Се согласувам, подобро да ја завршат серијата отколку да продолжат без две домаќинки. Иако кога размислувам за крај на серијата сум тажна Многу ми е интересна, ептен се приврзав, ама ако фали некоја од домаќинките се плашам дека ќе ми се одмили серијата Затоа поарно да заврши,иако не ми е по ќеиф ни тоа.
Договорот им истекува на сите домаќинки оваа година, така да ако се држат до него оваа е последна сезона. Искрено, јас би сакала да ја завршат зашто се гледа дека немаат веќе идеи сценаристиве ...
Серијава ќе има уште најмалку две сезони сигурно, прочитајте на интернет, а што е до мене може и воопшто да не заврши
па според мене оти го растури соседството, донесе криминалци во улицата... не се мирисаа тоа се осеќаше не велам дека сум сигурна оти е она, ова го прочитав на еден друг форум и ми се виде интересно
Не можам да се сетам каде, ама мислам во нашиве весници пишуваше дека Сузан напуштала заради друг проект, каде таа е во главната улога. Ама колку може да им се верува на веснициве и интернетов, не знам Еве сите различни информации сме собрале Како и да е, без Сузан нема да е интересна, мене и на маж ми омилена домаќинка ни е
Било која од четирите домакинки (Габриел, Сузан, Линет и Бри) да ја напушти серијата, серијата веке ке го нема тој сјај, нема ништо да биде исто Иако можеби некој така викаше и за Иди а сега не ни забележува дека ја нема.... Сепак јас додека Ева Лонгорија глуми во серијата не се откажувам од неа (серијата).
Оваа серија ми е многу интересна.Сите ги сакам затоа што ми се убави на свој начин.Бри ми е вистинска дама и домаќинка се е беспрекорно кај неа,Линет ми е многу слатка фамилијарна жена,Сузан ми е многу откачена се снаоѓа во секоја ситуација,а Габи ми е посебна згодна дотерана секогаш многу ми е сексиљава.Очајните домаќинки се тоа што се ако се сите заедно.Моментално оваа серија ја прикажуваат на телевизија фокс секој ден мислам не знам точно во колку часот.
Ги обожаваааммм Не сум сигурна но, мислам дека ниту една епизода не ми е испуштена Ептен си ја сакам Бри хаха, мојот идол за готење само нешто си ја запоставува професијата во последно време Еве линк каде може да проверувате на кои дати излегуваат епизодите http://epguides.com/DesperateHousewives/
Девојки јас не можам да ја симнам последната епизода од замунда Не сака да почне да се симнува. Што ли е работа?
Можеби не е закачена... Прво го напишаат насловот после ја закачат... Јас сега проверив најновата епизода сеуште ја нема...
леле кај нас не е ни почната новата сезона,видов реклами на тв изгледа сега во 2011 ке почнуваат да ја даваат едвај чекам да ја гледам првата епизода
Несакам Бри да е пак со Орсон, добар и е овој младион дечко, сите и завидуваат, и мене ми се допаѓа, згоден е.... А нешто слушнав, оваа новата спиела со Том, немој да му го расипе бракот...