Супер, ми се допадна и мене последнава епизода. Па како што имам и јас фобија од турканици, не можев да дишам дури гледав... Спојлер Само крајот не ми се допадна многу, убиството на .......ах го заборавив, Пол беше? Премногу лесно ќе си помине тој ако умре Демек се одмазди како што сакаше на соседите и ај чао...
Почна нова сезона, 7ма. До сега се стигнати до 10та епизода. Снимањето на сезоната е сеуште во тек. Нова епизода ќе има за две недели одприлика.
Дечки нова епизода на 2. јануари ќе има според википедиа : "Assassins" is the 145th episode of the ABC television series Desperate Housewives. It is the eleventh episode of the show's seventh season and will air on January 2, 2011.
Многу време бе до јануари Сите серии ги завршија за оваа година. Спојлер Малку ми беше преусилено ова со Пол, покажаа не многу дискретно како неколку луѓе носат пиштоли и на крај се деси убиството, некако ми беше предвидливо.
На Фокс Лајф ако загледаш некоја серија имаш сериозен потенцијал за една година да ги научиш репликите од минимум две сезони напамет ...од 30 пати репризирање мислам дека ќе се сфати толку
Леле сега седнав и ќе ја гледам 10-тата епизода од 7-ма сезона. Не знаев дека излегла, јас мислев дека таа ќе излезе на 2 јануари, а не 11-та. Ама погоре прочитав некој пишал нешто за најновата епизода и не ми беше познато тоа што беше пишано, па ми текна дека има нова епизода За сите заинтересирани, еве линк каде можете да ја гледате серијава. http://www.cucirca.com/2007/05/22/watch-desperate-housewives-online/ Ова е директен линк до Очајни домаќинки, а инаку на страницава можете да гледате и други серии, скоро сите светски познати серии ги има и тука
Woooow, епизодата беше одлична!!! Многу возбудлива и напната! Обожавам вакви епизоди! Мене баш ми се допаѓаат вакви турканици и гужви на филм! Едвај чекам да дадат нова епизода
Не е Линет, мајка е на 5 деца не е толку луда Или е жена му, или Ли или онаа Мици. Не би требало некој друг.
Иако жена му е најочигледен осомничен, сепак не ми се верува, почна да се заљубува во него така да... Можно е Ли. Ќе видиме дури на крајот од сезоната мислам
Нема шанси да е Линет. во тоа сум сигурна...Ако си ги гледала сите епизоди од сите сезони, ќе се согласиш со мене. А мислам(скоро сум сигурна) дека нема шанси да е било која од домаќинките. А не верувам ни дека е Ли, бидејќи тоа би било премногу очигледно, а во Очајни домаќинки никогаш не е лесно решлива мистеријата...Се сеќавате ли на Иди? Тој што ги давеше девојките? Ни на крај памет не би го посочиле него како виновник...Прв осомничен на сите им беше Дени, синот на Енџи и Ник(италијанците). А кој би претпоставил дека Мери Алис е таа што ја убила Диадре? Сите мислевме дека Пол е тој што направил некое злосторство. И сите други мистерии се пример дека никогаш не е така како што на прв поглед изгледа....Јас би била разочарана доколку навистина Ли е тој што го уби Пол...Или пак Фелиша или ќерка и...Исто би било премногу очигледно и без ни малку мистерија Се надевам дека како и секогаш, на крајот ќе бидам позитивно изненадена
Ако е Ли или жена му тогаш е премногу очигледно и како што кажа ти, не е во стилот на домаќинките. А и бидејќи жена му се заљубува во него ич не верувам дека е таа. Затоа останува дека би можела да биде некоја од домаќинките, Линет најмногу го мразеше, иако воопшто не личи на неа да биде убиец како што кажав. Може да биде и Бри, има пиштол иако нема некој силен мотив. Можно е и Фелиша Тилман, ама типката е у затвор така да не може да го упука, освен ако не унајмила некој во нејзино име. Некаде на друг форум прочитав апсурд дека Мери Алис е жива и таа го упукала. Сепак останува мистеријата и ќе дознаеме дури на крај.
Имам еден предлог, ај да отвориме една анкета, да гласаме кој пукал во пол Или нешто како кладилница, да се обложуваме Јас гласам дека не е Линет А да поразмислам малку, па ќе дадам нова идеја за кој би можел да биде. Исто не би сакала да е некој кој е платен од Фелиша. А можно ли е да е некој од неговите бивши “пријатели“ од затворот? Јок, не ми се верува ни тоа Можеби да е некое од децата на домаќинките(интересно би било така да испадне). На нас останува да чекаме! Уф, ама се нервирам што следната епизода е дури на 2 јануари
Јас мислам дека е или жена му или мајка и. Линет нема шанси да е, има премногу да загуби. Не верувам дека би си го жртвувала семејството.
Да, ни јас не верувам да е Линет. Како што причитав Сузан ја напушта серијата, ваљда после оваа сезона, и за некоја други исто домаќинка пишуваше , ама не се сеќавам сега која беше...
Штоооо? Сузан и уште една домаќинка ја напуштаат серијата? Пс нема да биде интересно после Сите четири домаќинки ми одат некако во комплет, било која од нив да напушти, серијата ќе ја изгуби магијата што ја поседува.
Не знам зошто не направат едно спектакуларно финале и да ја завршат серијата. Додека е уште гледана, зашто после ќе падне гледаноста и ќе ја закашкаат работата. И што ќе биде без Сузан и уште без некоја серијава?