Најпрво сите мои најблиски да се живи и здрави, да си најдам подобра работа и плановите со дм да ни се остварат.
Имам многу амбициозен план - да престанам да јадам, а кога не јадам, да мислам на благо. Озбилно, нема смисла веќе.
Да ослабам, да си најдам стан, да си најдам муж, да зеам аусвајс, да идам на курс за германски. А, и за прв пут да идам на одмор на море, по можност у Кроација.
Очекувам 2019-та да е толку добра, за да направи да се смејам на сите срања кои ми се издешаваа годинава.
во 12.оо на 31.12 очекувам да се додаде една бројка на претходната година. Ништо повеќе. Чист психички минимализам.
Посакувам да престанам да се замарам и за што треба и за што не треба. Да почнам да живеам на начин што ќе ме исполнува. Да почнам да си го барам она што го заслужувам. Да си станам самата на себе приоритет, пред сите други. Да ги гледам моите почесто насмеани и среќни, аnd that`s enough! Скромноќа сум... Be nice to me 2019!
Општо резолуции за 2019: -да качам на маса -да се стегнам малку Ова од возможните работи кои се во моја ,,моќ” Друго: моите да се живи, здрави и среќни. А за Нова Година како вечер немам никакви очекувања.Никогаш не сум имала кузнае каква еуфорија освен првиот пат кога славев со друштво.Секоја година истото, алкохол, музика, Стремам да бидам sober како лани.Не сакам пак мортус пијана моите да ме зимаат жив срам е тоа
Да ослабам. Да се вработам. Да најдам партнер кој ќе ми е по ќеф, а и јас него Семејството да ми биде на број. Психата да продолжи да ме служи добро
1. Сакам да ја исчистам цела година на факс. 2. Помалку да се нервирам. 3. Повеќе патувања. 4. Повеќе да обрнам внимание на здравјето.
1. Дипломирање 2. Вработување 3. Да ослабам и да бидам фит 4. Да положам за кола 5. Да не се нервирам и да не си ставам сè на срце
1.Да сме здрави и живи сите дома 2.Тетоважа 3.Да полагам за кола 4.Да се запишам на факултетот што го сакам 5.Да продолжам да бидам своја 6. Да запознаам добри луѓе Ова за 2020
1. Да ја земам конечно таа возачка 2. Да ослабам т.е да си се вратам на здравиот живот 3. Да ги положам сите 15 испити 4. За септемвриска сесија да немам ниеден испит или 2 максимум за да можам на раат да одморам 5. Да успеам да земам стипендија у 2ра 6. Да можам да возам лагано и без придружба до мене
Јас пишав во ќошето дека генерално сум против поставување на строги цели баш од почетокот на годината (или месецот, или понеделник), зашто луѓето почнуваат многу мотивирани и после тоа како да се забораваат, со одминувањето на годината. Подобро мали, но константни промени. И најважно, не мора да е на почеток на годината туку кога ќе почувствува човек дека дошло време. Следниве неколку цели/желби си ги имам веќе подолго време и работам на нив уште од 2019, на некои и повеќе. Се надевам во 2020 да се oстварат целосно: 1. Да се ослободам од анксиозноста (секојдневна, долга борба е) 2. Да успеам да се поправам неколку килограми 3. Да си ја задржам врската цврста како што е сега, секако и да ја зацврстиме уште повеќе 4. Да го достигнам следниот степен во моето образование 5. Да се ослободам од потребата за постојано планирање и ригидност, да бидам пофлексибилна во секој аспект на животов. 6. Да си дозволам летен одмор на некое малку подалечно, поегзотично место 7. Да ја завршам збирката поезија и можеби и да ја објавам
Почетокот на годината е убав период кога ги анализираме успесите од претходната година, и секако ги поставуваме целите и плановите за новата година. Оваа година, покрај желбите за здравје, среќа и успех на целото семејство, посакувам да ми се остварат и следните работи: 1. Да ја добијам посакуваната работа; 2. Да си најдам партнер; 3. Да си купам автомобил.
Оваа година ептен скромна сум. На листата стои само ново, подобро работно место. И уште да го надминам ова што во моментов и два месеци уназад ме мачи. Толку.