и јас почнав пак да ја гледам, сега ја гледам 5 сезона, многу ми е жал што Иди умре, баш ја правеше поинтересна серијата
ги изгледав првите 6 сезони на оваа страна, но 7 и 8 сезона не ги отвара, има ли некоја друга страна каде што може да се гледа серијата?
Веќе ужасно ми недостигаат Навистина не е фер што така наеднаш завршија, па можеа барем уште две сезони да снимаат Многу добар крај, прекрасен завршеток, лично јас сум задоволна.
Ми останаа уште 4 епизоди од последната сезона, и фала Богу што имав обврски овој период па не ги изгледав сите наеднаш... не сакам да ги изгледам сите бе, не сакам да е крај... Спојлер Колку само плачев кога Сузан и Ем Џеј ги фрлаа теглите со џем А оваа Бри значи не е нормална, оставила отпечатоци на копчето од кошулата на очувот на Габи, зашто го видела откопчано па морала да го закопча бе Педантерија. Ако се сеќавате и првиот сопруг кога и’ јавија дека починал, прво ги избриша лажиците и ги нареди, па подоцна седна да плаче, ццц. И на погребот, пред да го затворат ковчегот, рипна да му ја смени врската бидејќи не и’ се допаѓаше, луда
http://uk.eonline.com/news/kathryn_joos ... ves/320735 Карен Мекласки починала на 1 Јуни на 72 годишна возраст, две недели по завршување на серијата Баш ми е жал R.I.P Kathryn Joosten
Каква коинциденција, не ми се верува. Само што прочитав на нет и право ја отворив темата да споделам со вас, но гледам веќе сте запознаени. Како заврши последната епизода и како судбината си го направи своето во реалноста Не ми се верува, прво мислев дека се работи за серијата дека раскуваат дел..... R.I.P
штотуку ја изгледав последната епизода, една од најдобрите серии што некогаш сум ги гледала, можеби по некое време пак ке почнам да ја гледам во право беше Сузан кога кажа на крајот, дека можеби изгледа така но не досадно место за живеење, постојано се случува нешто. единствено не ми се допадна што се разделија на крајот, но сепак секоја тргна по својот пат Бри дефинитивно е родена за политичарка, со нејзината пластична маска може да прелаже секој Габи ми е омилен лик од серијата и многу ми е мило што успеа во светот на модата, со своја емисија и модна линија Линет на крај успае да биде на чело на компанија и така со Том цело време се расправаа кој е подобар, само не мо е јасно зошто сите деца мораа да ги крстат со имиња на П, никако не успеав да ги запомнам Сузан требаше да остане со Мајк, после се заслужи да биде среќна, барем остана отворена за нова љубов како што приметив на крај, оставено е место за нова сезона, со други демаќинки, може ке се предомислат па ке снимаат уште некоја сезона
Неверувам во тоа, но и да се снима нова сезона со други домакинки нема да биде тоа тоа, се знае кои се домакинките. Инаку се растажив на крајот несакав да се разделат, сакав сите да останат заедно, но тоа беше поинаков хепи енд, и се прашувам зошто не покажаа што ке се случи со Сузан во иднината? И за крај да го спомнам најсреќниот момент: Линет и Том пак заедно!!!
Оваа сезона ми беше убедливо најдобра од сите до сега. Не знам што ќе си правам јас без нив. Интересен финиш имаше морам да признаам, иако можеше да биде оној ептен хепи ендинг, кај што се сите заедно и среќни како на почетокот. Ама како и да е, ова е една од најдобрите американски серии досега. Жал ми е што Мекласки си почина каква глумица бешеее . Бог да ја прости.
Поради Лонгорија почнувам одново да ја гледам серијава. Веќе сум 6та епизода од првата сезона.. Ох Боже, зошто е толку прекрасна?
омилена серија ми е.. сегапочнав повторно да си ја гледам хихи иначе ја има на filmovizija.com цела серија со превод онлајн