Карлос остаре, тој ми беше најсимпатичен + е без брада (обично не сакам момци со брада, но...). Том не е лош, но не е мој тип, а овие неговите портокалови синови дефинитивно не... Сега единствено на згодниот дечко на Бри се палам...
Како да го заборавиме Е тој ми беше поубав од дечкото на Бри! Габи фати си го пак за швалер и така си растревожена!
Леле тој син му на Пол навистина ми е одвратен А дечкото на Бри Спојлер чувствуваме дека кај да е ќе напушти, мораше нивнава врска да е кратка и слатка. Уште како Дејвид во Беверли Хилс , најмносу си го сакав глумецот Спојлер Ви реков јас пиштолот е на Зек
Ххахаха луди сте Ама стварно би и дошло убаво на Габи ако си го врати Џон за швалер Од Бри, искрено, не се изненадив за тоа што го направи. И порано се покажала во bitch издание. Ама мислам дека нема воопшто да му каже на Кит. Или пак можеби јас си имам пуста надеж да остане во серијата
Ах, не можам да си го редактирам претходното мислење, се извинувам за тоа што пишувам еден пост врз друг. Јас мислам дека е редно време нешто да направат со Рене, да и доведат маж или нешто слично Зошто ја доведоа Ванеса Вилијамс, да им собира прашина само, ко безврска ми е тупната во серијата
Мислам дека дојде само да се открие тајната на Том, и ми беше чудно оваа епизода кога таа ја покажа својата нежна страна... А на тенксгивинг децата јадеа во дворот Затоа што таа не поднесува деца... И нека и најдат некој зошто да не... Се сеќавате кога таа и Бри се караа за сегашниот дечко на Бри!? Но, Бри победи (и јас се радувам за тоа)...
Да, да и донесат некој мајндблоуинг, па сите да плакнеме очи Ама озбилно, серијава има недостаток од згодни мажи
Заборавив да кажам дека дечкото на Бри во приватниот живот е дечко на Меган Фокс. Спојлер Јас сеуште се двоумам кој од нив двајцата е позгоден? (Меган или Брајан)
Јас пак мислам дека Меган Фокс е поубава Ама па Брајан е неверојатно секси во серијата Инаку, за Рене, безврска ми е таков карактер како неа да нема динамичен живот... мора нешто да и направат, да и доведат некој или да направи некоја глупост И мене ме изненади што така одеднаш се разнежи по деца
Ја разрешија мистеријата за пукањето во Пол, и сега што? Се надевам дека ќе се развие нова мистерија, рано е уште за целосно разрешување...И почна да фали возбуда во серијата, некако ми е монотоно...Под итно треба нешто интересно да се случи! И ме нервира што ситуацијата со Линет, Том и Рене така брзо се разреши. Требаше да донесат пак некое ново семејство, нова мистерија, како во претходните сезони...Да се двоумиме што се случува во семејството, дали се добри или лоши, што е тоа што го кријат...А за Пол знаеме речиси се. Грешка им беше тоа што го вратија него во серијата
Кога во Очајни останувало без возбуда и нови случувања?Сигурно спремиле нето, нема сигурно до мај ништо да не се случува. Мене и вака ми е многу поинтересно кога брзо се решава едното, па може да почне друго.
Ја пратам и многу ја сакам серијава. Интересни се и поучни. Омилена ми е Габи, т.е. Ева Лонгорија си ја сакам па затоа .
Конечно им текна, од 1ва до 5та веке по сто пати ги изгледав... 3тата сезона на памет ја знам.... 6тата само еднаш сум ја гледала + без превод(добро го разбирам англискиот, но друго си е кога има превод ) ... Сега многу сум среќна што ќе се емитува... А во колку часот и кои денови?
Тие што ја гледаат 7мава сезона ќе знаат за што станува збор ЈАС СУМ РАЗОЧАРАНА ОД БРИ! Аххх многу ме нанервира. Клошарка невидена! Ова од неа не го очекував. А ја жалам Габи :/ И 3 недели пауза. аааах аман!