Да реј бан оригинал во секоја има,но цените секаде им се различни некаде дури за 1000поскапи ист модел мој предлог ти е прво убаво да рашеташ и да видиш за цената па потоа одлучи
мене лицето ми е малечко (ко јагода таква форма) а носот ми е голем и неможам да си најдам очила убавии а сакам оваквии реј бен
Обожавам очила за сонце. Сакам вакви Tom Ford Alessandra Oversized Sunglasses in black како на Кim Кardashian.
здраво и од мене.. знаци, сакам да ве замолам за совет. не знам каква форма на оцила да си купам, а ако згресам па срам ми е да не ми се смеат па затоа... имам не мн долгнавесто, малкуцка коцкесто, слабо лице, крупен нос крупни оци, убави јаболцници и мало усте. ај ве молам, цекав совети сто побрзо зс оцила ств ми се потребни, ослепев на сонцево a da i bel ten iam, ne znam dali e vazno toa
ТРКАЛЕЗНО ЛИЦЕ Кај тркалезно и малку полничко лице широчината и должината се еднакви, па во тој случај треба да се одбере форма која визуелно ќе го издолжи лицето. Ако имате ваков облик на лице одбегнувајте тркалезни очила. Подобро е ако одберете некоја квадратна форма. ОВАЛНО ЛИЦЕ Овалната форма ја красат истакнати јаболкца и брада која е незначително потесна од челото. Ова е форма на која и прилегаат речиси сите модели на очила и сите стилови. Сепак, благо квадратни рамки со заоблени рабови најчесто изгледаат најдобро на ваквото лице. КВАДРАТНО ЛИЦЕ Ваквите лица имаат изразен долен дел од вилицата и широко чело. Бидејќи ширината и должината на лицето се еднакви, ви требаат рамки кои ќе ги омекнат и ублажат цртите на лицето, на пример кружни или овални. Најдобар избор се големи тркалезни очила со темни стакла какви што носела Џеки Оназис. СРЦЕВИДНО ЛИЦЕ Најважното при избор на очила во овој случај е да се постигне рамнотежа помеѓу широкото чело и тесната брада. Обидете се со очила чии рамки имаат интересни детали за вниманието да го насочат кон пределот на очите. Погодни се и помали очила, без големи рамки и со посветла боја. Одговараат издолжени форми како авијатичарските очила. ДОЛГНАВЕСТО ЛИЦЕ Долгнавестото лице е подолго одошто пошироко. Вилицата е обично најтесниот дел кај ваквата форма на лице, па затоа треба да се внимава околу изборот на очила и да се одберат такви кои визуелно ќе го скратат лицето. Тркалезните и квадратните рамки дефинитивно се најдобриот избор! http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 1%86%D0%B5
Може малце надвор од контекст,ама си седам денес на кафенце на ул.македонија,и приметив дека секој втор носи оригинал наочари или реј бан или полис -претежно....и после сме немале парички Јас сега купив оригинал и после којзнае кога
Ја имам обични али ги носам и Реј Банките на мајка ми ги купи 10.500 така нешто ама ептен се јаки оригинал Инаку кога би давала пари за оригинал би отишла пак во Италија и би си купила оригинал од таму голем избор има
не купувам скапи очила за сонце од проста причина дека ќе ги искршам или свиткам, заборавам..хахах не пазам многу многу на очилата и затоа секое лето си купувам од зелено пазарче по 250ден...има доста избор и ми ги фалат другаркиве ... сеа пред месец и пол си купив очила и изгледа пак ќе треба да купувам зашо ми се раширија, се чукнавме со другарка по глава
И јас обожавам очила за сонце имам и од Terranova Скпоје а последно си купив од New Yorker СК и најдов баш онакви какви што сакав А имам и од реј бан и навистина и тие се прекрасни