Колку што можам и колку што разбирам да и се покорам на Божјата волја. Може и не знам да го сречам во реченица, ама досега освен нервози, друго фајде не видов од онаа претерана желба да го контролирам животот. Едноставно нека Бог ме води, а јас да успеам да се покорам на тоа. И онака што и да бидне е за мое добро. Многу работи за кои сум молела ми биле подарени за да се уверам и на крај да сфатам дека јас уствари не знам што сакам и што е најдобро за мене. Други желби немам
Да се запишам на посакуваниот факултет, да се навикнам на новите промени, да си останеме со дечко ми во врска и да сум среќна.
Да го положам најдосадниот испит што ми ја извади душата. Да ослабам 10-15 килограми. Да стекнам повеќе самодоверба за себе, се надевам после долги години ќе успеам повторно да облечам фустан, шорц и да не умирам во долги панталони цело лето зошто се срамам од себеси. Да го сакам тоа што го гледам во огледало. Да не бидам толку наивна, да не се окривувам за се јас, да ги оправдувам луѓето дека ме напуштиле зошто сум досадна, депресивна итн. Да ги отстранам сите токсични луѓе од животот иако можеби ќе останам и целосно сама. Да не се трудам да одржувам контакти со луѓе на кои не им е грижа за мене. Да гледам повеќе за своето добро и за себе, да бидам посебична за да мене ми е подобро.
На прво размислување - само здравје и среќа, ама ако одам подетално, би сакал да ослабнам, да си го потсредам животот и да ги исполнам фалинките кои ги имам. Да бидам поцврст карактерно, да не се давам лесно и да не се раздавам со чувства и емоции на секого. Да не им верувам на сите и на сите да можам без подоцнежно каење да им кажам сѐ што сакам во лице, да не му ја мислам кој што ќе помисли и рече. Но, сѐ ова ми изгледа прекомплицирано. Ако треба - нека се случи. Значи, пак на почетокот ќе се вратам: здравје и среќа, толку.
Јас и мајка ми да бидеме здрави и живи. Да го завршам мастерот со убав просек, да се надоградувам и усовршувам во тоа поле, и да најдам работно место по струка. Би сакала и сопствен бизнис поврзан со истото, ама тоа сигурно нема да биде во 2024 така што оставаме за некоја друга година. Сакам да намалам со прокрастинацијата, да си ги извршувам обврските на време, да бидам поотворена за луѓе и пријатели, да запознаам личности сродни на мене со кои добро ќе се согласувам. Да отидам барем на неколку месеци надвор од Скопјево, на почист воздух и покрај езеро. Сите луѓе и нешта што не се за мене да си заминат од мојот живот. Минатото да си остане минато, и само да се движам кон иднината, со поголеми аспирации, поголема волја, сила и издржливост. Ако не биде ништо од ова, барем сакам да бидам само здрава и среќна. Ќе дојдам тука пак на 25 декември, 2024 да видам што сум направила.
Во план ми е уште помалце да користам социјални мрежи, поготово да баталам споделување ствари. Во глобала ќе се потрудам што е можно помалце да користам мобилен. Планирам (да пробам) да живеам као во '90тите. Да праам повеќе активности за кои не ми треба нет. Повеќе книги да прочитам. Може да пробам да научам да работам со глина, како што одамна сакам. Повеќе активности надвор, поготово пролет и лето. Пред сè, планирам повеќе да и' се посветам на ќерка ми. Сè што смислив за мене, можам да го правам и со неа, да и' покажам нови нешта, да ја подучам. Планирам најлабаво што можам да живеам, без да знам други што прават и без да споделувам што јас правам. Да се фокусирам на себе и семејството, на создавање повеќе спомени во поминување време заедно, целосно посветени.
Па, ништо посебно и големо за годинава не планирам, само да бидам здрава, среќна и исполнета во животот. Ако одам подетално, еве може 2024 да бидам некој килограм послаба, со што повеќе положени предмети на факултет, помалку поминати часови на интернет, повеќе купени карти за патување и да имам многу убави моменти за паметење.
Да чувствувам исполнетост и среќа што и да правам. Преголеми очекувања и желби немам. Само сакам да сум на добро место.
Се што немав храброст да направам а сакав, посакувам годината што следи да си го исполнам. Здравје за сите мои сакани се подразбира…