Да се омажам за некој богат стар дедо, па кога ќе е почине сите пари да ми ги остаи, и да купам 10 станови и да ги издавам под кирија, и со парите да си ја прчам низ светов, и да си бркам згодни мачиња.
Кој и да ја направил темава, бил инспириран од Френдс. Исто ко и таму, сите влегуваме во новата година со некои одлуки кои што обично малку траат, брзо ги забораваме. Големи планови не кројам, само решив оваа година конечно да ги исфрлам овие 5 вишок килограми кои ми бодат очи, и да живеам и да се хранам здраво. Повеќе спорт и активност.
За врвна резолуција, макар и Новогодишна, потребна е силна графичка картичка (моментална цена 1200$): и силен монитор (околу 1700$):
Епа тоа и стои зад моето мислење да најдам девојка, го мислам баш на вистинската. Затоа што ако сакав да бидам во врска колку само да бидам веќе можев да го направам тоа. Али сепак фала на реплицирање за да си го дообјаснам тоа
1. Да имам сила да пребродам се и секој што ќе проба да застане против мене. 2. Да научам да простувам, т.е. да заборавам ако некој ми згреши. 3. Да ми падне во раце една личност и да и покажам каде и е местото. 4. Да има повеќе дружење и обврски. 5. Да имам повеќе време за него
Во 2019 очекувам многу. Пресврти, успеси и преубави моменти за паметење. Морам да се потрудам да го извлечам најдоброто.
во новата година очекувам здравје најмногу. Работа и пари имаме фала му на бога ама здравје најмногу ми треба. Помалку нервози и стресови повеќе среќа љубов и positive vibes. И проширување на семејството
Во 2019 очекувам многу патувања и многу нови почетоци. И затворање на едно доста глупо поглавје во мојот живот.
Во Новата година посакувам пред се здравје и љубов во неограничени количини за мене и за сите луѓе ширум светот. Она што го очекувам е многу поуспешна година од претходно. Оваа 2019 година сакам да ми биде подобра од сите досегашни студиски години. Убави резултати, десетки, нови знаења, нови прилики, нови пријателства, патувања, среќни моменти, веселби итн.
Очекувам подобрување на психата Очекувам конечно да ми се насмевне среќата и љубовта,и дефинитивно подобро здравје
Очекувам официјално јавување на вонземските видови од Антартикот. Асимилација на нова хибридна раса. Да се колонизираме на Марс или Глиса. Толку.
Ај да не бидеме деца и бидеме реални. Се зависи од нас, годината е само бројка и ништо не носи со себе џабе ви е што и да очекувате ако тоа го правите со скрстени раце.