Значи вака оригиналка баш денес видов во гтц во оптиките накај жена парк што гледаат, може има и на други места ама овие беа изнаредени на излог. Иначе во Шатце во Бисер се 400 и во ГТЦ ги во парфимеријата на почетокот кај скалите кај спицикото има се 300и нешто. иииииии на бит пазар истите 200 денари Така да трк на пазарче девојки 2 пара од истите ќе си земете
Jaс па ситно, мало, лице Никакви не ми одговараат а баш ги сакам тие огромните ааааа ама нема, најубави се ray ban според мене Иии да не знае некој каде можам да си најдам они нердски очила ама без диоптер со проѕирно стакло?
И мене ми е многу ситно а баш си имав мерак за големи очила,ама ништо морав пак да купам помали ама добри се...инаку и јас се загреав за реј бан и бев решена да ги купам ама разбарв дека на битпазар имало фалсификати по 200ден па баталив,требаше да дадм 8900 па после да ги видам по 200-иако неоригинал,па земав ајсберг 7000ден и ок се...инаку за нердските очила ги има во секоја оптика,баш сега кога барав очила ги приметив изгледа хит се....лично мене не ми се допаѓаат гледам секое второ девојче ги носи,ама ти си знаеш најубаво
Маца, немој така против хипстерите. Мене ми се стемни кога купував очила со диоптер и девојката ми подаде такви. Добро ми стоеја, најдобро од сите кои воопшто ги имав пробано, јак шизик бев, али ќе бев како штанцана со големиот број останати скопјани.
Леле немојте со тие нердски очила ич не ми се допаќаат у автобус сите основци и средношколци ги глеам ги носат,без разлика дали им стојат или не мој совет-не следете ја слепо модата по секоја цена
Се напнав ! Носам вакви очила, од пред 8-9 месеци, со диоптер ми се, ми беше мерак, ми одговараат на стилот и си купив. Значи пред 8-9 месеци абе како кретен ме гледаа, особено постарите.... Не дека јас главна шема бев низ градов, ама во тоа време ретко кој носеше вакви очила. Во почетокот, па непријатно ми беше, ме гледаа и шуш буш, особено на свирка, средношколци ! Многу јасно дека попреку ме гледаа зашто не носам циркони и цветчичи во коса... Се навикнав после 2-3 месеци и не ми беше гајле ако ме гледале попреку или се кикотеле. Они мене попреку, јас на нив им се насмевнував и им мавтав Другаркиве ми велеа дека некој ден ќе си дојдам дома со скршени и очила и нос А сега да ве прашам дијамантици мои (не зборам за никој од овде конкретно, за фуфиците ми беше муабетов) , не ви се смешни и чудни цвикериве! Свашта! Значи мразам кога имам нешто, а тоа нешто го има и 70% од градов Да не бидам офф, во потрага сум по вакви
Госип кога ќе ги најдеш жити се купи и за мене едни па ќе се раздужиме некако. Да се надоврзам на својот претходен коментар, таквите очила и мене ми се допаѓаат, односно и јас за гревота пред 1 година сакав да купам такви, ама без диоптер. Само проѕирно стакло. Фала богу не сум купила, сега ќе бев една од многуте.
Јас па цел живот патам по убави авиаторки, ама нејќе бе луѓе нема наочара која одговара на мојава фаца, освен овие кои ги носам со диоптер секој ден.
е јас го кркам сега, сум една од многуте ама пуста ќоравост, морам да ги носам инаку ќе си утнам автобус Кога ги купив лани овие :geek: нердниве, што многу јасно се копија на реј бан (причина зошто не се оригинал: 6800 само рамки+стакла+заштити=9000, што е скапо, скапо е за мојов стандард) поентава ми беше да кажам дека лани имаше вакви како овие погоре што сега ги сакам, ама тогаш ми беа грди Форготен, имаш авиаторки со помала и поголема рамка, баш на Бит пазар видов. Провери, може ќе најдеш.
^^ Не сум од Скопје а и патот не ме води натаму освен ако некогаш не се договоримо со другарките бидејќи имам 15, сепак фала.
Вчера си се почестив со реј бан си ги купив од диоптра беа 8600 ама со некојси 10посто попуст 8100,и сега многу сум среќна едвај чекам пусто сонце eве ги
ако може да ми каже некој каде да си купам вакви очила: http://www.sunglassesbestprices.com/wp- ... lasses.jpg немора да бидат реј бан
Реј Бан оригинал имаш во секоја оптика, Диоптра за пример. Ако мислиш на вакви без диоптер а евтини, доколку си од Скопје во ГТЦ, кај Шатци меѓутоа не тоа што гледа кон Жена парк, туку Шатци што е кај One, VIP, T-mobile, таа патека, има продавничка една, изложени се очилата надвор.