Пред се да сме здрави и на број после да реализирам една замисла поврзана со бизнисот и малку повеќе храброст да пробам да си остварам една моја долго посакувана желба.
Повеќе шетање, Повеќе книги, Моите најблиски да се живи и здрави, Самодоверба во поголеми количини,исто и хармонија...
Дечки имате ли некои посебни цели зацртани за 2025 година? Моите се да поставувам подобри граници, да читам повеќе книги и да не се напијам алкохол во 2025. Кои се вашите? P.S: ако има ваква тема бришете, не видов.
Моите цели се: -уште повеќе да патувам -да се запознаам со нови луѓе -да истерам два одмори (како претходните неколку одмори) И тоа...
Годинава ќе биде зачетокот на едно ново семејство и нови почетоци. Ќе има големи и сериозни промени. Кога ли пораснавме.
Да читам уште повеќе книги од лани (сега за сега за Јануари 7 книги прочитани), да си ги остварам планираните патувања, да сме сите на куп живи и здрави и потенцијално покачување на плата
-Да прочитам 30 книги оваа година -Да почнам да вежбам 3 пати неделно -Прв пат да истрчам трка од 5км -Да намалам 12 кг -Да запишам мастер во септември
Имам доста планови за 2026та само здравје да ми даде господ. Очекувам да не претрпам повеќе загуби и да ми се наредат коцките веќе еднаш.
Во 2026 година желба ми е да ги исполнам плановите шо ги имам уште од 2016. И да, конечно да почнам диета за мадафакинг аст/алт да се нормализираат.
Во 2026 планирам и сакам -Да трчам 6 пати неделно ( ова го правев често и оваа год) -Да ги истрчам сите полу маратони во Мк. -Да намалам уште 5 кила -Да сум здрав и жив - Да имам мир и спокој, оваа 2025 беше ужас. -Сите луѓе кој ми значат да ми се здрави и живи. -Да го трчам Београдски Маратон, затоа што има посебно значење во животов. -Да има само љубов во мене -Да бидам со онаа личност, која ми се појави кога најмалце очекував во животот, за која мислам 24/7. Доволно за 2026
- 1,5 литри вода најмалку у ден (ова го можам) - пешачење барем 3 денови во неделата, имам и орбитрек, кој е вкупно користен 10 пати, што е тажно - почеток на ден со овошје (ова исто го практикувам) - намалување на пиво и цигари (цигарите без проблем можам да ги оставам, забава без пиво - многу тешко) - да го држам ОКП-то под контрола - да излезам од комфорната зона кога е работа во прашање - многу секс (ова е најневозможно, пошто сум од Македонија) А од желби, да ми се сите најсакани на број. И сите што ме нервираат да завршат у затвор (годинава еден ја доживеа оваа судбина).
Животот знае да се покаже како маќеа, па подобро да не се планира однапред. А, од очекувања само да ја дочекам жива и надежно да ми го дадат најпотребниот документ.