнае, дај нека се опамети веќе. И добро е што конечно се појави ЕмЏеј, ама и Боб и Ли ми фалат.
^ Спојлер Па сцената со Том беше ставена за да се види дека почна веќе да се премислува. Дека гестот на Линет го трогна, иако се налути, ама изгледа ќе си легне на брашното. А зошто и Ендру го вратија, ќе има он некаков удел или?
Спојлер Ендру може ќе ја извлече од затвор А нели требаше и Кетрин да се врати? Останаа уште 4 епизоди до крај, кога планираат? Или во последната епизода, сите ќе ни се поклонат и ќе се спушти завесата...
^ Да бе, стварно, кога ќе ја вратат, и јас ја чекам Кетрин Малку досадна епизода, не знам зошто развлекуваат толку Спојлер изгледа планираат за убиството се да разрешат на крај. И сигурно ќе бидат 22 епизоди? Да не се повеќе? Оти пишува дека ќе завршат на 13-ти мај, а 19-тата епизода ќе ја даваат на 1-ви април, па не знам. Паузи да не планираат?
Спојлер Aх колку ми е интересна оваа Pене,мило ми е што се појави со серијава Aбе Бен ме изнервира така што постапи,а баш ми беше нов омилен машки лик Mногу ми е жал за Cузан,кога ги фрлаа теглите јас си поплакав и мене мене ме чуди што го вракаат Eндру,па гледам во наредната епизода Габриел нешто се глупира,да не почнат сега пак проблеми со Kарлос? Mислам прикрај е сезонава наместо да се средува,тие уште повеке заплеткуваат Tој штркот од Tом гледам и донесе на Линет документи за развод,видов во промото за наредната епизода
1 април - 19та епизода - With so little to be sure of 29 април - 20 епизода - Lost my power 6 мај - 21 епизода 13 мај - 22 и 23та - финалето
Спојлер Каква неизвесност, навистина не знам што да очекувам, ниту дали ќе се средат Том и Линет, ниту дали некој ќе оди во затвор. Сега е повеќе од сигурно дека Џули ќе го задржи бебето, само заради Сузан.
Премиерно на ABC излегува, ние можеме да си ја гледаме преку торенти или ако знае некој лајв стрим да ти пише, незнам ни дали има воопшто.
Лајв стрим не знам дали има, ама во понеделник наутро во 8.30 епизодата веќе е ставена за гледање онлајн. Спојлер И јас мислам дека Џули ќе го задржи бебето. Не можам само да претпоставам зошто би ја вратиле Кетрин, последно од неа ако не се лажам беше кога замина со Робин таа стриптизетата. немаше нешто неразрешено. Сепак, не верувам дека продуцентите ќе не остават само да си погодуваме, сигурно спремаат бомбастичен крај
Малку послаба ми беше последнава епизода. Појак момент ми беше Спојлер со ем џеј и сузан и еве нека биде шопингот на габи. а за линет знаев со струјата дека на грешка ќе ја зафркне работата кутрата
Интересно промо за следната епизода. Јас не сум фан на Линет ама посакувам да се смират зашто новава на живци ми иде, така антипатична ми е, се пика кај што не и е место. Габи сеа вработена ќе се уфилма. А Бри е закон http://www.youtube.com/watch?v=daxJvp_MEYA Минатата епизода реално освен жал за МЏеј ништо друго не ми остана во сеќавање како интересно.
Еј луѓенца конечно за време на 2 недели ги изгледав 18те епизоди, браво за мене! Е сега вака, да резимирам, само ги читав спојлерите после секоја изгледана епизода, па ред е и јас нешто да искоментирам. Спојлер Последнава 18та епизода ми беше многу досадна. Хировите на Габи as always. Бри и нејзината упорност да го преобрати син и, и да се врати на старите патеки, леле сцената со гејчињата ми беше урнебесна. Ем Џеј сфатливо е таков каков што е, избувлив, сака да ги прави работите кои инаку му биле малтене забранети, сака бесот да го пренасочи, и Сузан добро го стори тоа со теглите. Што се тиче Џули, и јас мислам дека ќе го задржи бебето, ама несфатлива ми е таа комбинација со Портер, човече. Што ли и притекна да најде се*суална жичка кај Портер молим те. Абе ајде молим те, ги памтам ко деца, со русинкана Ирина кога требаше да се земат трагедии, сега и деца праи. Леле моментот со сако, и читањето на резимето ми беше . И за на крај, знаев дека ќе заврши епизодата со Бри, беше премногу очигледно. Цела епизода ништо не спомнаа за тоа, и крајот го краси делото. Ама имаат толку докази, само не знам што уште чекаат да ја уапсат. Ја заборавив Линет. Додуша веќе не знам што да кажам за неа. Ама за оној подвижен мртовец на Том - Значи намќориште упикаторско, не можам да ја гледам. Многу мрзам `маќеи` кои на тој начин се улизнуваат и упикуваат на децата нудејќи им работи што инаку мајката не би ги прифатила, само за да им се доближат на децата. Good job Линет. Само гледам у промото - пак на старо се враќаат. Аман го развлекоа ова со нив. Веќе ќе биде стварно досадно ако на последната епизода се случува се што планирале за оваа сезона, и на крај сите фрикови и починати луѓе да напраат журка на Вистерија заедно со домаќинките и хепи енд фор д хаусвајфс. Додуша оваа сезона, на прсти се бројат епизодите каде нема мистерии и останувања со устата- и одма гледање на новата епизода да видиш што ќе се случи.
Ете како изгледа ќе се спасат. Спојлер Сигурно ќе го фатат овој детективот дека подметнува докази. Колку ме нервира тој, ептен ми е одвратен, заслужено ќе си ја изгуби работата. Може овој адвокатов ќе биде со Бри, м? И bitchot може ќе го остави Том, ама па којзнае дали Линет после ќе го прими.
Детективот го мразам, одвратно суштество. Мислам дека случајот ќе падне во вода токму поради него. А не ми е јасно како останува прибран Карлос кога е ваква Габи, мојов би ме изнатепал пред сите после вакви постапки Инаку речиси 4 недели пауза, следна епизода на 29 април. Промо за следната 20ка. http://www.youtube.com/watch?v=9jIYF3syikA
Тееее, значи: Спојлер Баш ја гледав епизодата со дечко ми, коа виде Габи како се испонаша, мојов се подзапали: Аиии види, брат го праи! Аиии прстенот му го даде! Леле вака, леле така! Мислам стварно еј, каков брак. Он ја вика нејзе да привлече клиенти со деколтето, она привлекува свои клиенти такоџе со деколтето и single прстот. Овој детективот е очаен да ја стрпа у затвор Бри, се гледаше неговата антипатија кон нејзе уште кога дозна дека му е девојка на Чак. Или он сам ќе се зае*е, или адвокатот ќе ја спаси. Дај Боже, она намќориштено нека си замине, нека испари, нека ги остави Том и Линет на раат, не можам да ја поднесам органски. Уште документите она и ги однесе на Линет, аууу! И ја го гледав вчера трејлерот, не ми изгледа на нешто посебно интересна епизодата. Пола промо видео за Габи и Карлос се однесуваше како се закачкаат.
Спојлер А добро, овој другиов детектив толку ли беше слепец, па не виде дека он ја напиша адресата? И дека претходно беше само заокружено името на улицата и немаше никаква бројка? Очаен е да ја стави Бри во затвор, и почна да ме нервира со тоа bitch, па bitch Ама на крај изгледа така ќе се извлечат сите, друг начин не ми доаѓа на памет... А онаа кокошкана на Том што туку се замислува?! Ептен ми беше ќеиф кога почна да и се дере Том на неа, и цело време очекував дека ќе и рече: Now, get the hell out of here!!, и ќе ја ифрли како партал! Не заслужи такво понижување Линет, а таа сиротата, дури и торта му направи Овојпат не знам на чија страна да застанам, дали да ја поддржам Габи или Карлос Од една страна, тој беше што сакаше да биде некаков си советник, или ватевер, па сега откако Габи почна да заработува повеќе, него му падна криво. Ама па и понашањево на Габи ми е ептен оросписко... И сега не сфатив, бебето на Џули е со некој недостаток, или..?
Абе виде и тој другиот дека он ја напиша адресата ама си преќуте, знаеш партнери се ова она, нема да го издаде сигурно, тој не се ни замараше многу со случајот Не не бебето си е океј, само што нејќела да се кае цел живот ако го остави бебето и затоа се премисли