Паа таткоми ми спомна за селење Канда после нова година. Само тешко дека ќе ја убедиме мајками и затоа не очекувам да мрднам од земјава. А ако заминам очекувам дека ќе запознаам многу луѓе, дека ќе се дружам многу таму. Незнам зошто но мислам дека веднаш ќе се вклопам во таква средина со нови луѓе итн итн. Па ќе се запишам во училиште и супер ќе ми оди. Во случај да останеме овде очекувам повеќе успех во училиште и очекувам повеќе дружење и запознавање на нови луѓе со кои ќе се втурнам во луди авантури бидејќи ми е потребно тоа. Имам план да почнам да трчам, повеќе за да бидам физички активна а не за са ослабам. Во план ќе ми биде и учењето, мора сериозно да се фати после зимски распуст инаку ќе пропаднам. И така само планирам а дали ќе реализирам знак прашалник
Најпрво да сме живи и здрави, па да ослабам 8-9 кила до мај , да си најдам асално друштво, да завршам одлична , да си поминам најјако на екс, и да си го фатам Т , ја мислам дека е доста хахахах.
Јас и моите сакани да сме здрави и живи. (најбитно) Да магистрирам Да најдам работа Да положам за возачка.
Се надевам на вработување Се надевам на случувања на љубовен план.. па може и нешто постабилно И секако се надевам на еден убав, заслужен и релаксирачки летен одмор
Во 2016 пред се очекувам успех. Да ги положам испитите кои ми останале од претходно и повеќе да се истакнам. Факултетот на прво место. И сакам да ја најдам љубовта која ја заслужувам, која ќе ми трае до крајот на животот. Не сакам веќе забави и луѓе кои доаѓаат и си одат. Очекувам и промени, нешта кои ќе ме направат помудра, посилна, похрабра.
Си очекувам успех на секое поле! Повеќе да сум упорна и борбена а во некои ситоации и построга (мора така за некои работи инаку џабе е се!) Да си ги положам испитите да не се откажвам лесно и да пробам да се променам малце,не за другите за мене ! И очекувам дека на сите ќе ви се исполнат вашите очекувања и желби,бидејќи ви тоа го заслужувате! Среќна нова година на сите мн радост,среќа и љубов се најубаво во живото бидете весели и исполнети l:
Си пoсaкaв успех вo секoе пoле oд живoтoт и штo пoмaлку несреќни денoви, a пoвеќе сoлзи рaдoсници. Сaкaм дa зaпoзнaaм нoви луѓе и нoви пријaтелствa, a стaрите дa си oстaнaт тaму кaде штo се. Имaм желбa и дa зaминaм зa Америкa нa четири месеци, дa дaдaм мaксимум oд себе. И сaкaм дa пoчнaм веќе вo теретaнa дa идaм зa дa нaбијaм мaлку мускули. Никaкo дa се нaкaнaм. Тoa е тoa. Нa вaс ви пoсaкувaм се нaјубaвo вo нoвaтa гoдинa и бидете живи и здрaви.
Мислам дека се изразив и во друга тема, но немам високи очекувања, имам просечни и доволни. Го сакам она основното - да задржам се што ми е драго, значи семејството, љубовта, пријателите, здравјето. Накратко, да ми биди тука среќата. Тие ми се среќата. Меѓудругото, без план нигде не се оди. Планирам да го продолжам факултетот вонредно и во меѓу време да работам зошто сега се чувствувам како да ја безделничам оваа година. Исто така планирам да одам на летно камување низ Македонија, ако не оваа година, следната сигурно.
Баш си ги читам очекувањата што сум ги напишала за оваа година и не можам да се пожалам. Се си е на место. А што се однесува до очекувањата и плановите во 2017, тоа се следните: да ги положам сите испити бидејќи веќе треба да завршам т.е. дипломирам, да бидам попродуктивна и да не трошам време на глупости туку да си го организирам, да се впуштам во нови искуства, да бидам посигурна во себе, да помагам колку можам повеќе и да разубавам нечиј живот. Доволно.
До лани правев милион планови и имав милион очекувања и нормално многу разочарувања кога не се исполнуваа.. За 2017 освен здравјето да го доведам во ред друго ништо не сакам и не планирам, како што е пишано, така нека биде
Имаше една ваква слична тема, каде што пишав лани. Обично не правам однапред планови, ама во 2017 планирам да си купам гитара и да се запишам на курс. Се надевам дека ќе си го остварам овој план.
Имам неколку планови,кои се надевам дека ќе се остварат,и дека нема судбината да ми подготви овојпат никакви теории на заговор 1. Да најдам работа која ќе ме исполнува според сите критериуми што ги барам. 2. Да запознаам некоја погодна личност,која ќе биде соодветна за градење на врска,а после и брак и се така да бидне набрзина,оти ако се мислам многу нема да се одлучам на голем чекор 3.Да ослабам,дефинитивно да си го дефинирам телово еднаш засекогаш Желби имам многу,една од нив е,моето семејство и блиските да се здрави и живи,и светот да стане подобро место за живот,за сите...
Планови и очекувања оваа година немам никакви. Изминативе години ме научија дека ништо не иде по наш план, дека ништо не се одвива онака ние како што сме замислиле и во тоа време ние кое сме си замислиле дека треба да се оствари. Коцките сами се редат кога-тогаш и се си доаѓа на свое место, кај некого порано кај некој покасно. Изминатава година беше убава за мене, имаше доста дружби, весели моменти, шетања надвор од границиве на државичката ни, нова работа со нови луѓе и повисоки примања од предходно. Здравјето горе доле добро ме служеше а и општото расположение. За жал сеуште сум дел од тимот 30 и сингл па ете во Новата Година се надевам дека единствено тоа ќе се промени па животот ќе ми се исполни со уште една посебна личност. Но ете и да не се деси тоа живот тече даље, има следна година за се. Животот е убав па се надевам дека и нареднава година ќе го живеам среќно и исполнето без притоа да дозволам да ме депримираат работите кои немам наместо да се радувам на она што го имам.
Секоја година, традиционално, си ги читам плановите и очекувањата од претходната година и гледам колку од нив се исполниле. Од ланскиот список, најважните работи за мене, се исполнија, иако некои сосема неочекувано. За годинава која следува немам многу планови. Знам дека никогаш не испаѓа се по план и многу работи не зависат од нас, но човек мора да си има некаква замисла за тоа што би требало да промени и што да направи. Во новава во план ми е само свадба и нова работа, иако второво не е задолжително. А желби премногу...но пред се, би сакала бебе и здравје за сите. Тоа ми е најбитно и тоа е она што го повторувам секоја година кога го пишувам постот со желби и планови. Посакувам здравје за моите и сите најмили. Посакувам работа за сестра ми и успех во студентските денови на помалата сестра. Посакувам вереникот да си ја работи работата која ја сака. Посакувам да се здебелам (секоја година иста песна)
Планови за наредната година т.е. работи кои зависат од мене и ги сметам за almost done - магистрирање и вработување, а и ако испадне по обратен редослед, немам против. Очекувања т.е. работи кои баш и не зависат од мене - да ми се врати љубовта, не само во градот, туку и на мене. Останатото... Нека си остане status quo!
Очекувања... Да сме здрави, живи очекувам. И среќни колку што се може. А од планови.. Да магистрирам, Да положам CAE, Да аплицирам за мастер во Словенија, (да се надевам дека ќе ме примат) Да си го земам Марли до крајот на годината во Словенија со мене. Да работам уште повеќе онлајн за да можам да ги остварам претходните. Да решам што ќе правиме со дечко ми......
Хууии... 1. Да ја завршам книгата и да имам промоција на истата 2. Да ги исчистам испитите 3. Да идеме на некое јако патување со дечко ми