Значи колку сум ја гледала серијата. Прво ја гледав на ТВ со рипање на епизоди бидејќи не бев во можност да пратам постојано. После на интернет ги изгледав сите сезони. Многу интересна серија и ми фалии. Сакам нови сезониии Инаку од домаќинкиве највеќе ја сакав Габриела
Ок ко заврши последната сезона си ги изгледав сите пак,а и кога и да ја начекам пак си ги гледам ако на памет се знам.
Серијава е ТОП,но турциве си направија ТУРСКА СЕРИЈА ОЧАЈНИ ДОМАЌИНКИ,ама глупости беше,а вие Канал 5 па ја почнаа и ја преќинаа,Канал 5 најнеуредна телевизија се,даваат репризи,но освен тоа и името им го менуваат!Девојката која ја сакав-Моето Дете Темно Црвено-Борба за живот о.о
серијава 100 пати да ја гледам не ми е досадна, баш е интересно и интригантно смислено се....сакам нова сезона, ама нема сега за сега такво нешто нема и неверувам дека ке се снимаат продолженија....а ова за Kанал 5 и турскиве серии, па јас немам коментар, ми се гадни, одвратни и глупави, искрено неможам да ги поднесам, а не пак да ги гледам. Kанал 5 и Sител веке јасно претераа со овие глупости живи, неможат нешто да прикажат некоја серија светски позната, со неккава смисла....а турциве колку сакаш ги има, со репризи од 1000 пати---како не им се здосади се прашувам. па ги величат ликовиве како кој знае колку светски селебрити се и во несвест паѓаат немам ништо против за тие што ги гледаат, ама јас неможам да ги поднесам.
Значи која логика ја имале во филмовиве, во една епизода имаше бура, невреме силно, ураган, се разнесе, куќите беа уништени а ливчето што и го даде таа старата тетка со бела коса пред да умре на ќерката на Кетрин во кое беше призната вистината, после бурата си остана на исто место немрднато од под кревет.Жими све, и колку повеќе ги гледам се чудам дали сме биле нормални што ги гледаме од толку нелогичности и нереални дешавки. Ова ми е ко сега да пуштам некој црно-бел филм и да се чудам на хуморот и на тоа какви биле луѓето тогаш и што гледале. Просто се крстам а пак ги гледам репризите и и покрај дебилните дешавки ми се интересни. Why?
Ја порано не сум ја гледал. Сега ја гледам и сум стигнат до сезона 6 епизода 14 Ја прво ја изгледав турската верзија и сега гледам дека е многу бледа копија Американскава е многу подобра, има многу случки кои се претставени на посебен начин, а турците ги прикажале по Турски
Вака ако гледаме, во секоја серија и филм има еден куп нелогичности и ако читаш на IMDB колку грешки има што не си ги приметила со голо око, одма ќе си ја расипеш сликата за омилениот филм/серија....Затоа не се замарај толку со нелогичности, туку гледај си и уживај Серијава ја фаќав неколку пати на Fox life (мислам), па еден период ја симнав на лаптоп и се заразив со неа. Името на серијава е смешно, инаку интересна си е со сите тие заплети, мрачни тајни и криминали. Омилен лик ми е Бри И се восхитував на жената во секоја сцена. А после неа на листата ми следува Габи
Има и такви како мене, што дури после 10 години се опседнуваат со серијава. Никогаш ја немав гледано со ред, и решив да си ја почнам од прва сезона како што доликува. Скоро 7-8 месеци си ја гледав, ама само за викенди, колку што ми дозволуваше времето, плус сум се мачела на разни пиратски страни да ја гледам Вчера конечно ја завршив. Што да кажам, прекрасна серија, не сретнав досадна епизода. Да ми предложите некоја друга слична на оваа ?
За жал, нема друга таква серија со скроз ист вајб и ниво на квалитет. Очајни домаќинки е една и единствена, барем според мене. Сепак можам да ти ги препорачам Why women kill (ми се чини дека беше од истиот креатор на Очајни домаќинки) и Devious maids. Имаат слични нишки, се провлекува мистерија низ епизодите и те копка да пуштиш следна да видиш што ќе се случи.
Обично секоја серија, затупува после некое време, што не беше случај со "desperate housewives" Под импресии бев од секоја епизода. Мислам дека изборот ќе падне сега на " Devious maids" Не е ни многу долга, како што истражив 4 сезони се. Ти благодарам за предлогот
Devious maids многу ми беше интересна и на крај заврши со cliffhanger и не ја обновија никогаш за нова сезона. Многу се изнервирав.
Ќе има ново снимање или нешто грешка сум? Видов дека ќе снимаат серија Wisteria Lane - нова емисија за очајни домаќинки