1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Очајни домаќинки (Desperate Housewives)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од wolf4e, 21 јули 2010.

  1. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво што утре ќе заврши, сега ќе нема што да гледам.. :worried:
     
  2. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    I can only say that I cried my eyes out
    ;( ;( ;( ;( ;(
     
  3. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    ШТО БЕШЕ КРАЈОТ, СО КУТИЈАТА...

    ИНТЕРЕСЕН КРАЈ...
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Готово е, the end.........and they all lived happily ever after :)
    Во последниве епизоди зошто ја немаше Мекласки некако комплетно заборавив на неа, како ги спаси девојкиве алал да и е, воопшто не препоставував дека таа би можела да биде нивниот спас.
    Таман си помислив дека Линет пак ќе ја оплеска работата со Том се свести набрзина.
    Крајот баш и не ми се допадна, сите од успешни, поуспешни, сите богаташки, некако нереално бар за мене.
    Остана само нејасно што се случи со Орсон, никаде не го спомнаа.
    Самиот крај беше добар, леле колку луѓе испоумреле на Вистиреа Лејн во текот на 8 сезони :o
    Ќе ми фалаат уште не сум нашла некоја соодветна замена на серијата, мада тоа со кутијата на крај како да оставаат простор на појава на слична серија или мене само така ми се чини :?:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Многу разочарувачки крај, Стварно.
    Прво, колку глупаво го разрешија судењето, ајде кажа Мекласки дека е виновна, сите и поверуваа и сите среќни и весели. А зошто би го убила човекот кога ништо не и направил? Можеа барем да кажат дека ја нападнал Габи, она се нашла таму и го убила. Или нешто слично што знам, ама вака ептен тапа го направија. Ниту истрага дали навистина било така, ништо. А кажа Рене дека ја видела Бри со лопата. |(
    И не ми се свиѓаше што ги разделија, цела серија за нив, а на крај сите по свој пат. Повеќе сакав да остарат заедно на Вистерија, баш како Габи што кажа, така целата серија некако ќе се заокружеше.
    И баш поназад дискутиравме дека Мекласки ќе ја преземе вината, ама не беше бре логично.
    И ете, заврши битно серијата. Се изнервирав. :^)
     
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Надеж дека понатаму, ако има заинтересираност на публиката, да им текне да прават продолжение. Многу ми е криво што заврши. :(
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Тоа беше се' народе.
    Ми беше криво што не снимаат барем уште една сезона. Си пуштив по некоја солзичка и проголтав по некоја кнедла, ама убав крај направија.

    Цело време мислев дека некако ќе го вмешаат Мајк во убиството и ќе го обвинат него со снимката каде што се гледа дека закопува труп. Ама Мекласки? - Ни на крај памет.
    Си даде она убав говор кога седна да сведочи - соседството е како семејство. А за семејството се жртвуваме. И баш со тоа кажа зошто го убила Рамон. Кажа дека знаела за него и историјата со Габи и сакала да ја заштити.
    Многу ми беше мило за Линет и Том!! Кога се сретнаа на улицата и кога Том и ги кажа сите тие работи, цело време си викав - пушти тоа кесата, оди џитни му се! :)
    За момент помислив дека адвокатов на Бри е заинтересиран само да победи во случајот, ама по се изгледа црвенокосава го освоила :lol:
    Рене многу ми беше смешна и bitchy во последнава епизода кога во последен момент трчаше и бараше фустан :rofl:
    И ете ја и Кетрин, а ја баравме долго време. Она чекала во последната епизода да се појави :)
    Малку шашав крај за Џули, ама не може се да биде совршено. Се чини ќе оди по стапките на Сузан. И двете се самохрани мајки.

    Имам само две забелешки: за Орсон и биолошката ќерка на Габи воопшто ништо не спомнаа.
    Тие две работи ги оставија недовршени.

    Ама како и да е - убав крај. Мистериозен секако :)
     
  8. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Редно беше, да, ама пак тоа не ме спречи да си се изнаплачам убаво. Ех! Ко ќе се сетам од кога ги гледам Домаќинкиве! 5-6 години и не се малку, уште мала бев, не ги памтам ни епизодите! Па скоро половина живот ги гледав! Едноставно привлекуваат и никогаш не здосадуваат! Сигурна сум дека уште 8 сезони да имеше, сите до една ќе беа интересни. Тешко ми е да се збогувам со нив. Летово ќе ги гледам сите епизоди од почеток!

    Керен, леле како ме израдува! И се, фан сум на хепи ендинг и прекрасно ми беше. Сузан, ко се возеше за последен пат по улицата.. Малку се нашалив дека Бри ќе ја напраат претседателка -.- Беше прекрасно, сите ги покажаа на крај, “духовите’’. Линет -- со 6 внуци! Малку и беа нејзините! Ах, Габи, и сите, и се, многу ми се допадна крајот! Кутијата.. колку типично. Еднаш серијава не забега од кадар. Едноставно прекрасно!
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ах луѓе, си пуштив и јас солза, ми беше тешко! :sweat:
    Ова со кутијава остава многу сомнежи, ама не верувам дека Мери Чери ќе праи уште една сезона. Како што гледам, Тери Хачер (Сузан) е одбегнувана од другите, и тоа е причина плус освен онаа конечна одлука на Чери, да не се снима уште една сезона ...
    Искрено, дури и јас не верувам дека може да се снима уште една сезона, некако се исцрпија со ликовите и настаните, и мислам дека доволно бујна фантазија имаше употребено Чери и некако дури би било и клише за наредна сезона, но јас пак би да ги гледам. :(
    Многу ќе ми фалат, искрено.

    А крајов:
    Искрено не ми се допадна баш нај. Единствен стварно преубав момент беше смирувањето на Том и Линет, мислев дека ќе го остави да си оди, е тек тогаш ќе ја убиев. :devil:
    Том не и спомна ништо за Ли кога ја соблекуваше, али нејсе. Мило ми е за нив.
    Ова со Џули не ми се свиѓаше, можеше или да остане на Вистерија Лејн со момчето ќе си најдат заеднички јазик за детето (како знаеа да го направат :lol: ). Некако сите се испораштркаа, сите на различни страни, а толку силно пријателство и покрај сите перипетии се распадна. Жалосно. Демек сите среќно завршија, ама и клучната работа во серијава заврши - пријателството. Не може жениве од богу иза леџа да го обновуваат нон-стоп. Е за тоа ми е многу жал ...
     
  10. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Крајов не ми беше баш по ќеф
    Па како прво ќерката на габи и Гарлос, се надевав и се надевав дека ќе се појави и не
    Еден голем минус -
    После кога ги прикажуваа духовите на крај требаше да ја има Иди, толку сезони со неа и на крај како воопшто да не постои. Па какви караници и да имале со режисерот смирете се, барем за крај
    Ми се свиѓаше тој дел со потсетување на сите кои на еден начин беа значаен дел од соседството.
    Брее што луѓе умреле на Вистерија Лејн :x
    Друго начинот на кој се извлекоа од убиството. Можело и подобро
    Ама мистерија мора да има на таа улица, значи. Без разлика кој живее

    И не требаше да се селат, Вистерија Лејн е нивна ЗАСЕКОГАШ

    Ќе ми фалат многууууууууу :( ;(
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    ^Да стварно, сега кога спомна Иди воопшто не ја прикажаа. :^) Ни со Орсон не разјаснија што се случи што е голем пропуст. Уф една од омилените ми серии вака да заврши... :x
     
  12. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Па не ми беше баш по мерак крајот некако, поентата на серијата на еден начин беше и нивното силно пријателство, а сите се разотидоа. Можеле барем да кажат дека иако се разделени бак се многу добри пријателки и да ги покажат како на стари години се собрале негде и играат покер. Кога си го дадоа ветувањето дека пак ќе се видат, Мери Алис кажа дека за жал не требало да биде така, што значи не се виделе пак:/ Исто така не покажаа што се случило со Сузан, ни па со Џули, бебето, Портер (или другиот близнак беше? :^) Орсон....Ах а и тоа со кутијата :worried: Абе ми иде сега да му отидам на тој што ја направил серијава и безмилосно да го измачувам додека не ми каже што е работата со кутијата :wasntme: Премногу сум љубопитна за вакви краеви. Сепак, се на се предобра беше серијата и не ми се верува дека заврши, како да очекувам уште :worried:
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Работата со кутијата
    беше само колку да се покаже дека мистериите на Вистерија Лејн ќе продолжат, без разлика кои се луѓето што живеат таму. Ништо посебно. :)
     
    На LaChiquita и wolf4e им се допаѓа ова.
  14. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
    Ќе може да ми дадете линк каде можам да ја гледам последната епизода? :)
     
  15. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Па нормално дека така блесаво ќе го решат убиството, нема да се тегнат цела епизода за тоа како истражуваат, дрн дрн јариња...

    Инаку, си се изнаплакав едно убаво, посебно на сцените со Мекласки ;( ;( ;( ;( ;( ;(

    Збогум Очајни домаќинки, ќе ни недостигате ;(

    ПС
    Добра ми беше епизодата, само навистина ме изнервираа што не ја вратија и Иди, па и Кетрин ја имаше само 1 минута, многу малку. А и доста работи оставија недорешени, ама и тоа разбирам дека не можат во 1 епизода да го решат. Како и да е, во нивен стил заврши.
     
    На QueenN му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Niccolette Sheridan глумицата што ја глумеше Иди, ја тужеше ABC телевизијата и продуцентот поради отпуштање од серијата и ја загуби парницата, сосема разбирливо е зошто не беше во финалната епизода.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Е па се кога оставија во последната епизода да се решава нормално дека нема време.
    Можеше да се направи да биде поуверливо, а не вака како прваче да го кроело крајот.
    И не можам да се согласам дека заврши во нивен стил, да беше така ќе беа заедно, испадна дека пријателството не им ни било цврсто штом така дозволија да се распадне. И тие никогаш повеќе не се видоа... Глупости.
     
    На LilBaby и wolf4e им се допаѓа ова.
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    И мене не ми се допадна крајот,некако глупав и нереален ми беше,тие една без друга не можат да функционираат,овие ги разделија :^) и да ги покажеа оние соседите што се геј,што се случи со нив,со Oрсон,со керката и синот на Бри,леле оваа Mекласки кога призна многу ми беше смешно,се изнасмеав :D Hе ми се допадна крајот,за мене беше без врска и нереален |(
    Hемам коментар повеке
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Jас се изнасмеав на шегата на Карлос со градинарката
    - Hi, I'm Carmen
    Габи: мхм :D
    многу ми беше јака сценава...

    И мене финалето не ми е по ќеф многу, ама срце не ми дава да мрчам после толку години поминати со серијава. Многу ми е криво што не останаа заедно, низ што се поминаа и пак беа заедно....ама тоа е, животот продолжува. Пореално е вака, јасно е дека на крај секоја ќе си гледа за себе и семејството прво
     
    На AnaKarenina и femina90 им се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    ^Целосно се согласувам.
    Том и Линет, ме разнежнија :inlove:
    Имаше многу смешни моменти епизодава-реакцијата на Габи, Габи кога го поткупуваше Карлос со саатот, Рене кога го зграпчи тој од свадбата :rofl: Патем, Рене ми беше преубава невеста :)
    Останаа нерешени моменти веројатно зашто судењето се одолговлечи, ама кога ќе размислам еве да ги вратеа ќерката на Габи или Орсон ќе беше малку тупење, немаа веќе никакво значење за понатаму. Точно дека крајот не беше типичен за сите нив и веројатно е така зашто сите мислевме дека ќе завршат заедно. Вака е навистина пореално, после 8 години, секој на своја страна и што е најважно среќен :)
    Уште сум им лута што Мајк без потреба го тргнаа, ама ајде, нека им е :D
    Криво ми е што заврши серијава, омилена ми беше меѓу 10 други што редовно ги гледам :doh:
     
    На karmenka и AnaKarenina им се допаѓа ова.