Ерата на Очајните домаќинки од Вистерија Лејн заврши: после осум сезони, на 26 април беше снимена последната епизода. „Крај на една ера. Сите сме тажни. Марша Крос и јас се расплакавме. Не можев да ја пуштам Фелисити. Постојано беше покрај мене осум години“ – напишала Ева Лонгорија покрај фотките кои ги објавила на Твитер. Целата екипа се соочила со фактот дека, ете, навистина е готово. Последната епизода во САД ќе биде емитувана на 13 мај.
Добра епизода! Спојлер Линет стварно ме нервира со овој лигушот у тандем. Габи ме умре од смеа кога и ја зема наметката "give me that,you look like batman!" Бри ми е срце и се мислам дека овој ќе се заљуби во неа и нема да може ефективно да ја одбрани. Едвај ја чекам следната,а несакам да заврши.
Осеќам дека ќе си пуштам некоја солзичка на последната епизода 8 години се во прашање, ги следам уште од самиот почеток. Израснав со нив! И за некое чудо, ги памтам сите ликови и случки, дури и одредени фрази од сценариото. Кога ги даваа репризите на А1 по цело лето, пак ги гледав иако знаев што ќе се случи. Вообичаено, секоја серија има подеми и падови, интересни моменти но и страшно досадни. Обично почетокот на секоја сезона е досаден, па некаде на средина се случува заплет, кулминација, за веќе на крајот од сезоната, неизвесноста повторно да спласне. Кај очајните домаќинки, барем јас никогаш не почувствував досадни моменти. Се си беше толку добро скоцкано и толку добро одиграно, што многу пати ме оставиле со подзината уста. И што да кажам за последната епизода, освен тоа дека беше мнооогу интересна! Спојлер Пак ќе кажам - навивам за Том и Линет. Овојпат ќе се воздржам од предвидувања за тоа како тие двајца ќе завршат, зошто обично секогаш се изненадувам на крајот. Многу ми падна жал за Сузан, ама мора да биде многу силна. До душа, нејзиниот лик не е баш таков, таа секогаш била кревка и секогаш имала потреба од маж покрај неа, ама во моментов единствен „маж“ во нејзиниот живот ќе биде Ем Џеј Рене уште од кога се појави ми стана многу интересна. И дава некој убав шмек на серијата. И фала Богу се појавија Боб и Ли, колку толку... Не знам што ќе се случи со Карлос, ама се си мислам дека ќе се врати на старата позиција. Баш како што му кажа Габи - You're a shark Carlos Познавајќи ја тактиката на продуцентите, знам дека на крајот ќе испадне нешто што ни на крај памет не ни дошло, така што не се ни обидувам да предвидам што ќе се случи со Бри и како ќе се извлечат од убиството. Ама верувам дека последната епизода ќе биде најдраматична, и ќе си ја приберам паломата до мене.
Спојлер Kрајот се наближува,а мене ме интересира дали ке кажат нешто за ќерката на Габриел,за ќерката на Tом,таа што ја имаше со другата жена,злобното девојче
Ќерката на Том мислам дека не е важно воопшто дало ќе се појави или не, како што се сеќавам ја пратија кај некои роднини на мајка и, што значи таму може да си остане. А за ќерката на Габи и јас мислам дека треба да се појави, тоа остана нерешено. Исто и за Орсон да видиме што ќе се случи со него.
Немаше некое посебно дејство денешнава епизода... Ама само едно ќе кажам: Спојлер ТОМ врати се Таман си тргна кај Линет, ц ц ц ц... И ајде Габи нека ја каже вистината, не се купува пријателство со поклони!!
Спојлер Ќе се врати Том, тоа веќе е и повеќе од сигурно. А и Габи и Карлос мислам дека нема да ја остават Бри во затвор, а како и изгледа ситуацијата веројатно е дека ќе ја осудат.
20та епизода Спојлер Габи: But the best that you can be is a different kind of shark! Малце ми се досадни муабетиве помеѓу Габи и Карлос, он доброта, черити, она shoes, clothes, money бла бла бла. На крај ќе зачини со добра реченица и ќе ми изнуди насмевка. Смешна ми е Линет со обидите да дознае што повеќе за кучката и Том, али ова со Мумбаи и ги помати плановите, не само Џејн, туку и она губи тогаш. Сузан ми беше најокеј оваа епизода, и целиот нејзин труд околу тоа да не се почувствува отсуството на Мајк, и испадите на Ем Џеј веќе ми станаа навика. Бри .. не знам што да коментирам околу нејзинава ситуација и адвокатов. 21ва епизода Спојлер Униформата на Портер! Ах Џејн, Џејн утната фацо. Конечно ти текна да се повлечеш. Туку ме зачуди како Том не го виде дека е Ли, тој пред кој се соблекуваше Линет, ама ај. Туку на сликава горе се појавува и Мери Алис, знам дека ја има вметнато во секоја епизода (нели го чита раскажувањето), а ги нема Сузан и Бри. Што ми изгледа дека на свадбата ќе ја осудат Бри. Значи ајде Габи толкава себична кучка да испадне, марама и купува за расправа во суд. Не сакам Бри да иде во затвор, па највеќе се жртвуваше за сите, и никогаш никој не предаде, ниту пак покуша да се искупи за убиството (како на пр. Сузан со сликата), дај бре другарството преовладуваше сите овие години, на крај Бри да го изеде стапот.
Спојлер Алелуја, ја тргнаа кучкава на Том, не можев да ја поднесам. Ама не би било интересно ако во една епизода Том раскине со неа, и одма и се врати на Линет. Ќе бидат они двајца пак заедно, претчувствувам Габи како и секогаш, крајно себична. И убаво и го плеснаа тоа во фаца Линет и Сузан. Редно време беше малку да се подзамисли. Некако не ми оди тој план Сузан да ја напушти населбата, нема да биде исто без неа. Е тука веќе не знам како ќе се средат работиве, ама Портер не ми е некако уште дозреан за татко. А и со Џули ми се распар. Осеќам дека свадбата нема да помине така мирно, сигурно ќе има некој скандал. Уф, едвај чекам да видам што ќе се случи! Сезонава е врв!
Спојлер Јас па не мислам дека Габи е себична. Гледате и дека неа совеста ја јаде како му се нафрли на тие мисиркиве во маркетот и како преувеличи за куклата што и ја скрши Хуанита. И она е скршена ама па несака ни ќерките да си ги остави сами без татко. До некаде ја оправдувам! Сузан многу ме нервираше на почетокот на сезоната како лик. Многу кукавички се постави и ме изнервира. И сакам да биде истата Сузан пд 1ва сезона. Коптава,забегана,шашава... Вака не ми прај мерак. И Рене во седма сезона беше никаква сега баш ми е жена со став. Башка и опак смисол за хумор има ко Габи! п.с. Го изгледав трејлерот за последна епизода и солзи ми течеа. Масакр ќе биде другиот понеделник!
E баш ми е криво што следната недела завршува, ама ајде барем ќе не почастат со две епизоди Спојлер Битно Линет и Том ќе се смират, а како ќе се реши убиствово баш ме интересира. Туку мене ми е криво што Сузан ќе остане сама, а сите од домаќинкиве ќе се снајдат
^ Нема ни канал, ни саат. Го гледаме на нет, и следнава недела е последната епизода од 8мата сезона, што воедно е и последна сезона на DH. Еве кај глеам јас: http://www.cucirca.com/2007/05/22/watch ... es-online/
утре последната епизода.....јеее томи линет are back together! Се надевам на хели енд Бри да се спаси од казната, ке ми фали серијава!