Се раскинав од плачење. Како се вика песната на Карен што и ја пуштија на грамафонот? Многу беше убава!
Ја има ли негде на интерент серијата да ја гледам со мк синхронизација. Мнгу сакам да ја гледам ама некако се си ја испуштам? )
ме остави без зборови последнава епизода. мене лично многу ми се допадна Спојлер ...целата серија беше направена да се разрешуваат мистерии, и секогаш остануваше нешто неразјаснето. Меѓутоа, јас сметам дека одлично заврши серијата. Верувајте дека кога ги дадоа духовите на вистериа лејн, правев паузи на сите лекови и пробав да се сетам кој што улога имал во серијата. Навистина многу години стојат зад серијава... Можеби крајот требаше да биде заокружен со тоа дека тие ќе останат пријателки засекогаш, но заврши како што почна...со мистерија. И јас би се сложила со Виножитка дека кутијата е само знак дека таму секогаш ќе има мистерии. Многу ќе ми недостигаат домаќинките... Среќна сум што Том и Линет се вратија заедно, што Габи ќе успее да создаде бренд, што Бри достигнува таква убава кариера...само за Сузан ми стана жал...кога го дадоа Мајк, :'( . Ќе морам сите сезони одново да ги гледам...никогаш нема да ми бидат досадни, никогаш!
Неповторлива серија со одличен емотивен крај. Последната епизода беше одлична навистина, се ми се допадна, заврши онака како што и треба. Не знам само што не ви било јасно со кутијата или зошто некој би бил незадоволен од вакво финале. А за турското гомно, си имате тема, не ја валкајте оваа.
има ли некој линк каде можам да ги гледам сите сезони, одамна ги гледав и дојдов до некаде, ама сега незнам од каде да продолжам
Ми се допадна крајот. Ќе ми фали серијава, толку години и беше омилена, уште на а1 кога почнаа да ја даваат.
дали треба да се логирам на странава за са можам да ја гледам серијата, бидејки кај мене ништо не отвара
Да, треба да имаш акаунт. http://www.tv-links.eu/tv-shows/Despera ... wives_207/ Тука ги има сите сезони, ама за онлајн гледање.
RainBow се логирав на страната што ја постира, но пак неможам да ги гледам епизодите, првин ми покажа дека немам програм за да ги гледам, го симнав програмот што го бараше и пак несака, незнам зошто изгледа јас незнам да се снајдам на страната, ај ако сакаш објасни убаво што и како е
Не, на замунда треба да имаш акаунт, на страната јас што ја постирав не мора да си логирана. Само кликни ја епизодата што сакаш да ја гледаш и оди подоле во search links. Можеш да гледаш на putlocker, sockshare, filebox, gorillavid, барај ги тие линкови.
Meне па ми се допадна крајот на серијата, кога ќе споредам други серии кои траат и помалку од 8 сезони а се е испомешано на крај и пола работи испуштени, тука мора да кажам дека имаа само мали пропусти. Мене речиси сите сезони ме задржаа до крај, освен мала криза имаа во средината. Интересно беше што внесуваа постојано нови ликови, мирното местенце Вистерија Лејн беше се, само не мирно. Имаше добри моменти кои се за паметење од самоубиства, до неколку убиства, паѓање на авионот, ураганот, бракови, разводи, пребродување на болести, рак, сиромаштија, богатство, изневерувања итн. Имаше убав дел на крајот кога играа покер и кога рекоа дека некои луѓе живеат покрај соседи кои не ги ни познаваат, ни добар ден не си викаат, а овие соседи делеа буквално СЕ. Мене ми се допадна што заврши токму како што и требаше, со среќни моменти на едно место, тажни на друго. Таков е и животот, подем и пад, тага и радост, насмевка и солзи. Еден живот згаснува, друг се раѓа. Е сега жал ми е што им се разотидоа патиштата, ама Вистерија Лејн има нови очајни домаќинки. Таков е светот, се се врти во круг и продолжува дејствието без запирање. Жал ми е што завршија и се изнаплакав. Дури се изнаплакав за Том и Линет иако ме нервираат, посебно Линет, но сепак ниедна домаќинка не е совршена, си имаше мани, но никогаш не стави нешто пред семејството, никогаш! Габи и Карлос ме изнасмеаа со градинарката, на глас се смеев дома Жал ми е за Сузан, но сепак имаше делче каде што таа кажа дека можеби ќе е спремна за нова љубов. А Бри крајот не ми се допадна, политичарка, ал ајде, плус нов маж, ама таа секоја сезона има нов маж, дури и по неколку, испадна она од поштена мома и ладна домаќинка да е со најмногу мажи поминати, ама таква е и секогаш во реалноста мирните се всушност најнемирни После изгледани 181 епизода, над 125 саати поминати со домаќинкиве ќе кажам дека ќе ми недостигате
Јас само да ви кажам дека последнава епизода ми е симната од понеделникот и немам срце да ја изгледам. Не знам што ќе се случи, не отварам спојлери и не чепкам по нет за тоа, ама не сакам краеви и ги одложувам што е можно повеќе. Најверојатно ќе се посветам викендов и ќе најдам време сама да уживам и жалам што веќе нема да ги гледам.
Леле мори мајко. Едвај чекам да видам што ке се случува понатаму. Јас сум тек на 2 сезона од ново почнав да ја гледам бидејки кога ја даваа на а1 кога ке ја гледам кога не и заборавив до каде стасав. Ама интересно е а? :geek: